Видов дека нема тема за оваа серија, па решив да отворам со цел да подискутираме за тоа како ви се допаѓа. Мене лично ептен ме бендисува заради тоа што не е некоја типична и веќе видена приказна, има доста смешни моменти, а Бога ми и цитати за паметење. Па ајде девојки, да видам како вам ви се допаѓа...?! П.С. Се извинувам што не знам превод на македонски јазик, некако глупаво ми беше да напишам Калифорнизација..
Californication Ја гледам и јас и го обожавам Хенк Муди и најчинот на кој успее да зезне се Kако што кажа не е некоја типична драма или комедија, си има и од двете и баш ми е онака реална, за наши простори не, ама во тие високи кругови баш како што е прикажано таму - да. Најмногу ми се допаѓаат дијалозите и целата глума, се ми е некако спонтано, не се осеќам ко да гледам серија и глумици, туку ептен онака баш природно. Само Бека ми некако исфорсирана, незнам девојчето кое е и дали има некој талент, ама ако има тогаш во серијава не го покажува, многу лошо ми глуми, дури антипатично, а ликот ко лик е баш симпатичен и сметам дека не го доловува ко шо треба Едвај чекам 7ма епизода да видам шо ќе се деси со филмот и главната глумица, која треба да ја глуми Миа
Californication Хенк Муди е закон а Калифорникејшн е устав! Уште од првата епизода ми беше јасно, дека ќе ми се допадне серискиов. Препредени и премислени дијалози, одличен кастинг, уште подобар хумор. Баш онаков, за моја душа А и мислам дека многу реално го отсликува животот во ЛА, барем според она што имам слушнато од луѓе кои живееле таму. Едноставно што и да кажам повеќе е излишно. Ми се допаѓаат сите, но секако дека Дејвид ја носи круната - барем лично за мене. А оваа негова реплика од еден разговор со Бил, баш би сакала некогаш да ја употребам за непожелни личности Well, you should have called. I wouldn't have answered, but you could've left a message, which I would have quickly erased. А реплики од него за паметење - еден куп! Сеуште ја памтам првата епизода и неговиот разговор со сестрата во црква - I'm just having a conversation with this husband of yours
Californication јас па во првата сезона баш си ја сакав Бека Новава сезона не ми епочната, т.е. ја почнав првата епизода, ама решив да почекам да ми се насоберат повеќе
Californication Ја сакам серијава. Случајно ја начекав пред некое време и ја загледав, па морам да кажам дека навистина ми се допаѓа. Не мислев дека вакво нешто може да излезе од перата на американските сценаристи, ама секоја чест за идејата. Мислам дека е малку пореална од повеќето слични серии, и поверно прикажува некои животни вистини. Дејвид Духовни никогаш не сум го сакала... што знам, не ми е некој актер. Ама во серијава се покажа и не би можела да замислам некој друг да го толкува ликот на Хенк. Ама за жал, не сум ги изгледала онака сите епизоди досега излезени од прва до последна, бидејќи немам таква навика. А допрва да се навикнувам, тешко. Но како и да е, епизода не пропуштам кога ќе начекам било каде
Californication Првпат слушам за серијава. А кај ја гледате? Ја даваат на некоја наша телевизија или на кабловска? Или пак на интернет ја гледате? Ме заинтересиравте... Едит: Ја најдов на cucirca.com. До 4-та сезона стигнале, а јас не сум слушнала за серијата?
Californication На ТВ ја немам начекано, јас ги симнав сите сезони од интернет. Симни ја, нема да зажалиш Јас се навлеков ко на дрога, сега не можам да дочекам да излезе следнава епизода. А Хенк Муди е ммммммммммммммммммм....pure sex!! Спојлер Многу ми е јебозовен Башка и улогава е скроена ко за него, не се ни приметува дека всушност глуми, се' е некако природно... Ма сите ги сакам бре, и ќелавиот Чарли и неговата нашмркана штрумфета и Карен, и Бека ја сакам, добра улога има ама ми е некако премногу здрвена, како кип ми е. Се' на се', еден од најдобрите сериски филмови кои сум ги гледала П.С. Ги обожавам кондурите на Хенк Муди
Закон е серијава Загледав неколку епизоди летоска, па решив дека ми е доста од серии и си реков подобро да престанам. После пак почнав да ги гледам серии, а оваа не ја продолжив Ама може тоа да се исправи, нели?
Гледај го во X Files, да видиш таму колу е "јебозовен" Доказ дека се палиме на bad boys Јас пак како ми се погоди периодот само што ја игледав X Files, и ја почнав Калифорникејшн....ко друга личност да гледам. Секоја чест за Дејвид, стварно максимално ја долови улогата. А Бека и јас ја сакав коа беше малечка во првата епизода, ама сега не Мене најјака фаца ми е Марси, и дијалозите нејзини со Чарли, откачена е максимално, закон!
Веројатно дека се пронаоѓам во делови од серијава(ако не и во цела),па ја засакав,а истовремено Буковски ми е фраер и пол,а серијава несомнено е инспирирана од неговите книги. Хенк е еден од попровокативните ликови кои сум ги видела по серии и филмови,а Марси ми е тип на лик кој би го сакала во секојдневието.Чарли ми е срцко,емотивен тип кој увек го јаде,ама баш ми се ортаци со Хенк,Бека ми е тотално промашен лик,особено малото кое ја глуми (мислам толку грдо дете од прилично убави родители не може да се роди),а Карен...не можам да ја коментирам. Сума сумарум,ги изгледав сите сезони,сега си ги чекам новите како си излегуваат,до душа,ги чекам две,по две да си ги гледам,првите две ги изгледав,утре ми е денот за вторите две,а дечко ми е у тек,па само се издава и јаде ќотек! Патем имам цел фајл со квоутс и дијалози од серијава.Опуштена,провокативна,секси и реална.
Дејвид Духовни е ненормално згоден и секси и привлечен маж, ненормално! Многу ја сакам серијава, и скоро сите ликови ми се омилени. Особено Чарли, уште од Сексот и градот си го засакав пошо на Шарлот после сите маки и пружи конечно се што заслужува. Плус, во серијава со Хенк имаат неверојатна другарска хемија, ко да се од деца во приватен живот први другари. Сцените кај шо седат сите на маса и јадат и муабетат ми се преубави. Марси е трагикомедии, луда е жената буквално, али прејака ми е. И навивам за Карен и Хенк да се заедно.
Многу ми падна жал за Ханк,и стварно керка му е чудо од грдотија а тие толку се убај шо не е возможно,можеа да најдат некоја посимпатична барем
Имало и 6 та сезона Како вака да не знам Јас мислев толку заврши серијата . Ајде машала 4 епизоди на раат ќе ги гледам
Сега ја довршив и 5-та епизода. Ми имаше некој шарм серијава, но ја посраа веќе. Ќе кажев дека ја ретардираа ептен, ама отсекогаш била таква. Бришам од листа.