Ми се допаѓа идејата, му требаше нешто вакво на Аеродром. Бисер мене ми е крш реално. Читам ќе имало современ фитнес центар, ајде може ќе одам таму ако е добро. Инаку пишува ќе имало неколку продавници со реномирани интернационални модни брендови кои за прв пат доаѓаат на македонскиот пазар, да не слушнал некој муабети за кои брендови станува збор, ептен ме интересира. Па и ви-фи ќе има во целиот комплекс, супер ако е така. Како што не го љубам Сити Мол, овде почесто би одела.
Сигурно ќе биде нешто убаво. Само се надевам дека нема да бидат истите брендови... Jас би сакала да има Starbucks, Pimkey, Sephora, KFC....
Денес поминував баш роба кога истовараа за некоја продавница... Леле ужас! Носеа гардероба во стари кутии од Beko техника (изгледа од телевизори). Морав да застанам да поминат со кутијата, па ѕирнав внатре Турска роба, ама квалитет... како да опишам... како Шутка во најоптимистична варијанта. Имаше некои детски џемперчиња, од километар се гледа некој лош квалитет, синтетика и некоја шара неубава... Не знам за која продавница беа, брендот не ми беше познат воопшто, само што беше турски. И многу ме разочараа. Толкав трговски, толку најавуван, за такво ѓубре?! Значи, не е ни како од пазар, повеќе е како оние што продаваат на картони пред пазар. Се надевам дека ова ќе биде некој исклучок, ама многу потценувачки ми делува кон купувачите. Работава- и ѓубре ќе купуваат затоа што е нов трговскиов. Не верувам дека во друга земја да отвараат ваков трговски такво ѓубре ќе донесе некој. Инаку, се работи многу, гледам опремуваат продавници, садат дрвца, редат плочки надвор, би требало да стигне до 12-ти. Ама освен Рамстор, T-Mobile и B-Watch, друг бренд не видов, нема ставено.
Изгледа си грешка турската роба никогаш не била ѓубре и нема да биде затоа што турската облека секогаш е квалитетна и поскапа,а ѓубре е кинеската односно грчката (затоа што претежно ја носат од Грција затоа така ја викаат) и тоа ѓубре што ја следи модата затоа што викаат дека Кинезите тоа што излегувало за наредната сезона во мода (мислам на бои,дезени и остале ствари) одма почнувале да го шијат,а додека Турците во тој поглед се една сезона поназад за жал.
Изгледа ти си грешка... и патем, има секаков вид и квалитет турска роба. А прилично сум писмена и знам да читам... Така што Секако, ти можеш да веруваш што сакаш, јас си знам што видов.
Никаде во мојот пост не пишав за тоа дали си писмена или не и жал ми е што на таков начин си го сватила моето објаснување.........позз.
Дали мене така ми личи или само пензионери гледам Слушнав дека ќе нема кино. А Старбакс? Пак ќе нема..? Па нели ќе имашееееееее... Продавници< Еве кој сака нека види што ќе има.. Иначе од странава ми се гледа дека нема да биде нешто посебно.
Paris Hilton shoes баш ќе отидам после да ги погледнам цените! ЕДИТ: ги најдов на нет и моделите и цените ама мене не ми се ништо посебно, се е веќе видено. http://www.heels.com/shoe-brand/paris-hilton-shoes
Во 12 требаше да го отворат, ама уште не пуштаат да се влезе... Чекаат некој да сече лента? Или државниов врв пак доцни, ама не отстапува од желбата за сликање, макар и пред трговски . Инаку, не гледам на сајтов дека ќе има било што интересно. За Рамстор и не мораа толку да се мачат, ете го има подолу во Н. Лисиче.
Мене најмногу ми се допаѓа што ќе има Котон и ДМ. Често пазарам и на двете места, ќе ми биде од корист да ги имам во близина