После сити мол и ново изненадување отварање на нов трговски центар во скопје во Аеродром каде што се најави бутици на многу познати марки како од странскиот така и од домашниот пазар. Па тука може да споделуваме новости , промооции и сл што ке се случуваат во КАПИТОЛ МОЛ Нов трговски и резеденцијален објект, кој има 62 локала, модерни бутици од познати брендови, ресторан и фаст фуд дел, огромна детска игротека, куглана и места за забава, отворен е во четвртокот во скопската населба Аеродром. Трговскиот центар „Капитол мол и резиденс“,се простира на 33.500 метри квадратни, а инвестицијата вредна 30 милиони евра е на домашната компанија Сити Плаза ДОО Скопје. „Драго ми е што имам можност да присуствувам на свеченото отворањето на уште еден прекрасен трговски центар во Скопје. Главниот град уште еднаш покажува дека расте во духот на познатите европски метрополи, во кои е чест и престиж да работат повеќе светски брендови и многу успешни компании“рече премиерот Никола Груевски. „Од идеја на хартија, за само 18 месеци направиме објект со повеќе намена и разновидни содржини, комплекс кој ќе стане препознаеново место не само за граѓаните на општина Аеродром, туку и за сите кои живеат во Скопје и Македонија. Нашиот Капитол мол и резиденс ќе го направи поквалитетен и поубав животот во градот во целина“, изјави сопственикот Ајдован Адемоски. Со отворањето на Капитол мол и резиденс отворени е и над 500 нови работни места од различни дејности Првите четири нивоа од 12.500 метри квадратни се наменети за шопинг центар, а 6.000 м2 се одвоени за резиденцијалниот – станбениот дел на горните четири катови. Паркинг просторот е на три нивоа под земја, со вкупна површина од 15.000 м2. На изградбата на објектот беа ангажирани над 250 работници, од преку 50 компании (изведувачи и подизведувачи), повеќето од земјава и неколку од странство. /крај/со/мф Copyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.
Цел ден е хаос пред трговскиов, не се поминува, буквално Него, како не им текна едно Космо Тинекс да отворат, само уште тоа го нема во близина. Барем јас не наидов на таква информација, нема ни на страната нивна. Ај ако бил некој нека извести дали случајно има Космо
Бев денеска на отварање, тапа, ништо немаше. Пред Рамстор гужва дека нели за сметка над 500 награди нешто награда, 549368 луѓе чекаат, продавниците 90 % не се отворени а и тие што треба да се отворат се без веза освен ДМ (фала богу ми го отворија во близина), кафичиве (второто нешто што ми се допаџа во молов) уште се прават, внатре си работат луѓе со бурмашини и слично, фитнесот мислам дека пола трговски го зафаќа, на трет спрат кај што треба да бидат демек рестораниве не пуштаа само со вип картичка за таму некој си ресторан а не дека ќе одев таму сакавме со другарка ми во ChillBox да јадеме (последната работа што ми се допаѓа во молов). Ескалаторите им се расипаа, за во лифт пола саат чекаа луѓе, и тие службените мислам скали ги отворија за да се качуваат луѓе, имаше промоција од Синалко и Пелистерка мислам дека ќе се истепаа за едно сокче. Од модниве брендови ама баш ништо нема, можеа да отворат Pull&Bear, NewYorker или бар уште една Теранова/Калиопе да отвореа, или да донесеа нешто ново како H&M. Бургер Кинг ставиле а на 10 минути е 7мица, и преку пат може квалитетно да јадеш во Харизма. Трговскиов може на Сити Мол вода да му носи, ма каков Сити Мол, на Бисер може вода да му носи.
Нема Космо, има само Еликсир и радувај се женче - отвараат и ДМ (мислам на 26-ти). Мислам дека Космо нема да има, барем јас не сретнав никаде низ листата на продавници.
Луѓе не знам што толку не ви се допаднал трговскиот. Мене ми е подобар од Сити Мол. Ептен треба да сум слободна за да шетам низ Сити Мол и тоа скалите бе од едниот крај на другиот. Капитол ми е мал трговски, ама скоцкан, барем продавниците што сакам да ги има ми се тука во близина. Што знам јас имам пофални зборови за трговскиов и за големата акција во Рамстор на производите.
Јас бев колку да видам што има, и искрено повеќе очекував. Однадвор ми делуваше поголемо, внатре е структурно поинтересен од City Mall, ама изборот на продавници е очаен, а и малку се на број. Спратот со храна има убава тераса, и освен делот со ќебапите што има лоша вентилација што не доликува на трговски центар, ми се допадна. Се надевам ќе биде пријатно место да се седне на кафе, ама за шопинг секако нема да парира на City Mall, ГТЦ и Рамстор
Па, донеле непознати турски брендови (има турски продавници за облека и за долна облека, и една за детска облека) кои наводно се квалитетни. Со цените малку се занеле... Детски тренерки 2000 ден, машки фармерки 2400, детски зимски скафандер скоро 4000... И имаше гужва надвор и по ходници, ама продавниците беа празни. Во Котон на пр. во обичен ден во Ramstor Mall има повеќе гужва отколку што имаше тука во Котон. И мислам дека тоа е единствениот бренд што го познав (освен нашите Кимико, Дуки&Дасо и од странските ДМ којшто уште не е отворен). По продавниците имаше попуст од 20%. Во Рамстор маркетот имаше ужасна гужва, се чекаше за влез, па од тоа веднаш се откажав. Има кинески ресторан, слаткарница (јас видов само баклава), Chillbox, сендвичарница Петле и уште едно до него со ќебапи. Патем, турски газда на молов, па свинско не служат . Нагласуваат дека има пилешко и говедско. И суџук. И потоа си бев карши во Бисер и си купив што ми треба .
Барем да дојдеа нови брендови. Paul & Shark, Reserved, H&M и некои друго јаки брендови. А они истите од еден мол во друг ги префрлаат. А доброто е што се отвараат нови работни места. А фирмите тапа.
девојки , со петка автобус на колку автобуски после рекорд се наоѓа овој трговски?фала ви однапред , ако мозете да ми одговорите побрзо
Очекував дека ќе биде добар зошто прво разбрав дека ќе има нови брендови меѓу кои и H&M,ама сега кога видов што продавници има само Котон,ДМ и нашите ми се познати. Не знам очекував нешто подобро...
После Рекорд-многу . Од Железничка имаш 5 станици. Се симнуваш кај Бисер трговскиот, веднаш на другата страна на улицата е, ќе го видиш од автобус уште на доаѓање. Од лева страна имаш зелени згради, веднаш после нив.
Вчера наминав,чисто од радозналост. Само за џабе изгубив време! Освен што го разлепшал просторот,друга функција нема. Барем не засега
Не знам па што толку не ви е по кеиф трговскиов. Не може сите да бидат големи колку Сити мол, ниту па е нормално. Ќе има аптека што работи секој ден, куглана, ДМ, Еликсир. Таа продавницата карши котон заборавив како се вика (Колекционе мислам) е многу фина, видов симпатични младалачки работи коишто за чудо немаа некоја луда цена. Претпоставувам дека и тек ќе се отвораат такви мини штандови како што има по сите други трговски. Од друга страна со изборот на ресторани исто така немаат направено утка. Бургер Кинг ќе им дојде ко кец на десетка на сите што јадеа во Мекдоналдс, кога ќе ми текне само колку гужва имаше таму додека работеше. Чил бокс исто така има многу гужва. Јас му се радувам само на кинескиот, радо би јадела од таму, највкусно и најевтино ми е. Единственно што фали е добра продавница за чевли, затоа што таа со Парис Хилтон обувки е невиден очај, а исто и едно кино ќе завршеше добра работа, ама како и да е, не е лошо.
Никој не вели дека трева да е толку голем како Сити мол, ама реално гледано и тој простор што го има е залудно потрошен. Ако ме држи сеќавање, во Бисер има две аптеки и плус Зегин малку подолу. Неколку парфимерии каде што има се, има пак во Бисер. ДМ е убаво што отворија, не викам не. Не сум била ама од тоа што ми кажаа ништо нема. Можеле некои поинтересни брендови да донесат, просторот е голем а внатре две продавници што се вика. Според мене, пропала инвестиција е ова. Единствено ќе има гужва по Т-мобиле, Рамстор и неколкуте штандови со храна. Можело мнооооогу подобро да се среди и организира. За неколку години верувам дека ќе почне полека, полека да се затвораат продавнициве исто како што се случува со Веро центарот...
Не сум од Аеродром и искрено не знам до кога работат аптеките во Бисер, ама во недела и за празници претпоставувам дека не. Инаку најголем простор зафаќаат кугланата и фитнес центарот. Имало и некое големо детско катче, ама јас не го приметив Плус да не заборавиме дека не е само трговски, туку горната третина има апартмани. Што се однесува до брендовиве, знам дека многу луѓе се надеваа на Бершки и сл. ама мислам дека во скоро време нема шанси да се отвори нешто такво на друго место освен Сити мол, затоа што со состојбата на нашиов пазар и на куповната моќ едвај ги намолија да дојдат и таму, со не знам какви поволности и услови, кирија да не плаќаат една година и сл. Не дека е совршен, ама не би кажала па и до толку дека е залудно потрошен простор. Мене лично би ми било многу кеиф да имам куглана во маало на пример. А со Верото не може ни да се спореди. Тоа е дупло поголема градба, со многу лош распоред. Јас со месеци не знаев дека имало продавници таму на крајот, спроти ресторанчињата за јадење.
Јас бев одма после отварањето и само неколку продавници беа отворени од кои само Cotton и Be Watch ми беа познати. Добар е трговскиот и ќе можеме сега тие што сме од Аеродром таму да шетаме, а не да се малтретираме то City Mall. Tуку знаете ли дали ќе има огласи за вработување во Capitol?