Career Woman

Дискусија во 'На работното место' започната од OrdinaryGirl, 4 јули 2010.

  1. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    480
    Инспирација за да ја отворам темава ми дојде од филмот The Devil Wears Prada.
    Пред некој ден размислував за мојата иднина, за тоа во која насока ќе се движи, од што ќе морам да се откажам за да успеам. Јас сум доста амбициозна личност, комуникативна, можеби лесно се откажувам, но секогаш имам поставени цели и јасно определен пат по кој ќе дојдам до нив. Сфатив дека ако сакам да постигнам кариера и да напредувам во работата, ќе немам време за семејство. И сега настана дилемата дали сакам да работам како обичен правник и да се посветам на семејството, или да станам адвокат, можеби судија, но да се откажам од основањето семејство.

    Со оглед на тоа дека имам и малку повозрасни форумџики, но и млади кои сигурно имаат идни планови би ве запрашала: Би се лишиле ли од напредување во кариерата за да бидете домаќинка, или би станале carrier woman, но да не ги почувствувате благодетите на семејството? А ако веќе сте станале мајки, дали ви недостасува работниот успех и како постигнувате баланс меѓу работата и семејството? Бидејќи е факт дека во двете работи не може да се напредува. Би сакале ли да имате богата кариера и да бидете независна успешна жена, или пак тоа би му го препуштиле на сопругот кој би бил столбот во семејството за кое вие би се грижеле?

    (се извинувам ако веќе има ваква тема, но јас не најдов)
     
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.289
    нема шанси да се откажам од кариерата по никоја цена...особено ако добро ми иде.едноставно не сум таква.ако треба нема да спијам,да јадам за да работам и бидам со семејството,но сепак никогаш не би лишела кариера за да бидам домаќинка.
     
  3. strangewoman

    strangewoman Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    693
    Допаѓања:
    236
    И мојот одговор е сличен на предходниот! Нема шанса да си ја напуштам кариерата за која што сум вложила голем напор, труд и време . Сакам сама да одлучам за мојот живот и да не зависам од никој така да за мене неприфатливо е по цел ден да седам дома да чистам, перам и којзнае што и се да чекам од сопругот :^)
     
  4. lalezzz

    lalezzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    60
    Domakinka mozes da bides sekogas.taka da ,jas koga bi bila na tvoe mesto bi ja odbrala karierata.koga imas sansa iskoristi ja i stani nekoj i nesto-licno za sebe,a sve drugo ke si dojde vo svoe vreme.kako sto e kazano vo biblijata pod ova sonce ima vreme za se:taga,smea,......i da stanes sopruga i majka.no vreme da ja vratis mladosta i da ja popravis greskata nema.zivej go svojot zivot i sledi go pred se tvojot son.poz,,i se nadevam ke go izberes vistinskoto.bas me interesira za sto ke se odlucis,pa pisi za izborot tvoj :)
     
    На sonuvacka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    480
    Има време додека дојдам до тој крстопат, но јас често размислувам за далечната иднина. Не живеам од денес за утре. Не планирам да се мажам уште сега, има време за се, само што би сакала да го почувствувам и мајчинството. Од друга страна е кариерата, сега засега на добар пат сум насочена во тој поглед, но гледам дека сите вие би сакале да бидете Carrier Womеn, а не Mommies :) ;)
     
  6. lalezzz

    lalezzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    60
    da, no zelbite se golemi a moznostite se mali ;)
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.525
    Допаѓања:
    37.906
    По ова прашање жената и нема некој избор. Или ќе биде и двете или само домаќинка. Зошто да се откажуваш од кариерата? Ако ти значат и двете, тогаш треба да се работи повеќе за да се одржат и двете работи.
    Јас себеси никогаш не сум се гледала како домаќинка. Иако тоа е неизбжно и доаѓа со текот на времето, ќе се обидам и да си ја задржам кариерата. Жената што сака да биде и двете, ако се потруди може да постигне.
    Имаме на форумов прекрасни примери :)
     
    На bibush му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.293
    Допаѓања:
    27.539
    Може да се биде двете, ама не е лесно. И споро оди. Ама ако се сака - се постигнува. Е сега нон стоп да напредуваш, да се дообразуваш, да чуваш деца, да чистиш по дома и да правиш ручеци - да не се лажеме, не е возможно.

    Јас сум задоволна од тоа што го имам постигнато, и во однос на кариера, и во однос на семејство, и финансиски. Ама имаше пеколни моменти. Почнав да работам кога привршував 3-та на факултет, и во 4-та веќе имав две работни места (едно од 8.30 - 17.00, и едно 18.00-22.00) и факултет. И дечко, ама тој си го имав од претходно. И со другарки се гледав. Спиење? Е нема.
    После две години ја баталив попладневната работа, имав малку полабави неколку месеци, па се омажив, останав бремена, и се породив. Ако сакав да ја задржам работата морав да се вратам на работа бебето кога имаше 3 месеци. Хорор! Имав дозволено излегување за доење, и тоа ми предизвика одгомен хаос. Кога одев на работа се заборавав, и не тргав на време за доење, а кога стигнував дома ми текнуваа итни работи на работа што не сум ги завршила.
    После една година решив да сменам работа, бидејќи таму каде што бев немав шанси за напредок. И решив, иако имав таму голема плата, доста поголема од работата што после ја најдов, ама решена бев дека нема цел живот да работам тупаџиска работа и точка!
    Почнав на новата работа, каде имав за нијанса подобро место од претходната, останав пак бремена после некое време, и не ми го продолжија договорот. После пак се вработив во истата фирма, ама со натегање беше, пак интервју, па може - не може, ама чекај овој другиов има подобри квалификации дрн, дрн. Истрауматизирана од тој момент, запишав постдипломски кога второто дете ми беше една година. Хорор! Со две мали деца на возраст од една и три години, постдипломски се лудило! Ама и тоа полека се тера, еве веќе привршувам, работам на магистерската, ќе биде.
    Конечно, лани прв пат добив менаџерска позиција, која кај и да е ќе ја смена, ама не е важно. Важно поминав низ страшно турбулентен период, и сега знам точно колку можам, а знаат и другите! Е сега некој што нема семејство не чекал сигурно 8 години за да напредува. Ако немав семејство повеќе ќе останував на работа, повеќе ќе читав за работата, ќе отидев на некоја обука во странство, порано ќе завршев постдипломски и слично. Тие работи обично придонесуваат за напредување. Напредувањето за мене беше многу важно затоа што во фирмата каде што работам не се напредува. Таква е политиката. Не сум единствена, ама дали 2-3 сме, од околу 300 луѓе што поминале во период од пет години колку што сум тука. И горда сум на тоа.

    Периодите кога учам или кога морам да работам и од дома не сакате да знете како ми е по дома. Порано не можев да си дозволам жена за чистење, иако имав добри примања, се вложувавме во куќата, па сами ја одржуваме. Сега не сум навикната, ама ако е се ок со работата, од есен дефинитивно. За јадење некогаш на децата им прави жената што ги чува, некогаш јас ќе наставам се и сешто во тенџере и ќе го сварам - манџи што брзо се прават, а децата ги јадат. Некогаш сендвичи од седмица, манџуле од Шеф, или сендвичи од МекДоналдс.

    Е сега, има очајно тешки моменти, освен овие со кратките породилни отсуства, менување работа кога и онака не е лесен период, останување без работа и слично. Често патувам, се задржувам до подоцна, не можам секогаш да ги однесам децата на лекар, и слично. Еден период бев толку отсутна што ќерката ми прооде, а јас ја немав видено 10 дена. Кога ја видов трчаше. Е тоа боли.
    Неколку пати се имам разболено од пневмонија затоа што ни сум јадела ни сум спиела. Така беше лани од септември до нова година. Пеколно тежок период!
    Сега имам рокови, а морав да го изгубам денот по доктори со децата. Некогаш на состаноци трескам глупости од што ми се плаче за спиење затоа што децата ми биле со температура и 3 дена не сум спиела.

    Ме нервира тоа што цело време слушам коментари како требало да им се посветам повеќе на децата. Ама јас знам дека без разлика што имам само 3 часа во денот да бидам со децата, тие 3 часа сум комплетно нивна. Многу мајки кои се цел ден дома не им посветуваат ни еден час квалитетно поминато време.

    Како и да е, успехот е нешто што те тера напред.
    Здравје, да ја завршам магистерската, ќе запишам и докторат, и ќе сменам пак работа кај и да е. Сега ме притискаат и кредитите, па морам да барам подобро платени работи, ама за 3 години ќе бидам целосно слободна да работам што и колку сакам!
     
    На Anja98, the.child, glosipgirl и 8 други им се допаѓа ова.
  9. lavce

    lavce Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2009
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    33
    Јас не би ти препорачала да носиш толку тешка одлука и да се откажеш од ниту една од двете работи. Мислам дека кога се сака се се може. Не би било ок доколку напредуваш во кариерата а од друга страна се откажеш од тоа да имаш семејство. Еден ден како што поминува времето може да се покаеш зашто си донела таква одлука. Меѓутоа не го оправдувам ни тоа да се откажеш од кариерата и да изигруваш домаќинка. Според мене треба да се направи баланс помеѓу работите.
     
  10. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    480
    Ауу Ариел па ти си поминала низ вистински хаос! Секоја чест, ме фасцинира! :clap: Навистина е тешко да се биде и домаќинка и мајка и сопруга, па и успешна жена во работата, ама ете ти си пример дека и тоа е возможно. Па дури и за Фемина имаш време :D Ми даде волја сега дека ќе можам и јас да успеам да направам баланс. Ми се случува некои периоди да ми бидат турбо, да работам како машина, да трчам ваму таму онаму, па некогаш си се чудам од каде имам толку енергија. Веројатно од желбата за успех ;)
     
  11. lalezzz

    lalezzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    60
    RED BULLL i imas krilaaa.. :D :D :D
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.400
    :clap: :clap: :clap: за Ариел, секоја чест, ме воодушевува твојата трудољубивост и упорност и макотрпната работа која ја вложуваш на секое поле во животот.

    Не знам што носи иднината за мене, знам дека не би се лишила од работа за да бидам домаќинка, не дека имам нешто против жените кои не работат и се грижат за домот и семејството, не е ниту тоа лесна работа, но секако предизвик е да успееш да најдеш баланс помеѓу кариерата, семејството и домаќинството.

    Едно знам - бара многу жртвување.
    И до Ариел - сите тие душебрижници кои коментираат како не им посветуваш доволно внимание на своите деца, нека си ја бркаат својата работа. Познавам мајки кои не работат ништо, па децата им се во градинка по цел ден, и дури и кога се дома, не ги ни погледнуваат. Само им трупаат алишта и играчки. Така да.... ;)
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.525
    Допаѓања:
    37.906
    Ариел навистина ти се восхитувам :clap: Вака кога те читам и јас си се бодрам :) Да размислуваа повеќето жени вака до сега ќе бевме мноооогу понапред.
     
    На srcekrsacka и sesilija им се допаѓа ова.
  14. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.153
    Пол:
    Женски
    Nikogas nemoj da se otkazuvate od moznosta ako vi se pruzila sansa da bidete delovna zena da imate svoja kariera.
    Malku e tesko da se bide domacinka ,da se raboti ,da se bide majka,sopruga i se drugo, no ako se saka se se moze so povece vlozen trud i plan.Jas sum zena koja so svojot soprug vodi svoj biznis ,cesto patuvam mojata rabota bara golema zrtva na dolga relacija .Cesto moite deca na pocetocite so denovi bile bez mene ,ne sum mozela da im posvetam vnimanie i tie gi trpele toa .No seta taa zrtva bila za podobro nivno utre.Isto taka mojata rabota od mene cesto barala da bidam i maz i zena ,no fala mu na boga so moeto steknato iskustvo i prifaten Germanski rezim sum go svatila nacinot na zivot i borbenost da se uspee i togas koga se cini nevozmozno.Imalo denovi koga so kilometri sum bila odalecena od svojot dom ,sum vozela denonocno sama vo kola so glasot na radioto i po nekoja limenka red bul za da me drzi budna da ne skrsam glava na toj avtopat koj vo momentot mi se cinel nema kraj, no za nas zivot znacel .Dodeka jas od tuka mojot soprug od tamu mi daval upatstva kade treba i vo koj grad da zastanam sto treba da sredam za uspesno da stgnam i da go ispolnime toa po koe sme trgnale.Pa eve i den denes sum ziva ..sekogas i ne mi bilo se taka sjajno ,imalo denovi koga se mi bilo preku glava ,togas sum pustala i po nekoja solza ,no sama sum setesela ..ti mozes ti znaes ti si jaka.Cesto sum im podzaviduvala na zenite koi si sedele doma do svoite deca i mazi dodeka mene me cekal dolg pat i rabota .No ete seto toa sega e minato so naseto iskustvo steknato od zivotot vo Germanija ,nasata borbenost, naseto poznavanje na stranskiot pazar i mnogu vlozen trud sega sum toa sto sum .
    Zatoa devojki borete se za pozicija vo opstestvoto bidete gordi na svojot uspeh so malku povece vlozen trud ,no veruvajte istiot tij trud ce vi se vrati so podobar i pokvaliteten zivot i podobro utre za vas i vaseto semejstvo.
     
    На the.child и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  15. red

    red Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    118
    Пол:
    Женски
    Carrier Woman

    По радо би изградила карирера, од колку смејство. позз
    [mod-tekst:3vjpbbsf][/mod-tekst:3vjpbbsf]
     
  16. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    4.123
    Carrier Woman

    Кога имаш цел во животот за што се бориш е многу полесно. Се изборив за своја позиција во општеството и своја корка леб, а таа борба воопшто не беше лесна. Непланирано останав бремена и паузирав само 9 месеци за да повторно се вратам на работа но, таму не бев примена. За 10-тина дена најдов друга и таму сум сеуште. Со тек на време наоѓав и др. и работев (таква ми е професијата за да можам да раб. на неколку места). Често пати бев и мама и тато зашто сопругот доаѓаше дома на секои 5 месеци од работа.
    Балансирав меѓу кариерата и семејството колку можев ама знаев зошто се борам. Не очајував по дома и чекав да ми донесе сопругот. Сега после толку год. кога се си дојде на свое место се радувам на мојот труд.
     
    На the.child, srcekrsacka, teddybear и 4 други им се допаѓа ова.
  17. sonuvacka

    sonuvacka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2010
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    31
    Carrier Woman

    кариерата е нешто сјајно , но нема да те стопли во ладните ноќи....рекле ......
    јас не би го посветила животот на кариерата , сигурна сум во тоа дека семејството е најважно и ќе му се посветам најмногу него ,
    сепак е индивидуално како и се друго , се зависи од тоа што ти е важно што ти е целта и што сметаш дека е успех ,
    среќното семејство за мене е приоритет :)
     
    На the.child и m2m2m2 им се допаѓа ова.
  18. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.334
    Carrier Woman

    Ау преубава тема! Браво!
    Многу почитувам девојки, кои си ги гледаат целите во животот без разлика на се, и никој не може во тоа да ги разубеди. почитувам успешни, паметни, млади жени, кои цврсто стојат на земја и не зависат од никого. Јас личносум вложила многу труд во учење, за да постигнам нешто и да станам нешто. Сеуште учам, и сум на постдипломски студии и не планирам ни под разно да останам на тоа. Мене никогаш не би ме исполнил живот на домаќинка, да метам двор, да пијам кафе со комшиките, да перам по дома, и едвај да чекам да ми почнат сериите и тие да ми се единствена разонода. Јас се стремам да бидам успешна жена, пред се финансиски независна а тоа послужува во било која ситуација. Нормално дека кога ке имам деца, и нив би им била посветена како пто и мене ми се посветиле моите родители а сепак си развивале кариера, но не до толку да им пишувам домашни како што беше случај со неколку мои другарки. Тогаш тоа ми изгледаше убаво, но сега сфаќам што е правилно, и колку сум понезависна од нив на овие години, а пред се моќам да кажам и поуспешна, со планови и цели за иднина. Според мене секој треба да е продуктивен пред се за општеството, за фамилијата и за себеси. Задоволството е големо кога поседувате интелектуална моќ, и за истата ви плаќаат. За ништо и никој не би се откажала од кариера. Домаќинка и домаќински работи не ми прижат никакво задоволство, и никако не би сакала да живеам таков живот.
     
  19. LadyN

    LadyN Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    124
    Carrier Woman

    Сеуште сум млада и не ни помислувам засега за мажење, но знам дека сум личност која не би се чуствувала исполнето доколку немам кариера и работа која ја сакам.Затоа се трудам со факултетот, вложувам во својата иднина. Се разбира дека сакам еден ден да си оформам семејство, но не би можела да се замислам како по цели денови седам дома и ги гледам децата.. па мислам дека така би полудела за кратко време. Многу сменува фактот што имаш свои пари, без разлика колку е заработувачката на твојот сопруг.
    Еве нешто како за нас :)
    http://www.youtube.com/watch?v=0lPQZni7I18
     
  20. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    904
    Допаѓања:
    496
    Пол:
    Женски
    Carrier Woman

    Јас мислам дека кога се сака се се може.. Завршив средно фармација, положив државен испит и штом ја добив лиценцата за работа веднаш се вработив , а во меѓувреме учев за приемен на факултет фармација..И кога конечно помислив дека ми се наместија коцките останав непланирано бремена..И јас размислував дали треба да се откажам од кариерата и да се посветам на семејството и одлучив вака..Се омажив, родив девојче, факултетот го оставив во мирување, по една години пак упишав факултет и сега одам на работа, учам и го водам семејството..Понекогаш сум толку изморена што се успивам пред керкичката да се успие,Pa mi se smeat utreto so tatko i deka taa mene me uspivala :$ кога ми се колоквиумите ми се случува да ја оставам кај мајка ми и да не ја видам 3-4дена,но сепак се тешам дека тоа е за сечие добро. Што би и обезбедила јас нејзе доколку останев дома да бидам домакинка? Затоа мислам дека со голема упорност, желба и добро испланиран ден или недела се е можно да се постигне..
    А и Ариел што спомена дека и зборат дека децата ги запоставувала..И мене тоа ми го велеа бебче е а ти трчаш го влечеш по баби, го оставаш по цела ден кај нив, Такви завидливи усти имало и ќе има.Јас знам дека тоа дете кога ке порасне ке биде материјално обезбедено и ке биде гордо што има успешна мајка,и ке има поголеми шанси и тоа да стане успешно во Животот.И подобро е со семејството да поминеш три четири квалитетни часа дружење отколку цела ден да седите дома и да се препирате кој што да гледа на тв и кој да го пресоблече детето. ;)
     
    На the.child, srcekrsacka и femina90 им се допаѓа ова.