Carrier Woman Нормално дека кариерата би ме исполнувала многу повеќе од ај да речам обичен домаќински живот.И домаќинскиот живот не е лесен,имаш еден куп обавези,ама во секој случај се замислувам еден ден и како успешна мајка и сопруга,фала богу дека не планирам да останам сама до крај на животот. Повеќе пати сум кажала браво за амбициозните,за оние кои си имаат зацртано цели во животот и се борат да ги остварат.Јас сеуште сум на почетокот од мојата кариера,досега сум задоволна и горда на она што сум го постигнала,иако на потешкиот начин со труд и макотрпна работа,среќна сум што си ги остварувам нештата кои ги зацртував. Сакам да имам успешна кариера,но еден ден сакам да имам и успешно и хармонично семејство,затоа најважен е балансот. Сакам успешни жени,само не по секоја цена (во смисла на тоа да се откаже буквално од секаков свој личен живот и да гази по лешеви за да го добие она што сака) Среќата во животот не ја носи само бизнисот
Carrier Woman Кариерата ми е битна и тоа многу. Знам дека имам вложено многу труд,амбициозна сум и сакам да напредувам.Ама што понатака ако тоа се покоси со моитe семејни обврски? Уште многу има до тоа,ама мислам дека семејството би го ставила на прво место,а работата на второ. Иако мислам дека кога некој нешто сака,односно сака да постигне и на двете страни,може да успее во тоа.
Carrier Woman Ако вистински се сака, може да се имаат и двете работи. Добра и успешна работа, и хармонично семејство. Не ги сакам тие жени на кои работата и кариерата им е на прво место, притоа запоставувајќи ги семејните обврски, домот, децата, сопругот... Може да има рамнотежа за да се постигнат двете работи и ќе треба малку повеќе мачење, но ете тоа е патот кон успехот и убавиот живот. Лошо е кога детето ќе порасне со дадилка пример, цел живот ќе ја осудува мајката со аргументи дека го запоставувала, а болно е кога дете ќе порасне без родителска љубов, хармонија и топлина во семејството. Од друга страна па, мора да му обезбедиш убав живот додека да се осамостои. Затоа, баланс од двете работи.
Carrier Woman Најголемиот сон ми е да можам да постигнам да бидам и жена со кариера и остварена семејна жена. Посебно им се восхитувам на оние жени кои паралелно и работат и студираат и подигаат мало дете-јас не би можела.Не дека не сум доволно упорна или амбициозна,туку сум малку повеќе паничарка,па така ако нешто тргне наопаку(на пример кога детево би се разболело)јас ќе заборавам и на учење и на испити спремање Секогаш кога ги правам работите постепено,подобро и поуспешно ми излегуваат.Ова се покажа како пракса до сега,се надевам дека така и ќе остане.Само некако јас сепак мислам дека едната работа ќе трпи,барем малку.Не може жена која е на повидна позиција и работи 12 часа дневно,да се посвети доволно и на децата,макар тоа било и нејзина најголема желба.Така да бабите и градинката не можат да се изостават тука како опција,а родителот не може да се обвинува поради тоа дека детето е препуштено во рацете на другите,кога тој се‘ што прави е да работи за подобро утре на тоа дете.Многу подобро отколку цел ден да го кошка во раце,а утре за се‘ едно нешто што ќе побара детево да вика-нема! Јас сум за кариера,а секое слободно време колку и да е малку,квалитетно да е потрошено со децата. Жените со престилки биле во некое друго време,кое е далеку зад нас.
Љубов или Кариера?! ааааиии точно али ја еднашка бев се одлучила за љубов место кариера ама се заебав страшно... али точно, без љубов ништо не се може... кај мене големата љубов недостига... сеуште....
Љубов или Кариера?! И двете! Не ги подржувам искрено жените кои гледаат САМО кариера. Може кариерата да биде приоритет во 20сетите години, ама да се посветиш на кариера и да заборавиш на маж, деца ... хммм кога ќе се наполни 40 и кога ќе се вратиш дома од работа во празниот ладен огромен стан, кога ќе си легнеш сама во кревет и телевизорот ќе ти е единствено друштво, а пријателките не можат да те дружат секоја вечер зашто имаат семејства, е тогаш претпоставувам се каат повеќето. Треба да се направи еден баланс. Сакаш кариера? Во ред, денес многу млади лица се венчаат по 30сетите години кога и раѓаат деца, а денешните дечковци (али секако има исклучоци за жал) не ни очекуваат нивната девојка и идна жена да е домаќинка Иако сум сведок на некои навистина тешки одлуки во животот на девојките кога не знаат што да одберат. Знам девојка на која и понудија 6 месечна работа во Лондон, а дома има маж кој е прилично љубоморен. Не се веќе дечко и девојка, туку се неколку години во брак секојдневно заедно. Не е лесно да се отиде во странство а маж ти дома да е со месеци. Таа се определи за љубовта. Секој си има право на избор. Секој си има свои приоритети. Но за жал кога МОРА да одбираме една страна дал љубов или кариера, секогаш сме губитници. Зашто нешто губиме ...
Љубов или Кариера?! абе тоа што го велиш е точно нема што, али јас еднашка изгорев а беше стварно биг пај. и јас сум сеуште многуу млада, 20 години, али мислам дека без љубов неможеш ништо...без разлика колку и да се преправаш дека не ти треба, не е точно... маж си е маж фамилија си треба... велат дека љубов и кариера не одат заедно... ја сум строго насочена кон кариера моментално бидејќи изгорев страшно од љубовта .... ... ... ... ...
Љубов или Кариера?! На 20 години и нормално е да одиш по кариера. А што е страшно? Јас се чудам на жени по 20сетина години кои се прашуваат вакви прашања. Ко божем немажена ќе останеш? Абе терај си работа има време и за кариера и за дечко кој ќе те сака (не се сите машки исти верувај, исто како што и сите женски не се исти ) и ќе дојде време кога ќе треба да ги балансираш. Ако се сака се се може. Не се замарај на 20 години со вакви прашања.
Љубов или Кариера?! Јас мислам дека неможе да одат заедно,во ептен ретки случаеви за жал,јас би одбрала љубов...без љубов не го бива...
Љубов или Кариера?! da ali pazi... od mojava postapka izleguva pouka koja sto veli deka moze da izberes kariera pokraj ljubov ali da znaes deka e vistinskiot. ja bev tolku sigurna deka toj e vistinskiot sto sega duri tesko mi ide da prebolam.
Љубов или Кариера?! Бројче тоа се само дефиниции,филозофии,теории...реалноста обично те тера да бираш. Јас сум за баланс,ама со овие години сега и ако мора да се бира,кариера би избрала. Боли да,ама повеќе ќе ме боли кога еден ден ќе сфатам дека соништата ми пропаднале,а се создадени многу време пред да се појави тој во мојот живот и да чувствувам празнина,чувство на неуспех,а времето поминало...не,не. Кариера.
Љубов или Кариера?! Кариера! па потоа ако е можно, ќе бидам повторно со тој што го сакам а во еден момент сум морала да бирам...
Љубов или Кариера?! Ох колку само би можела да зборувам на темава, ме гаѓа во срце . од каде да почнам? ми се допадна коментарот на бројче, права жена и успешна жена е да се биде успешна во работата, но и да биде сопруга и мајка. во тоа е убавината да се биде жена претпоставувам дека голем број од вас кои ја избраа кариерата сеуште студираат и се помалку огорчени од животот(немојте погрешно да ме сватите за ова), она што сакам да го кажам е дека ве разбирам. јас додека бев во средно се што сакав е да учам и да работам, се гушев во моето мало градче, не се пронаоѓав и бев лута на сите и решена да постигнам се што треба за да успеам и да бидам успешна жена. и заминав таму каде што заминав но баш пред да заминам се вљубив, но решив дека ниеден маж не вреди за да се откажам од она што секогаш сум го посакувала. заминав и го повредив и него и себе, неможете ни да замислите колку беше тешко тоа, но среќа имам таков човек што ме подржува и ме сваќа. одкога се вратив мојата љубов е се поголема и веќе не размислувам така како што размислував, сега сум среќна и комплетна, имам работа си терам кариера ама имам и кој да ме сослуша навечер кога ми е тешко, некој кој ме гушка и што прави сите работи да се полесни. оние што се одлучуваат само за кариера секогаш ќе бидат огорчени, ќе ги малтретираат вработените или ќе скитаат после работа по кафиќите низ скопје(за ск зборувам во случајов) верувајте сум седела со многу успешни луѓе на маса кои се сами и кои што не им се оди дома заради тоа и незнаат што со себе. и на крај што значи да се бира помеѓу љубов и кариера? да се замине во друга држава и да се разделите или да имате по 30 години и да се разведите бидејќи женава не сакала деца сакала да тера кариера? убаво е се да се има верувајте , не се ограничувајте се е можно, земајте пример од ариел и озбилна жена. јас имам 23 год и планирам да се мажам и да имам детенце во наредните година две ама никогаш нема да се откажам од работата и од надградувањето, едноставно таква личност сум. немојте да мислите дека кариерата е само патување и мн пари, за да се стигне таму треба многу години напор трпение а секогаш успехот е посладок кога имате со кого да го поделите тоа...
Љубов или Кариера?! претпоставувам дека голем број од вас кои ја избраа кариерата сеуште студираат и се помалку огорчени од животот(немојте погрешно да ме сватите за ова), она што сакам да го кажам е дека ве разбирам. јас додека бев во средно се што сакав е да учам и да работам, се гушев во моето мало градче, не се пронаоѓав и бев лута на сите и решена да постигнам се што треба за да успеам и да бидам успешна жена. и заминав таму каде што заминав но баш пред да заминам се вљубив, но решив дека ниеден маж не вреди за да се откажам од она што секогаш сум го посакувала. studiram da, jak student sum, postignuvam solidni rezultati za moi godini, ali koga ke se zamislis sto ke ti e seto ovaa bes toj sto go sakas... neznam, ali kako sto rekov porano , ja izbrav ljubov pokraj kariera ama nisto ne bidna, ili seuste ke treba da cekam sto ke se sluci, seuste ima nadez vo mene do kaj ke odi i ja neznam.
Љубов или Кариера?! Љубов и со неа кариера. Барем кај мене тоа е успешна комбинација Само плус сега и бебенце на пат
Љубов или Кариера?! Јас ги претпочитам двете заедно,греота е да немаш дечко или деца, фамилија заради работа. Мојот газда има 47 години а нема ни жена, ни деца, почна ни пари да има. Многу е смуртен сега, ама кој му е крив што мислел дека се е во менувањето женски, патувања, работа. Е кога ќе дојдеш на времето кога твоите врсници ќе имаат внуци, а ти немаш ни деца, е тогаш е многу тешко. Човекот без фамилија и љубов е никој и ништо!!!