1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Career Woman

Дискусија во 'На работното место' започната од OrdinaryGirl, 4 јули 2010.

  1. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Љубов или Кариера?!

    На овие години, дефинитивно би избрала кариера. За понатака кога ќе имам сериозна врска, па и брак, да имам успешна работа, а не цел живот да му кукам за тоа. А сама сум си била крива.
    А кога би имала моментално дечко кој го сакам, би искомбинирала. Или ќе дојде тој со мене, или ќе остане тука и ќе правиме љубав преко жице (што и не верувам во такви работи), времето ќе си покаже што ќе биде со нас. Али да одбијам добра понуда за учење или работа на неколку месеци на друго место, не, не би одбила во никој случај заради љубов. Со некој ќе бидам целиот свој живот, а шансите за кариера еднаш се пружат.
    За потоа понатака кога ќе имам семејство да можам да им пружам подобар живот, и љубов на кило. :*
     
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.064
    Допаѓања:
    155.184
    Љубов или Кариера?!

    На 22 никој не ме брка со сукало да морам да постигнам се,ама баш во ист момент.А вистинска жена ќе бидам кога ќе начукам доволно искуство и мудрост,а потоа да туркам и семејство и кариера.За да стигнеш до степен на плеќи да издржиш се тоа,мора од некаде да почнеш,а куќа не се гради од кровот.
    Романтично е сето тоа љубов,семејство,бебенце,детенце,ама искрено не ми се брза и не сум нешто зажелена за нешто кое што ќе го имам цел живот.Ипак,нема да се храниме од љубов,а делот од мене кој е резервиран за моја реализација,мои желби,вечно ќе остане празен во тој случај и не е себично.Себичното ќе дојде ако не го направам тоа и тек потоа,откако ќе се испослучи моментот брак,семејство,дете да почнам да правам хирови.Вака или така на крајот од денот,најмногу правам муабет со себе за она што се случило,а со друг,само ако постави прашање,сеуште имам живци и младалачка храброст да правам некои потфати и ситуации кои ми ги трпат годините,но не подразбира маж,дете,семејство,а ќе ја имам само уште некоја година,а потоа ќе дојде мајчинскиот инстинкт кој пак од една страна е страшно рационален од аспект на нашта природа и цел тој репродуктивен процес и страшно нерационален кога се однесува во однос на градењето кариера,која ако е веќе изградена до ниво кое ќе брои ситни скалила до посакуваното,нема да има никаков проблем.Кај кого-како...ама во суштина тоа е.
    Жена-симбол за која зборите и води избалансиран живот,сакал или не сакал,не можеш во ситни дваесетки да ја постигнеш.Бара многу повеќе услови.
    Муабетот беше или-или.Се изнадоврзаа повеќе работи потоа.
     
  3. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.046
    Допаѓања:
    394
    Љубов или Кариера?!

    И љубов и кариера..како и двете?Така ако се потрудиме и ако сме доволно паметни добро да изиграме.Мислам дека за се има време и за учење,за градење кариера и за љубов.Ако сме доволно амбициозни,ако си поставеме цели пред себе,секако за кои сметаме дека ќе може да ги оствариме мислам дека не постојат пречки.Тоа не значи дека треба се да газеме пред себе,но значи да имаме цврсто изградено сопствено ЈАС.Неможе некој мангуп тука така да влета и со неговите традиционални сваќања да се обиде се да уништи што сме постигнале.Многу сум против луѓето кои поставуваат ултиматум,мислам дека со разбирање и секако доколку постои доволно љубов може да се успее.
     
  4. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    Љубов или Кариера?!

    Романтично е сето тоа љубов,семејство,бебенце,детенце,ама искрено не ми се брза и не сум нешто зажелена за нешто кое што ќе го имам цел живот.

    зошто мислиш дека ова ќе го имаш цел живот? кариерата се стекнува цел живот, а фамилијата се гради додека си млад вљубен и репродуктивен...
     
  5. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Љубов или Кариера?!

    Кариера!!! ;)
     
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.339
    Љубов или Кариера?!

    Зависи од кој аспект гледаш...џабе ти успешна кариера кога немаш со кого да ги поделиш радувањата и придобивките. На крај краева за кого се мачиш??? за мама и тато ? или за своето семејство - маж, дете?
    Јас како родител сум имала многу балансирања во животот меѓу љубовта и кариерата, па затоа мислам дека треба да постои некој баланс. Цел живот треба да постои некој баланс, а ако го нема тогаш си себичен.
    Со никоја пара неможе да се купи топол дом и здраво семејство.
     
  7. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Љубов или Кариера?!

    Ова ти е како да одбериш бело или црно, а сите знаеме дека во белото има црно и во црното бело. Неможе некој да се одлучи целосно за љубов, а притоа да не го јаде совеста за тоа дека имал шанси да стане некој и нешто во животот. Неможе некој кој станал некој и нешто во животот, да не копнее за љубов, за тој успех да го сподели со некој. Затоа убав распоред на времето, се решава. Се знае кога има време за љубов, кога има за кариера. Во времето кога одиш на факултет, затоа се вика и студентски живот имаш време да експериментираш што всушност сакаш понатаму, со какви луѓе ќе продолжиш, а подоцна кога ќе стапи следниот премин во животот да имаш со што да можиш да одиш понатаму, диплома под едната рака а некој сопатник под другата. Во рок од 24 часа има време и да се наспиеш и да појдеш на работа и да си дојдиш во дом каде ќе те чека некој. Јас сум барем човек кој живееше во таков топол дом, се надевам дека и јас некој ден ќе го создадам.
     
  8. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.288
    Љубов или Кариера?!

    Извини вака ама ова ми е едно поглупите мислења.
    Зашто? Епа вака...
    Ајде бе мене дечкото ќе ме шутне за да гради кариера, а јас дома ќе врискам, плачам и ќе го чекам 5 години за он да се исфура и да изгради некое име, за потоа откако ќе има едно 100тина ебачици да ми се врати мене и да ми рече тебе те сакам и јас да полетам во прегратки и да си живееме среќно и весело? (со можност за понатамошни љубовници, зашто тој мене и онака еднаш ме оставил, а јас сум го чекала па ќе чекам пак)
    И втора варијанта е он мене ме шутнува за кариера, јас него го преболувам и си наоѓам друг кој ќе си ја цени и кариерата но и ќе наоѓа време за мене. Битно јас ќе сум му важна. А не како претходниот кој очигледно немал време за мене, имал време само за себе и работата.

    Така да ова е исто и за женско.
    Јас ќе го сметам за будала секој оној кој ќе го чека женското само за тоа да изгради кариера, а после неколку години му се врати и тој ја прифати.
    Ако некоја цура сака некој ќе одвојува малку време и за љубовта и за кариерата.
    Не мора бе секој ден да се гледаме, ама бар во викендите секогаш се има слободно време, нека се поминува со љубениот...
     
  9. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    674
    Допаѓања:
    4.677
    Пол:
    Женски
    Љубов или Кариера?!

    И од двете по малку така е најдобро, да постои еден баланс...
     
  10. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Љубов или Кариера?!

    Maлку е потеско да се изгради баланс мегју бракот и кариерата, и постои навистина голема санса партнерот/ката да се цуствува запоставен додека ти напредувас во кариерата, ама сепак мислам дека вреди да се проба, ама како сто се вели дека и кој пробал па не успеал :lol:
     
  11. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Љубов или Кариера?!

    Сум и за двете да се искомбинираат, а кога би морала да изберам дефинитивно кариера, како и да е од љубов не се живее, но е многу потребна..
     
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.064
    Допаѓања:
    155.184
    Љубов или Кариера?!

    Периодот кога можеш најмногу и најбрзо да напредуваш е тој,веднаш по излегување од факултет,а кога ќе достигнеш одредено ниво од кариерата,кога гледаш извесна стабилност,си ги проценуваш изгледите,веќе почнуваш да размислуваш за семејство,а до зенот на кариерата и со ситни чекори можеш да стигнеш,зошто сепак си блиску.
    Можда вака размислувам затоа што љубовта не ја сфаќам како нешто недопирливо,нереално,бајковито,туку многу практично и рационално.За да можам некого да сакам,морам прво да се сакам себе,а како се сакам себе,безусловно со тоа што плус додавам услови за да ја изградам самодовербата,а тоа е преку остварување на лични голови,цели,макар било тоа,утре планирам да станам во 7 часот.Дали ќе го или нема да го направам тоа прави да се чувствувам удобно со себе,дека поседувам одредена способност и си стојам на зборот,што значи можам да си верувам.Само така,утре ќе бидам исполнета и способна да создадам семејство.
    Јас не велам,семејство на 40 години,ама до доцни дваесети,рани триесети (не повеќе од 31-2 години) да се одложи.Искрена да бидам,јас сериозно го сфаќам семејството и премногу ми е важно,затоа и вака размислувам.
    Во секој случај,кариера.Љубовта кон себе и своите цели,па потоа кон некој друг,а таа љубов е практична,освен страстна на почетокот.Ако морам да бирам,би ја одложила,а ако не морам да бирам,како што може да се забележи,буткам паралелно,иако официјално не започнала.Јас и нему му имам кажано,ако треба да одиш надвор од тука,да сакаш да напредуваш,не сакам јас да ти бидам пречка.Се можам да преживеам и простам,ама мислам дека не би можела да трпам нечиј погледo презир,зошто утре кога ќе си ја чукне главата што направил,прво мене ќе ме обвини како и секој нормален,жив човек,а потоа себе за изборот.
     
    На NellPam му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    483
    Carrier Woman

    Можеби звучи грубо,но јас би ја избрала кариерата.За мене кариерата е најважна :)
    Кариерата е минлива,љубовта - вечна (се разбира ако е тоа точно,но за жал голема реткост е) :|
    Вечната љубов во нашево време тешко може да се најде,додека кариерата ни дава некаква смисла во животот (доколку е соодветно избрана професијата) Мислам дека реализацијата на кариерата е многу полесна од љубовта,постабила е и поинтересна.На повеќето луѓе љубовта им прераснува во навика,додека работата е поврзана со развојот на кариерата,комуникација со луѓе.Познавам луѓе кои по пензионирањето се жалат дека се чуствуваат бескорисни затоа што работата им давала стимул во животот :^)
     
  14. oceangirl

    oceangirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    70
    Carrier Woman

    Super Carrier Woman , Super In Love of Life , Super Adventure with Super Man Support
     
  15. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Carrier Woman

    Да бидам сосем искрена, живееме во Македонија, а не во некоја економски добро поткована држава и мене ми е помалку смешно како токму во оваа државичка се' уште налетувам на млади, кревки, амбициозни, мотивирани душички, кои се залетуваат и мислат дека ќе изградат кариера.
    Тука.
    :^)
    Наречете ме луда, тоа е моето мислење.
    Кариера во државната администрација ... :^) ќе застанам тука, сите зборови понатаму се сосем излишни.
    Кариера во приватниот сектор... па , да видиме.
    Ако под кариера се подразбира секојдневно останување после нормалното работно време, значи дневно работење по 10-12 часа, плус влечкање работа дома, повици на мобилниот на секои 15 минутки, го влечкам секаде со мене, буквално и во веце, повици во ниедна доба, делник, празник, сабота, па некогаш и недела на работа, за да после неколку месеци ме унапредат и добијам покачување на платата од дури 3000 ден... :^)
    да не се лажеме, но не вреди.

    Сум го поминала сето ова и многу повеќе, а фидбекот кој сум го добила бил подолу од нула.
    Сум жртвувала слободно време, пријатели, убави моменти со семејството, дури и Љубов... и не повеќе, благодарам, нека сум неамбициозна, анти-феминистка, сакам регуларно да си ги одработам моите обврски најубаво што умеам и со мирна глава да си отидам дома, за да уживам во остатокот од денот наречен ЖИВОТ.

    Не станува збор дека јас не можам или немам сили за сето тоа и многу повеќе.
    Едноставно е, НЕ САКАМ.

    Ја бирам Љубовта и сите останати благодети кои ми ги нуди животот, зашто нема пари на овој свет, дипломи и признанија кои ќе го вратат 25 роденден на мојот најдобар другар и свадбата на братучетка ми и ред други слики на кои јас отсуствувам, оти сум била зафатена со "кариерата" |( ...

    Не осудувам никого кој се одлучува за спротивното, напротив, им се чудам на силата, мотивираноста и храброста, само едно нека е сосем јасно...
    Брендирани чанти не возвраќаат на муабети, а скапите чевли не умеат да гушкаат навечер...
     
    На MSkorpionka, eli25, Bibko и 9 други им се допаѓа ова.
  16. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    690
    Carrier Woman

    Морам да се сложам со постот на Трендафилка.

    И јас ценам дека вистинските вредности во животот се во далеку посуштински работи од парите, НО...

    За жал, колку и да не сакаме да бидеме кариеристки некако се повеќе тонеме во тој бунар без дно наречен капитализам. И да сакаш да работиш нормално (нели 8 часа на ден) и да сакаш да не работиш и за празници и за делници и да сакаш да имаш повеќе време за да си го посветиш на себе си и на луѓето кои ти значат, денеска тоа е мишн импосибл.

    Никој мене не ми ја наметнува мојата работа! Јас мојата работа си ја работам и си ја завршувам најдобро што можам. Меѓутоа преобемноста на работните задачи, како и недостигот од време за извршување на истите ме доведува до ваква ситуација во каква што денеска се наоѓам - кариеристичка!

    Не сакам да главам до 20:00 часот на работа - но морам, не сакам да одам на работа за Велигден - но морам, не сакам да работам за викенд - но морам и тоа не заради тоа што сакам да се упикувам на директорот, не затоа што барам поголема плата (нормално дека сакам, но не барам) и сигурно не е дека сакам да градам некоја безвезна кариера во оваа глупава држава, но немам избор!

    Работата е таква и морам да се помирам со тоа. Не е до фирмата моја и на друго место ќе биде така. Не е ни до директорот, ни до вработените, туку е до времето во кое живееме.

    Така да јас сум Carrier Woman, не затоа што сакам, туку за жал затоа што морам.
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.130
    Пол:
    Женски
    Carrier Woman

    Значи јас знам дека сум млада и имам уште време ама од сега знам дека би избрала кариера .
    Имам цел и сакам да ја постигнам тоа ми е најважно .
     
  18. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Carrier Woman

    И јас ќе се надоврзам на Бокичка и Трендафилка. Од проста причина што се согласувам со нив двете.

    Прашањето е дали работите за да преживеете или живеете за да работите? Јас сум за првово. Не гребам туѓи грбови, не сакам да напредувам по секоја цена горе. Горе што ме чека? Работно време од немајкаде до немајкаде. Живот во канцеларија, работни состаноци, работни вечери. Љубовна врска со телефонот, блекберито, лаптопот. Не знам, некако не ми се допаѓа.

    За жал мислам дека вакви времиња дојдоа. Работам до 5, официјално. Ама кога има работа знам да заглавам додека не завршам. Се случува кога е жустро телефонот да ми свири за секакви потсетувања што не смеам да заборавам да завршам. Кога заспивам размислувам што не сум сработила или што сум можела да направам поинаку. Кога сум на терен нон стоп сум на телефонот и немам време дури ни едно кроасанче да изедам. Мозоков ми врти стотче на саат. Да, да има такви периоди. Е*ем ти капитализам!

    Сакам да сум амбициозна и сум до степен да си обезбедам самата на себеси некој пристоен живот. Сега засега. Утре здравје ќе треба да мислам на фамилија. Ете тие се границите. Не плачам по огромни мерцедеси. Доволно ми е мало количе, пристоен и удобен стан исполнет со љубов и позитивна енергија. Ете до таа мерка сакам да сум carrier woman. Не дозволувам работата да ми навлезе во приватниот живот, освен во оние периоди кои ги спомнав. Се трудам кога ќе дојдам дома да зборувам и мислам за се, само не за работата која сум ја завршила дента.

    Ги гледам околу мене луѓето со статус, со пари, со фамилии но и со позиции. Висат на блекберито нон стоп. Жените дома веќе не ни знаат како им изгледаат мажите. Некои веќе се разведуваат затоа што ги фатиле сопругите со градинарот. Познавам 30 - 40 годишни девојки сеуште сингл но со статус на бизнис жени. Постигнале многу на полето на работата - секоја чест. Ама едната еве сега отиде на нуркање во Џибути. Ја прашав со кого ќе оди. Тажно го впери погледот долу и ми шепна - епа сама, со кој?! Кутрата до таму стигнала што никој веќе не и е рамен да може да ја следи во нејзините интереси и забави.

    Епа нејќум. Некој ќе нурка во Џибути, јас сакам да се шлапкам во кадава со свеќи и со личност со која ќе ми биде пријатно, па и за цена нозеве да ми штрчат надвор од кадата.
     
    На hunny-bunny, eli25, JuLleE и 6 други им се допаѓа ова.
  19. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Carrier Woman

    можи ќе звучи сурово но кариерата ја одбирам ќе се борам во животот да гои постигнам зацртаното мн.пати порано љубовта ја ставав на прво место и повеќе изгубив но тоа беше порано сакам да сум успешна и независна жена но сакам и семејство толина се разбира ќе се трудам да ставам некој баланс помеѓу 2те работи колку ќе постигнам само бог знај да сум здрава и жива но и без пари кариера не се живее само се трупат проблеми
    да сме реални ова мој став...
     
  20. missperfect

    missperfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    60
    Carrier Woman

    Дефинитивно ги ставам љубовта и семејството пред кариерата, бидејќи тоа е мојот приоритет. Каде и да сум, за мене семејството е на прво место, а потоа се друго. Познавам такви жени што изградиле кариера, но изгубиле многу други вредни работи како на пример своето семејство (мислам на среќата и хармонијата во семејниот дом). Секој има право на свој избор и приоритети, но треба да се знае дека и се има своја цена и дека еден ден таа ќе ја платиме. Можеби во Холивуд се градат кариери и имиња, но сурогат мајки им ги раѓаат децата. Таму поимот семејство не постои, за нив најнормално е да се живее сам, да се јаде брза храна,нема шанси да пиеш кафе со комшиката.
    И кај нас доаѓа тој тренд. Само ова е Македонија,кариерата тука не се гради со вистинска работа ниту пак некој ќе те цени ако вистински се трудиш да си ја сработиш работата. Иста плата земаат и тој што забушава и тој што работи. А не можам да ги сфатам тие што градат кариера газејќи луѓе, за жал такви има многу :tmi:
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.