1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Career Woman

Дискусија во 'На работното место' започната од OrdinaryGirl, 4 јули 2010.

  1. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.809
    Допаѓања:
    110.689
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно семејство. Сега ќе ви кажам и зошто. Работата ми е таква да има периоди кога буквално заглавуваме на работа. таков е и сега периодот. Кога доаѓам дома сум толку преморена, нервозна, зајадлива да буквално не трпам никој. За среќа не сум мажена и немам деца. Многупати сум се запрашала Што би било кога би имала деца??? Неспособна да ги гледам, уморна за да играм со нив, нервозна да ги ислушам нивните проблеми. Не сакам така да ми растат децата. Пред некое време го носев внук ми во зоолошка, а имам комшивка која е буквално предадена на работата и има детенце кое е нон стоп со баба му или дадилката. И реков ајде да прашам дали сака да идеме заедно. Кога отидов излегува девојчето 5 годинки и ми вели Мама е на работа не можеме да дојдеме со вас. Очињата така и беа натажени, срце ми препукна. И се јавив на комшивката на телефон и и реков дека ќе ја земам малата со нас во зоолошка. Детето се прерадува. Инаку денот беше недела.
    Така да не постојат тие пари, таа кариера што можат да ми го оправдаат тој тажен поглед на детенце од 5 годинки кое во недела на прекрасен сончев ден седи дома гледа цртани, наместо да диши воздух и да се дружи со мајка му. Не благодарам.

    А да не ви кажувам за случаи кога децата дадилките ги викаат мама а мајките по име.

    Работа да, за да имам да го прехранам, да го облечам и да го школувам. Кариера по цена на моето дете НИКОГАШ!!! Ако сака маж ми нека брка кариера, но на детето му треба мајка. Не дадилка, не баби и слични замени.
     
    На Mr.Mary, eli25, lolyta777 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Leeloo

    Leeloo Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2010
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    290
    nena2010, во се што кажа погоре тотално се согласувам, али и не мора да значи, пошто во многу примери од животот голем процент од жените бркаат кариера во исто време кога имаат и семејство, без разлика дали со мали деца (посебно) или големи. Но мајка си е мајка, секогаш е потребна.

    Тоа што сакав да кажам е дека еве јас како доста амбициозна личност, прво би гледала да го постигнам тоа што ми е зацртано во животот и би одвоила неколку години за тоа, пред се обезбедам некој пристоен живот, па потоа би основала семејство и да знам дека после за моето дете ќе имам финансии да му овозможам тоа што ќе посака, а не да се влечкаме и заглавуваме со кредити. Ќе има тешки денови, не викам не, али никогаш пак не би сакала да бидам мајка кога после 20/30 години го обвинува детето затоа што не успеала во животот и никогаш не имала кариера.
     
  3. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.809
    Допаѓања:
    110.689
    Пол:
    Женски
    LeeLoo ми се допаѓа тоа што сакаш да постигнеш нешто пред да имаш семејство. А што се однесува од обвинувањата на децата дека не остварила мајката кариера, не знам колку монструм треба да е таа мајка за да си го обвини сопственото дете за таква работа. И кај мене мајка ми се има откажано од голема кариера кога сум се родила, но НИКОГАШ ја немам слушнато да каже: Ееее да знаеш заради тебе јас од што се откажав. Се е тоа до личноста. Ако сака да брка криера и да пати детето нека е спремна дека еден ден можеби детето ќе и рече: Заради кариерата твоја јас немав мајка. Имам и такви примери во мојата околина, каде што сега тие деца се возрасни и не се во состјба да пружат мајчинска или таткова љубова затоа што не ја осетиле. Така да убаво е да се има и кариера (во никој случај не сум за тоа дека жената е за во куќа само да пере, пегла и да остане само со основно образование колку да знае да пишува и да чита), но во се треба да се има баланс. Како што рекле, лесно е да носиш одлуки во животот, тешко е да живееш со нив.
     
    На Mr.Mary и eli25 им се допаѓа ова.
  4. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    690
    Leeloo се е тоа многу убаво што го замислуваш и дај Боже да ти се оствари! Дај Боже...

    Иако, не баш така излегува како што си планираме. Мислиш дека останатите жени, девојки не го посакувале или посакуваат тоа за нивниот живот? Работите се случуваат дур да трепнеш, моментите ќе ти го скројат животот без ни да размислиш што се случува... Убаво е да имаш амбиција, само мислам дека не треба да бидеш така цврста во тој став... Времето си минува, а ти градејќи кариера за твоето семејство да живее поубаво, можеш да го пропуштиш најважното - Твоето семејство...
     
    На joelle, nesa, Phyramide и 2 други им се допаѓа ова.
  5. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367

    Се согласувам во целост со Бокичка и мислам дека ти е премногу рано да коментираш на темава Леелоо, имаш само 20 години а не знам дали имаш сериозна врска. Не дека јас сум нешто постара од тебе(само 3 години), но сакам да ти кажам дека јас исто размислував како тебе порано, но веќе не е така. Сметам дека оние кои што мислат дека кариерата е поважна од семејството го немаат сретнато човекот на својот живот и се уште мислат само за себе. Јас бев дури и полоша во размислувањето, порано од 30 да се мажам? Нема шанси деца да гледам, па вие сте луди итн итн. Најбитно ми беше студирањето и кариерата. Но студирав што студирав сега почнав и да градам кариера и сум презадоволна со успех плата итн, но секој ден кога си одам дома кога разговарам со вереникот, кога ќе ми заспие во раце е за тоа нема зборови со кои може да се опише чуството. Си велам замисли по цел овој напор секој ден да се вратам дома и да немам кој да ме ислуша или да ме прегрне, тогаш џабе е се...
    Кариерата не се остварува во дваесетите, туку напротив во подоцните години кога си стабилен, со исуство и знаеш точно што правиш, а среќата со семејството не мора да го чека тоа. Еве јас имам 23 години ќе се мажам наскоро и секој ден се повќе и повеќе посакувам дете. Наше дете, со човекот кој го сакам повеќе од се и знам дека тоа ќе ни осветли животот, ама ќе биде и тешко.
    Понекогаш се двоумам, уште ме држат тие феминистички мислења дека сум уште млада за дете што ќе помислат другарките, како ќе влијае тоа на мојата кариера итн, но кога ја читам Ариел, Озбилна жена, Блонд... сето тоа ми паѓа во вода бидејќи знам дека има жени кои можат да остварат се што сакаат, имаат кариера и прекрасни семејства. И им благодарам што ме враќаат на земја. Ние сме жени и мајки, затоа жената треба да жртвува неколку години за да се посвети на своето дете, како што кажа Нена на детето му е потребна мајка... А финасиите никогаш нема да бидат совршени.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Leeloo

    Leeloo Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2010
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    290
    јоelle, те разбирам шо сакаш да ми кажеш како погоре спомнатото од bokicka дека "Времето си минува, а ти градејќи кариера за твоето семејство да живее поубаво, можеш да го пропуштиш најважното - Твоето семејство..." затоа пред се јас и напоменав ке си дадеш неколку години за шанса дали ке успееш во тоа поле кај шо сакаш да градиш кариера. Знам дека сум млада дека имам време пред мене, али поентата со мојот пост погоре пред се беше да се проба и грубо кажано али животот да ти е полн со среќа и успех и љубов. Не ставам кариера пред семејство туку напротив тоа што го напишав за обвинувања на мајката врз детето "Еј...заради тебе немав кариера" колку и да е сурово.. го имам видено, не е мое лично искувство али ипак го имам сретнато. И по природа не сум емоционална, али секогаш во врска со вакви работи односи во семејство и сл. сум многу осетлива.

    Шо се однесува до мене.. да, јас сум иначе во сериозна врска. Но, како и шо спомна ти на форумов има доста искусни во тоа поле, ипак ми е подруго кога читам нечие друго мислење и не викам дека мојот живот онака баш ке се одвива али ете за 3 месеци почнувам со спремање на дипломска, и можеби заради тоа во последниве неколку месеци размислувам повеќе за тоа како би ми се одвивал животот, што сакам и така натаму.

    Сето ова напишано погоре си го сфакам како совет.
    И што се однесува на оваа тема сметам дека едноставно нема грешно мислење тука кариера или семејство. Сечиј пост без разлика дали е потенцирана кариерата или семејсвото е напишан со причина.

    Исклучок се личностите кои во животот во преферираат првиот дел.

    Успешната кариера е навистина нешто прекрасно но со неа не можеме да се гушнеме ноќе кога ни е студено!
     
    На rossonerka, joelle и Bokicka им се допаѓа ова.
  7. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.062
    Допаѓања:
    137.202
    Не е невозможно да си мајка и да имаш кариера, ама понекогаш е пеколно тешко.
    И не дека имам некоја не знам каква кариера, ама сепак не сум лоша :D , а имам и семејство. на работа има мирни периоди, ама има и пеколно тешки периоди, а сега сум во еден таков.
    Дома се враќам околу 7, а децата ги легнувам во 8, што знач дека ги гледам само додека вечераат и кога ги легнувам да спијат. Има денови кога и не ни стигнувам дома пред да заспијат, па се случува воопшто да не ги видам двата пара сини очиња цел еден ден. Често сум и надвор од дома, по една-две вечери неделно спијам некаде.

    Дома им фалам, и на сопругот, и на децата. Сопругот, кој никогаш за ништо не ми се налутил, сега ми беше лут, ама не знаете колку. А има многу висок праг на толеранција, ама очигледно сум ја претерала работата. На децата повеќе од очигледно е дека им фалам. Ме гушкаат, и пред спиење ми кажуваат дека не сакаат да одам на пат, и не сакаат да доаѓа жената што ги чува, туку јас да ги чувам.
    Како па јас да сакам да не сум дома. Образованието и работата сум сметала дека се важни, ама никогаш и не сум планирала да се фокусирам на кариера, барем не по цена семејството да ми трпи. Ама не е секогаш така како што планираме.

    Ме држи тоа што ова треба да е привремено, иако никако да престане, сепак се надевам дека треба да издржам уште најмогу два месеци, и потоа се ќе биде во ред. А не можам да барам друга работа. Или барем мислам дека не можам. Барем не додека имам кредити. Не е фер и финансиски да трпи семејството, мора да се балансира и од таа страна.
     
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Си стојам на претходното мислење и уште повеќе го зацементирувам.
    Еве, да појаснам, просто и сликовито.
    Со колешката започнавме ист ден во фирмата.
    Со истата сума на месечен доход.
    Ни дадоа различни задолженија, моите прилично попрости, нејзините многу обемни, сложени, за кои жртвуваше и жртвува се' уште време и нерви.
    Во меѓувреме, успеа да добие покачување на платата за 3000 ден. и доби уште еден тон задолженија.
    Мојата плата е се' уште иста, а последниов месец дена почнаа да ми даваат некои други задачки, за да виделе дали и колку добро ќе се справам.
    Јас нормално ги сработив најубаво што можев, и сега наслушнувам дека ќе ми даделе уште толку по толку задолженија, за истото тоа покачување како на колешката. :^)

    Категорично одбив, 100 пати ќе кажам не, ќе кажам НЕ и за поголема сума на пари.
    Зошто?

    Зашто не сакам да сум на телефон 24/7.
    Зашто си имам родители, пријатели, дечко кој го обожувам, и ниту денарче од тие 3000 ден. не ми се доволни вредни за компромис со моите драги лица.
    Зашто не сакам да се тресам врз телефонот, да трчам во ниедна доба да отварам мејл, во петок навечер да ми ѕвонат и да ми зборуваат за работа и проблеми на работа, да одам по патишта на празници како Бадник и Велигден, зашто "кариерата" |( |( не можела да трпи.
    Зашто не сакам да имам секс еднаш во 6 месеци.
    Побогу, зашто не се сакам себеси нервозна, хистерична, живчана, со истрошени живци уште на 30 години.
    Зашто сакам фиксно работно време , со јасни правила и после сакам да ја имам удобноста да го исклучам мобилниот и уво да не ми чуе до утре сабајле.

    И милион други причини зошто, едноставно за мене НЕ ВРЕДИ.
    Не е вредно.
    Ги презирам сите оние кои излегле на кафе со пријателките, а половина од времето се пред кафичот со телефонот во рака.
    Ги мразам сите оние отсутни, додека им зборуваш за нешто важно, а паметот им е саде во работата.
    И ќе се мразам себеси ако некогаш станам такво клонирано, роботоско суштество кое ќе продаде гз, живот и Љубов, за што?
    За грст пари.

    Не сакам.

    И да не се разбереме погрешно, не е дека јас имам премногу пари, пливам демек во нив, па ова го зборувам оти го имам тој луксуз да се занесувам.
    Немам.
    Ама сум се решила дека ќе живеам поскромен и помирен живот, додека ми оди чергата, дотаму и нозете.
    Не мора да купувам чанта од 50 евра, ќе си купам од 1000 ден... итн, итн...
     
    На Mr.Mary, marama, Bibko и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.062
    Допаѓања:
    137.202
    Се согласувам со постот на Трендафилка.
    Само не е секогаш така црно-бело. Има милиони фактори и влијанија на носењето на одлуките.

    Конкретно, кај мене, е релативно ок - се работи до 5, после никој не те замара, викенди не се работи. освен пред нова година, кога е страшен хаос. Ама сите сме навикнати дека тие 1-2 месеци треба да се издржат, и не е страшно. Само сега хаосот се оддолжи, двајца колеги си отидоа, трет остана на пола работно време, и додека се покрие дупката, се умира! Исто така во делот од мојата работа имам и работа за викенди, за која теоретски треба да ми дадат слободни денови, и никој не ми вика не - ама практично, сега за сега нема шанси да ги земам. Шефицата никогаш нема да ми каже не, ама ако земам ден, таа ќе остане сама, и ќе рикне, и онака едвај наоѓа време за спиење, а мене работата ќе ми остане незавршена. Знам дека ќе помине, за уште еден месец ќе завршат многу работи, ќе примиме и човек, ама веќе многу ми се собра, и полудувам. Размислував дека можеби и не сум потполно ефикасна, затоа што сум уморна. Ми се собра доста време работа без одмор.

    Значи не секогаш се работи за немање мир, ама има и такви периоди. Е сега пак ќе кажам, требаше да се месец-два, излегоа повеќе, ама не можеш туку така да пресечеш со давање отказ кога имаш семејство, особено што платата во споредба со обврските на друго место нема да ја најдам.

    А работата многу си ја сакам. Многу си го сакам и семејството. Е ај сеа...
     
  10. PParaskeva

    PParaskeva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    260
    Кариера ( работа ) или семејство хммммммм
    Мислам од ова прашање не постои полесно, секогаш на прво место би го поставила семејството.
    Зошто !? Еве зошто работата, носи само пари ништо повеќе ( во некој случаеви можеби и почитување ) не ми требе мене да ме сакаат и почитуваат странци, ми требе да се чуствувам почитувано и сакано поради блиските мои.

    Ако градам кариера ке ја градам поради семејството, да овозможам подобар и поубав живот за моите блиски, не за да се чуствувам исполнето и воздигнато..................


    Не сум влезена во американски филм, и кариерата е на прво место.Прво и основно во животот не добиваш ништо, таму каде што си ја градела кариерата, ке те заборават брзо, парите се тросат годините си минуваат. Кога станува збор за семејство, имање и одгледување деца ја мислам : Дека токму тоа е она битното, тоа останува тоа го оставаш позади себе си,се друго е минливо и потрошно.
     
    На KalaV му/ѝ се допаѓа ова.
  11. FridaKahlo

    FridaKahlo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    182
    Пол:
    Женски
    Економските прилики во земјата не те оставаат да бираш помеѓу работата и семејството. Работата е неопходна за одржување на семејството.
    Идеални услови би биле ако можеме да се потпреме на родителите во случај на економска нужда, или ако сме во врска или брак со човек чија кариера успешно му трганала, па заработува вртоглавна сума на пари (па би имале време за чистење, кување, деца чување, маникир, педикир итн.) или имаме веќе наследено стан, кола и други неопходни работи за живот, па сме способни тековните трошоци ги покриваме со просечно задоволителна сума од работа која не бара напорни ангажмани.
    Без исполнетите наведени предуслови, ако се почнува од нула, не ти останува избор, освен да почнеш со кредитирање на сопствениот живот кој ти го обебедува работата. Поради стеснети можности за вработување, се прилагодуваме кон работата, не обратно, таа не обликува и нас и секојдневниот живот, ни се наметнува како приоритет и како единствен извор на приход( освен ако имате среќичка од она погоре напишано), кој покрај другото е потребен за здрави односи во фамилијата. Во тој момент од животот прашањето дали сакаш или ја нејќеш таа работа, не се поставува како избор, туку сплет на околности кои животот ти ги дава. Запаѓаш во тој вртлог на обврски и се носиш. Друго, За жената да биде успешна во домот и работата, потребно е домаќин маж, кој дава поддршка а притоа и работи, на кој не му е испод гордост сам да ги пресоблече децата, да зачисти по дома или садови да измие, кога ти нема да си тука, како репер на женската посветеност и пожртвуваност кон семејството. Некои ќе речат не е тоа во машката природа или кај се видело Балкански кафанџија за домаќин, но факт е дека годините го променија поимот на работните места и на заедништвото во семејството, кое во суштина подразбира рамномерна поделба на работите кои се делеа на машко – женски.
    А за растргнатоста на жената виновен е и капитиластичкиот пазарен систем на чии правила се прилагодуваме, со нагласок на приватниот сектор во кој работното време не завршува пред 17:00 часот, наметнува работа под норма, притисок и рокови, а за возврат добиваш искривен рбет, зголемена диоптрија и истоштеност, а ако дебатираме за македонската форма на капитализам, платата што ќе ја добиеш за убивање од работа не соодеветствува со реално вложениот труд. Друга е темата за тоа какви се услови се бараат да влезеш на место со добра платена работа. И девет мачкини животи не се доволни да ги исполниш,( дипломи за најмалку два странски јазика, со интернационални сертификати, години работно искуство, дипломи од факултет, од постдипломски, тест за интегритет), Бог да чува, и после, се поместува старосната границата на жени кои се мажат по 30 - тата, или раѓаат во 40 – тата.
    Не е ни чудно што привлечни места за вработување се државните администрации и установи, каде се користат празничните денови, слободните викенди за посветување на семејството а и имаш сигурност во однос на редовната исплата на платата и работниот стаж.
    Кога размислував за темата, прво што ми дојде на памет во најсуров облик како ја доживувам жена – кариеристка, си преставиви слика од Жена со високи потпетици во деловно костумче со претерана амбиција, жена – шеф, посветена самата на себе и на својата работа, со второстепено значење на се друго. Жена која нема појма од кување, чистење, се откажала од деца или самохрана мајка а воедно деловно успешна жена и слично. Опозит на оваа крајност е жената со престилка, џемперчиња и витлери и се сетив на филмот со Никол Кидман The Stepfords Wives,кој ја обработува оваа тема и има интересна поента.
     
    На nela.oh, MacenceEna, eli25 и 6 други им се допаѓа ова.
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Покрај мене имам одличен пример за тоа како сакам да изгледам јас во иднина. Мајка ми е доказ дека жената може да напредува и во кариерата, а истовремено да основа семејство. Не е лесно да бидеш и сопруга, и мајка, и домаќинка и вработена, особено не во професијата на мајка ми. Има денови кога немаме време да се видиме и си кажуваме само добро утро, добар ден. Но, таа е прекрасен родител и секогаш гледа да ни надокнади и да биде во тек со она што ни се случува. Не се води според некои патријархални тези дека жената мора да биде домаќинка, па така не има и воспитано мене и сестра ми.
    На форумов забележав прекрасни феминки кои успеале да бидат успешни на секое поле и навистина ми е мило поради тоа. Така успеваат да ги урнат сите предрасуди за жената. :)
     
    На m2m2m2 и eli25 им се допаѓа ова.
  13. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.867
    Допаѓања:
    122.988
    Размислувањето се менува-кога ќе ти се случи.
    Јас премногу амбициозна ,и така си велев-Јас ова ќе станам ,она,се од себе ќе дадам и има да успеам |(
    Мислам ова кога се запишував на факултет па и цело средно ми беше девиза.
    Но потоа магично,се се менува.Најбитно ми е да ги гледам моите најблиски ,и по цена на кариера.Зошто парите не ти го полнат срцето онолку колку љубовта,колку топлото кафе со мајка ми,колку времето со сестра ми........Навистина е страшно што некогаш си приморан да работиш толку многу,зошто ти требаат пари.
    Со претходната работа немав проблеми.16,20,16.30,некогаш и покасно-ако не ги завршев обврските.Али со новата,искрено сум исплашена малку.Два дена во неделата ми се надвор од Скопје,па претпоставувам доцна ќе се враќам :worried: Уште од сега се грижам како ќе ми фали заедничкиот ручек со дечко ми,а камоли пак утре да имам мое детенце кое желно ќе ме чека.Помислата на тоа ќе ме убие.Ајде си велам,млада сум привремено,ќе издржам.А дали се залажувам?Сето ова е за тие проклети пари.Кога не би било.....се би било друго.
    Значи би одбрала фамилија.Сепак многу фактори играат улога.Не сум болна по кариера и само кариера.Сакам златна средина,ама ете денес тешко се постигнува......
    Исто како во постот на Нена,ја пронајдов мајка ми.Била одлична одбојкарка и одбила големи понуди-заради мене.Претпоставувам дека животот ќе и се сменел,ќе имала многу пари,ама друго би трпело.И таа вели-дека не се кае,дека најбитна и е фамилијата.Ама ете тогаш било друго време,со една плата се искачало на крај,ама денес..брррррр.........
     
  14. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Според мене успешна жена е онаа жена која ќе основа семејство, да е добра сопруга,мајка,домаќинка, ќе ја работи кариерата што ја сака, ќе биде успешна во неа, ќе реализира додатни проекти(бизнис), едноставно речено....ги остварува своите соништа.
     
  15. siempre

    siempre Активен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    3
    Со добра организација и добро дефинирани приоритети,една жена може да се реализира на двете полиња: кариера и семејство. Мене искрено, друг дел ме плаши. Колку денешниве мажи се подготвени и ослободени од балканскиот менталитет за да ја следат и поддржуваат. Денешниве мажи сеуште не се подготвени да се помират со фактот дека нивната девојка/жена заработува повеќе од нив,повремено патува, се враќа доцна навечер од работа и сл. Иако на почеток ќе речат дека те поддржуваат, машкото его ќе проработи кога-тогаш. Не ги ценам мажите според тоа колку заработуваат или колку се високо на позиција,но од искуство, сум почувствувала дека се чувствуваат малку загрозени зашто сум била во моментот поуспешна од нив и на некој начин им претставува проблем. Токму затоа и се плашам да започнам врска со еден дечко, зашто од старт го чувствувам тоа од него. За врска/брак се потребни двајца и треба меѓусебно да се поддржуваат за да успее.
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.682
    Ова се` заедно, или може и одвоено? :lol:

    Без зезање, ова погоре наброеното е за СУПЕРжена, не за успешна :) На едно (или повеќе) од сите наброени полиња ќе мора да има пропуст (семејство, мајка и сопруга е на прво место секогаш, барем кај мене), ама не можеш и кариера да имаш (која неретко бара и overtime саати), и дома кога ќе се вратиш да чистиш и готвиш за наредниот ден, да спремаш деца за училиште/спиење, да водиш љубов со мажот ти, и на крај да завршиш со лап топ во раце правејќи бизнис план за некој свој проект.
    КОЈА ГО МОЖЕ ОВА - ВЕДНАШ ОРДЕН ЗА СУПЕР ЖЕНА И ДАВАМ :bow:

    Јас си ја водам кариерата, реков веќе дека семејството ми е на прво место, ама чистењето и готвењето му го оставам на друг оти иначе ќе треба да одам по улици и да тепам :D
     
    На Hipster, joelle, Ariel и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Kicky

    Kicky Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    74
    “Some women choose to follow men, and some women choose to follow their dreams. If you're wondering which way to go, remember that your career will never wake up and tell you that it doesn't love you anymore.”
    ― Lady Gaga
    Јас потполно се согласувам со наведеново..
    Семејството ми е пред се нормално, и здравје итн..
    Но оној кој се плаши од моите амбиции очигледно не е вистинскиот.
    Јас не би била потполна само со кариерата, се разбира дека би сакала да имам некој со кој ќе ги споделам деновите, некој за кого би работала итн..Но ако ми постави ултиматум би избрала кариера! А како што кажав ако е вистинскиот нема да направи такво нешто и ќе ме подржува..
     
    На jagotka123 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Karamella

    Karamella Активен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    23
    Не, никогаш не би ја дала работата освен ако имам големи проблеми. Јас немам големо семејство само мајка ми и таткоми ги посетувам на викендите. Затоа моментално сум како Career Woman само кариерата ми е важна. Многу убава работа си најдов презадоволна сум. ;) :)
     
  19. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    си го читам претходното мое мислење и за сега не планирам да се врзувам и да основам семејство, но тоа не значи дека нема да се случи некогаш(иако за сега приоритет ми е наогањето на работа, почетокот на кариера) а кога би се случило и семејство ке се обидам да ИЗБАЛАНСИРАМ мегу двете работи (со помош од најблиските се разбира)и позвавајки се себеси, не би можела да издржам како домакинка, па колку сака нека заработува господинот и каков сака луксузен живот да ми овозможи џабе е кога ке немам своја паричка в џеб, и лична сатисфакција
     
  20. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.226
    Допаѓања:
    283.986
    Најпрво да одговорам на првичното прашање кое беше поставено.
    Никогаш не би се лишела од напредок во кариера за да бидам домаќинка.

    А успешна кариера не значи и авоматски не чуствување на благодетите на семејството, посебно успешен брак со партнер со кого делите исти ставови и размислување за заедничката иднина.
    Се додека е партнерот подеднакво амбициозен како мене, и сака да најпрво да напредува во кариерата и да ужива во животот во пар после да го прошири семејството, не гледам зошто тоа би било проблем.

    Според мене хронолошкиот развој на настаните првен кариера потоа семејство е важен за една жена да има поголема веројатност за успех во двете области, но сепак не и пресуден, исклучоци постојат.

    Се знае на која возраст е најпогодно едно лице академски да се надоградува, кога да работи и кога да напредува во кариерата. Напредокот захтева голема пожртвуваност, време, енергија кои е тешко да се делат на два.
    Многу девојки паралелно одржуваат успешен брак, се грижат за дечињата и паралелно студираат. Значи можно е, но јас не би.
    Не чуствувам потреба од таква пожртвуваност.
    За себе си стојам на ставот дека во моментот кога целосно ќе го завршам академското образование, и ќе достигнам работна позиција која сметам дека реално ги одразува моите способности, а последователно на тоа и финансиската сигурност и комоција од истата ми се обезбедени....можам да размислувам на друг тип дневни обврски.
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.