1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Career Woman

Дискусија во 'На работното место' започната од OrdinaryGirl, 4 јули 2010.

  1. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Сонот на најголем дел млади девојки, Career woman...А што конкретно ќе работиш? Ма што да е, важно да сум со костумче и актовка и секси висока штикла... :D
    Лично за мене сум свесна дека додека сум тука напредување за мене нема... А тоа што ми се нуди е само дополнителна работа и небитен статус колку да се чувствувам важно, а ниту ќе се одразува позитивно на мојата банкарска сметка, ниту пак ми дава некаква сатисфакција при работење така да, не, благодарам, ви ги знам намерите...
    А доколку вистински имам шанса да напредувам, да направам нешто бар слично на кариера, ќе ставам на вага прво и ако губам голем дел од времето и комфорот дома со моите, нема да прифатам. Да се прашував неколку години порано, ќе одговорев поинаку без двоумење. Сега не.
     
    На Ilinaaa, Filiposka, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  2. MarioCasas

    MarioCasas Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2012
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    111
    zena karieristka e son za sekoj maz :)
     
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Стварно?
    А зошто?
    Може малку повеќе да објасниш?
     
    На srcekrsacka и eli25 им се допаѓа ова.
  4. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    13.216
    Пол:
    Женски
    Прво, кариера не се гради со работно време од седум до три. Кариера се гради со работни денови кои никогаш не знаеш кога ќе завршат, постојано другарување со мобилниот, многу откажувања, стресови.
    Дали на овие жени после работниот ден им останува енергија да се посветат на семејството не знам, нити дали со парите кои ќе ги заработат можат да го надокнадат изгубеното.

    Јас мојот избор го направив, многу одамна. Семејството на прво место, но од мојата работата и финансиската независност никогаш би се откажала. Професионално сум реализирана, си ја сакам работата, а кариера, позиција, моќ - не ме интересираат. Не е само прашање на посветеност на семејството, јас сакам да уживам во животот, важен ми е приватниот мир. Работата не е мојот живот, таа е само еден дел од животот.

    Познавам жени кои направиле успешна професионална кариера и воспоставиле баланс во останатите сфери, но со максимална поддршка од сопругот и другите блиски. Им се восхитувам, навистина. А кога сме кај мажите, се разбира сите тие сакаат образована, успешна жена, но во суштина најголем ќеиф им прави топол дом кој мириса на тазе колачи, да ги дочека насмеана жена, а не хаотична кариеристка која постојано нервозно жонглира меѓу работата и семејството.
     
    На KittyAgnes, Mr.Mary, Hipster и 12 други им се допаѓа ова.
  5. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Moжеби за тебе, но многу мажи се плашат од успешни жени. Сакаат тие да се главни, да земаат поголема плата, жената да се метка и по кујната, а не само да трча на бизнис состаноци. :)
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    А зошто мислите дека една жена ако не направи кој знае каква кариера се што и преостанува е да седи дома и да биде домаќинка?
    Не се работите црно-бели, има и нијански измеѓу нив, само зависи кој како гледа на работите. Јас не планирам да градам некоја си “светска“ кариера (ако на сметка на тоа останам сама цел живот), ама нема ни да бидам домаќинка кој седи дома. Завршив факултет и работам по струка за сега, а планирам и уште малку да се надоградам, мене ми е доволно.
     
    На pms му/ѝ се допаѓа ова.
  7. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Јас би одбрала кариера пред семејство, искрено. Млада сум, немам запишано ни факултет уште, ама многу добро си знам кои ми се плановите во иднина и што сакам да постигнам во мојот живот. Дефинитивно не планирам да се мажам на 23-24 години и да гледам деца, кога на тие години луѓето уште учат факултет, магистрираат и си ја надоградуваат кариерата. Да не ме сфатите погрешно, не значи дека јас не сакам да се омажам и да имам фамилија, но не мора тоа да биде во период кога имаме најголеми шанси да успееме на професионално ниво. Фамилијата може да почека, според мене идеална возраст за основање на фамилија би биле почетни 30-ти години ( 31 или 32 ). Можеби многумина нема да се сложат со моето мислење, но размислете убаво, бидејќи деца можеш да гледаш и на 23 и на 32, а за кариерата не би рекла дека може да се равива исто во овие години. :)
     
    На jagotka123, srcekrsacka, miss.ella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. marija.stoja

    marija.stoja Активен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    8
    Da site sme nie karieristki a poglednete ja realnosta, site bitni pozicii im se doveruvaat ne mazi.
    Mama e glavna doma - vikaat decata.
    Devojcinjata u shkolo se podobri od momcinjata, i posle ke gi snema... vo svetov postoi nesto so se vika STAKLEN PLAFON http://en.wikipedia.org/wiki/Glass_ceiling

    Epa otvarajte oci vo koj svet ziveete, ne zadovoluvajte se so pomalku, ne go bodrete nesposobniot nad vas zatoa sto e maz!
     
  9. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    Искрено ме фаќа страв од што следи понатаму.

    Никогаш не сум се замислувала како домаќинка што по цел ден се вртка дома, па забриши си прашина, па проврти ручекот, па погледај децата и оп така поминале деновите. Ниту па сум се замислувала како некоја што брка кариера ко луда, саможивник со единствена преокупација - работа.

    Семејството нормално ми е приоритет. Но, тешко е да направиш баланс. Јас ниту ќе наследам стан, ниту некој ќе ми помогне нешто. Барем што се однесува до финансии. Знам дека ќе почнам од нула, дека голем дел од животот ќе живеам под притисок од кредити и разни давачки кои не се подмируваат со 250 евра плата.
    Не сакам да отплаќам стан до длабока старост, да немам обезбедено живеалиште и постојано да се стресувам на помислата дека можам да останам без работа и да не можам да го отплатам кредитот. Сум преживувала разни стресови со селења како дете, па не посакувам тоа да го доживеат и моите. Барем основните животни прашања да се средат што побрзо.
    Далеку од тоа дека мечтаам по луксузи, скапи коли и викендички.

    Ќе си речеш го сакам основното, ама и до тоа е проклето претешко да се стигне. Едно пижљаво станче од 50 квадрати моментално е поскапо од што можам да замислам. Покачени цени на се живо. Кога ќе го направиш есапот мрак пред очи ти паѓа.

    Свесна сум дека ќе има моменти кога ќе биде потешко. И на работа и дома. Наместо во 4 да се вратам, ќе мора да останам некој саат плус, ќе бидам поуморна и домашните обрски ќе бидат понапорни. Некогаш и дел од работата ќе однесеш дома...далеку од совршено и далеку од мојата замисла за тоа каков живот сакам, но почетокот знам дека ќе биде напорен . Ги гледам и моите колку се мачеле и работеле и тоа за најосновното, а камоли за некој екстра трошок.

    Не се знае што ти носи живот, особено во ваква држава каде што не е лесно да најдеш работа, каде што човечкиот труд максимално се искористува за мизерни плати. И тоа баш од причина што знаат дека многу луѓе работата си ја гледаат како очите, поради тоа што немаат голем избор, што не можат да си го дозволат луксузот да ја лупнат врата на шефот и да кажат, пријатно со здравје најдов јас и подобро.

    Само се надевам на здравје...на партнер што е доволно созреан и стабилен да помине бурен период. Па за другото заедно ќе одлучуваме и ќе кроиме планови. Најважно е да има љубов и подршка, секој слободен момент да се поминува со семејството и заедно да се издржи.
     
    На pms, Mama25 и Filiposka им се допаѓа ова.
  10. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.720
    Допаѓања:
    122.045
    Вчера со бивша колешка се најдовме на кафе.Работи во јака фирма,многу високо котира,ама по цел ден не е дома.Од неделата 3,4 дена е на страна,на пат,каде вели се враќам само да преспијам,ни децата не си ги гледам.И од порано велеше дека сака да престане,во растењето на едното дете не учествуваше,а сега за второто демек и дошло памет,дека сака да си најде нормална работа,ама ете не може,од проста причина што изгледа премногу и се допаѓа и работата како и заработката од неа.Порано велеше уште куќа да направам,кола да купам и барам друга работа.Денес вели не можам да се откажам,не сакам.А и сама ми кажа дека малечкото детенце кое и е 2,3 годинки,кога се враќала навечер уморна,трчало кај неа и не ја пуштало да си легне,ја гушкало за нозете,се влечело по неа и викало сирото не,не........

    Таа не сака да најде просечна работа.Еднаш била,и кога скокна високо не сака назад,џабе збори.
    Едноставно карактер,кој бира кариера пред се друго.
    Јас не би можела да работам со мисла дека по цели денови нема да си ја видам фамилијата.
    Налет и пари и се,што ќе ти се,кога смислата не е во тоа?
     
    На Sweetheart87, Ilinaaa и kravce им се допаѓа ова.
  11. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    па нели за мажот е под чест прифакањето дека жената заработува повеке од него :?:
     
    На rici.aaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Хм....:shake:...Не би рекла... :) Мажите не сакаат да се во сенка :lol:
     
  13. Natence88

    Natence88 Активен член

    Се зачлени на:
    2 март 2012
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    8
    Здраво!
    Би сакала да ми кажете некоја идеја за започнување некој интересен бизнис. :)
    Веќе некое време размислувам каква продавница би било интересно и привлечно да се отвори, да е нешто ново и не многу застапено но се што ми паѓа на ум веќе го има во мојот град. :D
    Сум размислувала за бижутерија, продавница за перници, завеси но мислам дека од ова последното не би имала многу заработувачка...Сепак мислам дека најисплатливо би било да се отвори некој бутик.

    Ајде деловни жени, помогнете :)
    Поздрав!
     
  14. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    можеш бутик за повеке работи
    парфеми, козметика и облека или облека и аксесорис
    еве јас се уште не сум деловна жена ама се надевам дека ти помогнав :)
     
    На Natence88 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Skromna

    Skromna Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    118
    Домаќинки или кариеристки

    :) Јас не можам да се замислам да седам дома и да не правам ништо корисно.
    Сепак и не сакам да бидам традиционална домаќинка, како што била свекрва ми,мајка ми и некои други кои ги познавам... Убаво е да си ДОМАЌИНКА, добро ситурана и еве како ја замислувам таа домаќинка јас:

    1.Има доволно слободно време за своите деца!
    2.Има доволно слободно време да си посвети себеси!
    3.Има доволно слободно време да посвети на куќата и сите работи и обврски во неа!
    4.Има слободно време да и посвети на градината!
    5.Има слободно време да посетува неколку курсеви ...
    6.Има доволно слободно време да им посвети внимание на своите пријателики!
    7.Има свое хоби( овде би го внела хобито, да има своја организација-фондација, можеби кога јас би се прашала, би имала хоби пишување некои книги, можеби правење вино(подразбира да има мини винарија), хоби и бла бла. Нели ова хоби би и донело на таа домаќинка и пари, но не би се нервирала од каде ке ги најде да ги вложи бидејки сопругот и е многу добро ситуиран..., па дукан,

    Сакам да бидатм таква ДОМАЌИНКА,ама незнам дали би го издржала тој начин на живот?!
    Сега за сега сум вработена ТУРБО и од горенаведените освен точка 7 за хобито другото го стигнувам само едно 10% во еден месец да го завршам како сакам а тоа да ми озвожможи малку да се чуствувам исполнета..
    Jас сум на коњот со тоа што барем 1 месечно посетувам козметичар, а за фризер некогаш и на 2 месци. Сакам повеќеее!!
    Домашните обврски се ми се на трка, за викенд и сите знаете како оди што да ви причам!Сакам барем повеке од 2 пати во неделата јас да направам квалитетно јадење по мој терк и сите како луѓе да ручаме ...
    Со пријателките срека што постојат мобилните и нели фацебоокот .

    Хобито, што беше тоа?
    Можеби сето ова е одраз на моја неорганизираност?Незнам, можеби е реалност!Не се жалам, се трудам максимално и ке се трудам да ја стигнам бараем 20% мојата замислена ДОМАЌИНКА..
    Инаку без разлика на тоа што и како ќе работиш, секогаш недостига слободно време, па и да се раскинеш од трчање исто му иде - секогаш нешто останува недовршено. Фали време. Денот има само 24 часа во кои мора да се изорганизира се, па затоа се оди со елиминација на оние понебитните работи и посветување време на битните.. 8) ...
     
  16. Camellie

    Camellie Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    107
    ....
     

    Прикачени фајлови:

    • 1352501875205.jpg
      1352501875205.jpg
      Големина на фајлот:
      17,6 KB
      Прегледи:
      477
  17. bibush

    bibush Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    28
    Јас мислам дека не е неопходно да се откажеш од кариера за да имаш семејство. И да имаш семејство не значи да бидеш класична домаќинка од времето на нашите баби. Не мораме самите да пегламе, чистиме...можеме да платиме помош за таа работа. Штом сме одбрале да имаме и кариера сигурно заработуваме за да можеме таква помош да си дозволиме. Јас конкретно имам високо образование и градам кариера, имам засега добра позиција, имам и желба за напредок и не планирам од тоа да се откажувам за да имам семејство. Ќе имам и семејство и кариера. Искуството на Ариел е навистина доста напорно, но немора пак сите да го имаме тоа искуство, на некој може ќе му биде полесно. Нормално е да биде потешко кога се има семејство, еве јас на пример порано имав време и дома да донесам материјали за читање или за работа а сега немам време ,откога почнав да живеам сама со дечкото, значи без мама да ми оди по мене и се да ми средува. Јас сакам кариера, ама не само кариера, бидејќи и најуспешна да бидам во мојата област ништо нема да ми значи без задоволството што го нуди семејството, и обратно само семејство а без чуство на професионална реализација би се чуствувала исфрустрирано. Значи јас сум за баланс, бидејќи и желбите ми се такви, ги сакам и двете работи и мислам дека можам да ги имам. Нема да бидам супер сопруга и мајка, нема да бидам ни екстра кариеристка, ќе бидам по дел од двете работи. Познавам многу такви жени и верувам дека и јас ќе бидам една од нив.
     
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.067
    Допаѓања:
    11.214
    Блазе си им на тие жени што имаат се и работа и семејство, ем средени во секое време. Им се чудам како успеваат.
     
  19. redhat

    redhat Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    222
    мислам дека драга ако се има желба се има се секако и можности :D :D :D добро менаџирање со времето и се е под контрола
     
  20. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.484
    Пол:
    Женски
    Збркани се лончињата малку тука

    Според мене добра ДОМАЌИНКА е жена што покрај другото, и финанансиски придонесува за фамилијата. Исто како што и КАРИЕРИСТКАТА сама си брише прашина и си готви.

    Јас тек почнав да градам кариера, имам 23 години и овие неколку години е гледам да го постигнам максимумот во кариерата. После ке си го држам тоа темпо додека створам фамилија. Ако е потребно ке се спуштам и едно скалило подолу во кариерата. Кога ке ми пораснат децата пак ке си продолжам да напредувам. Така се движеа работите и кај мајка ми. Јас и брат ми пораснавме веке секој си тера негов пат, сама си кажува, ако не е работата да се занимава ке побудали.

    Во одлуката на жената влијаат многу работи. Многу е важно колку помагаат родителите и мажот. Има мажи работата во куката ја делат со жената, а некои по застарена мода уште фрлаат чорапи по станот и чекаат на масата жената лебот да му го послужи. И не можеш ти да градиш кариера кога покрај децата дома имаш и еден дибек за гледање.
     
    На tessie и Tanjamm им се допаѓа ова.