1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Career Woman

Дискусија во 'На работното место' започната од OrdinaryGirl, 4 јули 2010.

  1. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.635
    Пол:
    Женски
    Кариерата и парите секако како шо би одбрал и спротивнио пол. Незнам домакинките шо се толку горди на себе? Секој може да слугува и цел ден дома да седе
     
    На jagotka123, Traveler91 и Feminka22 им се допаѓа ова.
  2. Seli20

    Seli20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2016
    Пораки:
    588
    Допаѓања:
    420
    Пол:
    Женски
    Јас ги сакам и двете работи. Си замислувам дома седам, готвам, средувам, растам деца, во куќа со дворче во близина на градот, па шетаме навечер со сопругот, одиме на кино. И ова ми е баш идилично некако ама може и да ми се досади. А во реалноста уствари сум кариериста. Млада сум уште, немам деца и доста работам, напредувам, работата ми носи задоволство и не верувам дека би можела толку лесно да се откажам од кариера, учев многу од основно, средно, факс све во рок, па сега уште учам и сето тоа да падне во вода, не би сакала така. Па поради тоа би пробала да жонглирам, што денес е многу тешко. Со напорна работа од 9 до 5, на раководна позиција плус, дома во 6, главата тупан. А тогаш треба готов ручек да имаш, после со децата домашно да се пишува, да се учат, да се разговара, па ручек за следниот ден, па врската со сопругот исто многу важно време за вас двајца оффф паника ме фаќа од што ги сакам и двете работи, повеќе семејство ама многу вложив во кариерата и не можам да оставам се и плус ако оставам работа од што ќе живееме ехх возрасен живот не е лесно...
     
  3. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.635
    Пол:
    Женски
    Па обврските се делат една недела ти прави ручок една недела маж ти и тој е дел од заедничкото живеење
     
    На Seli20 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Seli20

    Seli20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2016
    Пораки:
    588
    Допаѓања:
    420
    Пол:
    Женски
    I prepare for the worst case scenario!
     
  5. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.635
    Пол:
    Женски
    Зоштооо
     
  6. dankee

    dankee Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    772
    Не се подготвуваш за сценариото, туку ти самата го правиш врз база на што ќе се реализира. Од самата врска поставуваш што би правела а што не, и најубаво една година и живеење заедно пред брак. Ако е човек што те подржува во твоите желби и амбиции , ке ти помага со домашните обврски .
     
    На KuklickaSk и hellocity им се допаѓа ова.
  7. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.469
    Допаѓања:
    17.430
    Пол:
    Женски
    Баланс и златна средина помеѓу две или повеќе работи важи за нешта на кои не си посветен целосно, нема да направиш се' за да успееш со едно на ум. Дури и тогаш, пак има подреденост и приоритети, едно секогаш ќе биде пред друго/и.
    Што не значи дека нема да живееш убаво, оти под "убаво" секој ќе стави негови лични критериуми, вклучувајќи од се по малку.

    Кога формирш сопствена фамилија, логично и нормално е таа да ти стане приоритет и да доаѓа над се друго. Мислам твој избор е да официјално да "се врзеш" со тие луѓе, истото носи обврски плус.

    За мене, "од се' по малку" не е начин на живот за постојано. Сега додека ја имам целата слобода ќе пробам различни ствари за да го најдам тоа што ми лежи и да се препуштам целосно на него. После ќе градам иднина за себе за да бидам меѓу најуспешните во таа сфера. И додека не го исполнам тоа што го сакам, нема да застанам.
    Во прв план ми е професиналното остварување рака под рака со личното, па после се друго вклучително и основањето фамилија.
     
  8. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.182
    Допаѓања:
    23.862
    Ако си кариерист како што се опиша, нема тукутака да се омажиш и да основаш семејство ради реда туку ќе бараш човек кој ќе те поддржува во таа намера.
    Не сака секој жена со кариера, жена со поголеми примања од мажот и жена која е посветена на работата.
    Јас имам кариера каква што опишуваш. Имам многу солидно образование со диплома за мастер од еден најјаките универзитети во светот. Работам постојано од 20 години и заработувам повеќе од маж ми. Со маж ми сме заедно многу години и он ми бил најголема поддршка за се до сега.
    Решив да основам семејство и да родам дете. Значи решив, не е случајно зошто кај луѓе кариеристи не верувам дека има случајност.
    10 месеци сум на породилно. Го сакам детето со цело срце и се би дала за него, ама едвај чекам да почнам со работа. Ми фали тој дел од мене да се чувствувам среќна. Дали е тешко? Да.
    Не е цел товар во куќа на мене, никогаш не бил затоа што (како што пишав погоре) сум знаела за кого се мажам и што можам да очекувам од него а тоа е да бидеме рамноправни во средување на домот, готвење, пазарење, чување дете и се останато.

    Ама имаме ред и се се стига. Јас полнам енергија кога работам и сум посреќна така. А посреќна мама значи посреќно дете.
     
    На nesa, duffi, hellocity и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Dimi_

    Dimi_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2020
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    530
    Пол:
    Машки
  10. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.213
    Допаѓања:
    30.935
    Пол:
    Женски
    За жал, познавам и жени кои биле доста успешни во кариерата, заминале на породилно и во меѓу време некој им го зафатил местото. По враќањето, не им е како порано. Тоа е проблем до газдите, не ценат труд на некој кој долго им работел. А факт е дека многу од оние кои се на замена додека те нема користат шанса да те оцрнат, лижат задник и од петни жили се трудат да ти ја превземат позицијата.