1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Catfishing

Дискусија во 'Сингл' започната од Briar Rose, 3 јануари 2019.

  1. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Catfishing претставува еден вид на измама најпозната по тоа кога едно лице создава лажен идентитет на одредена социјална мрежа, обично насочена кон одредена жртва за да го измами.

    Catfishing најчесто се користи за романтични измами на дејтинг сајтовите, каде е стандардно за некоја девојка или некое момче да користи туѓи слики и лажно да се претставува кон жртвата со која комуницира за таа да поверува дека тоа навистина е личноста со која зборува.

    Мотивот зад catfishing може да биде финансиска добивка каде жртвата и праќа одредена сума на пари на сметката на измамникот, да се компромитира жртвата на некој начин, да се спријатели или да влезе во помантична врска со жртвата,или едноставно поради забава, тролање и слично.

    Комуникацијата базирана врз catfishing може да доведе до создавање на љубовни или романтични врски, но кои се базирани врз лага, каде жртвата е во заблуда за тоа со кого навистина се допишува.

    Личноста која што применува catfishing обично користи фотографии од други вистински личности, а притоа вистинските личности чии слики се злоупотребуваат за креирање лажен идентитен, не се свесни, односно не ни знаат дека некој ги користи нивните слики, но и нивните лични информации за измамникот да изгледа како да е подобра верзија од самиот себе.

    • Дали вие применувате catfishing?
    • Дали вие некогаш сте биле измамени од некој catfisher?
    • Дали некогаш сте дознале или сте се посомневале дека некој ги злоупотребува вашите слики/лични податоци за да применува catfishing?[​IMG]
     
    На sj *O*, WarriorMind, theowndemon и 5 други им се допаѓа ова.
  2. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.379
    Бидејќи е лесно да го сокриеш сопствениот идентитет и да се прикажеш како друга личност, мислам дека catfishing е честа појава. Особено ако некој е мотивиран да дојде до нечии лични податоци и/или пари. Да не зборуваме за оние кои имаат намера да злостават деца.

    Искрено, да иако сум немал намера никого да искористам туку тоа сум го направил за забава. :D

    На тиндер направив профил на Сталин и изненаден бев што во наредните 24 часа имав дури 3 совпаѓања со жени. На оние кои не ми враќаа им се заканував дека ќе ги пратам во Гулаг бидејќи тоа би го направил вистинскиот Сталин. :devil:

    После некое време ми го пријавија профилот(се прашувам зошто им требаше толку долго време за да го направат тоа), а од сето искуство дознав дека Сталин сеуште има фанови.

    Сум размислувал и за други профили, но најверојатно нема да ги направам.

    Сеуште не ама го чекам. :)

    Mислам дека не иако возможно е некој да ги има користено без да дознаам, но бидејќи не сум позната личност шансите се доста мали.
     
    На WarriorMind, theowndemon, Gosh и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    @BoneMachine ти благодарам за твојот искрен одговор на темава :)

    Hahahaha следниот пат обиди се да направиш профил на Адолф Хитлер и додворувај им се САМО на Еврејките.
    Bonus Tip: Стави ја оваа слика на профилот за да изгледаш пошармантно (trust me).
    After all, women love men who smile... ;)

    [​IMG]

    Во право си за тоа дека постојат многу опасности од catfishing. Има доста случаи каде овој вид на измама се користи за жртвата да се убеди да се сретне во реалниот свет со т.н. catfisher кој има намера да ја убие, киднапира, ограби, или сексуално да ја злоупотреби, односно да ја силува жртвата.

    Ова претставува доволен доказ дека оние кои се вклучени во online dating не треба наивно да веруваат на луѓето кои се кријат зад совршените профили, како што никогаш не можеш да знаеш кој какви намери има. Не велам дека ова е секогаш случајот, но е доста често применливо.

    Исто така е подеднакво лошо некој да искористи твоја лична слика за да измамува лица, како што јас неодамна имав вакво непријатно и негативно искуство.

    Дали мислиш дека постојат одредени закони или правни регулативи кои евентуално би ја забраниле или барем би ја намалиле употребата на измамата catfishing?

    Никогаш не сум користела туѓи слики/лични податоци, ниту пак сум била досега измамена бидејќи не ни користам социјални мрежи.

    Меѓутоа тоа што ме инспирираше да ја отворам темава, е бидејќи неодамна дознав дека друга девојка (колешка на факултет со која не сум толку блиска) искористила моја слика за да ја стави на нејзиниот профил на некој дејтинг сајт :fubar:

    Самата девојка пред некој ден ме контактираше (што скоро никогаш не се случува) и наеднаш побара од мене да и пратам мои слики, што ми звучеше чудно, но и малку сомнително.

    И покрај тоа што јасно ја одбив, таа продолжи да инсистира. Откако виде дека сум упорна во мојата одлука да не и праќам мои слики, ми призна што направила и ми објасни дека момчето со кое започнала да комуницира на дејтинг сајтот, бара повеќе слики од неа (односно од мене) бидејќи има само една моја слика постирано, и тоа е профилната.

    Ја прашав зошто воопшто го направила тоа без моја дозвола и знаење и единственото објаснување кое ми го даде е дека едноставно сум многу убава и атрактивна...

    И кажав дека не може да го користи мојот изглед и дека нема ништо да постигне со тој лажен профил, бидејќи се знае дека кога личност има само една слика на профилот, одбива да праќа повеќе слики или евентуално ќе започне да избегнува средби во живо и видео разговори, момчето ќе сфати дека е catfish и може дури да ја пријави дека ги прекршува правилата на dating site-от.

    Мислам дека ја убедив и ми рече дека ќе го избрише лажниот профил со мојата слика за да не се засрами пред момчето, откако претходно ми се извини што без мое знаење употребила слика од мене и вети дека ова нема да и се повтори. Искрено очекувам дека ќе го исполни ветувањето...За нејзино добро...
     
    Последна измена: 4 јануари 2019
    На WarriorMind, Someday, ane.bella и 3 други им се допаѓа ова.
  4. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.087
    Пол:
    Женски
    Не знам со која цел се одвива ова вака еве, нејасно ми е. Која е крајната визија? Доживотна интернет преписка ?
    Незрело многу, таквите луѓе имаат психолошки профил за преиспитување.
    Криза на идентитет, манипулација, навлечено ласкање, претставување на нешто што не е, креирање алтернативна реалност за идентитетот ..се од наведеното ?
     
    На Ketchup, Someonespecial, senza.parole и 5 други им се допаѓа ова.
  5. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Мене ми се нема случено, затоа што ги проверувам сите луѓе со кои зборувам, mutual friends, коментари и дали профилот генерално изгледа сомнително.
    Ако се работи за некој од Македонија, малку е тешко да направиш нешто такво, малку луѓе сме, одма ќе те фатат. :rofl:
     
    На theowndemon, Ketchup, Scott Weiland и 2 други им се допаѓа ова.
  6. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.379
    Пробано е и докажано дека работи, само друг го има напревено тоа и не на Еврејки туку на Македонки. :D
    Џабе е сето virtue signaling на форумот кога скоро сите жени би подпаднале под заводливиот поглед на Хитлер.

    Проблем се Еврејките бидејќи ги нема баш во Македонија, а не би ризикувал да отворам профил на Хитлер во Израел, Америка е подобра опција заради првиот амандман. Moжеби ќе успее, како што би рекла Sylvia Plath "Every Woman Loves a Fascist." :D
     
    На theowndemon, Scott Weiland и Briar Rose им се допаѓа ова.
  7. LanaSGirl

    LanaSGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    Сум го праела ова порано ...сеа нр ми е интересно и глупаво ми е.
     
    На Scott Weiland и Briar Rose им се допаѓа ова.
  8. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    @XstrongerX ти благодарам за твојот одговор :)

    Се согласувам со се што си навела во твојот коментар и би рекла дека еден поединец може да има различни мотиви за да го направи ова.
    Незрелоста е манифестирана преку несигурноста, незадоволството и ниската самодоверба која поединецот ја има за себе, односно за својот надворешен изглед, карактер или пак животот, генерално.

    Ако станува збор за криза на идентитетот, како период на збунетост во кој смислата за идентитет на еден поединец станува несигурен поради промена во нивните очекувани цели или улога во општеството, тогаш ова е и очекувано да се манифестира преку catfishing бидејќи поединецот не успеал да го постигне својот его идентитет. Така, тој започнува да размислува на нерационален начин и посакува да примени друга алтернатива за да го постигне својот посакуван идентитет - и едноставно решава да преземе еден аспект (изглед, карактер) од туѓ идентитет, од друга личност која според поединецот. веќе го има постигнато идентитетот кој тој очајно сака да го има, но не успеал да го постигне.

    Манипулацијата, како што споменав во мојот воведен пост, може да е главниот мотив на т.н. catfisher и тоа заради финансиска добивка, спријателување, наведување за средба во реалниот свет и сл. Ова може да биде доста опасно бидејќи никогаш не се знае кои се вистинските намери на еден catfisher со средбата, всушност, така и се случуваат многу кривични дела како ограбување, силување, киднапирање, убиство...

    Навлеченото ласкање би било главен мотив заради привлекување и добивање внимание од страна на други лица. А причината заради ова би било бидејќи поединецот не добива никакво или многу малку внимание во реалниот, а и во виртуелниот свет но само ако го претставува неговото вистинско себе. Но ако поединецот во виртуелниот свет се претстави како своето идеално себе, или пак како друго лице кое смета дека би било популарно, верува дека ќе го добие очекуваното внимание со таквиот лажен идентитет.

    Претставување на нешто што не е, всушност е и целата активност на овој вид на измама. Но мотивот за тоа може да биде и поради притисокот од самото општество кое креира сопствени стандарди за тоа како луѓето, особено девојките, треба да изгледаат и однесуваат. Сосема е нормално сите девојки и жени да не ги исполнуваат тие наметнати стандарди, но тие самите сметаат дека со тоа не ги исполнуваат критериумите на општеството за да бидат прифатени и со тоа се плашат од одбивање, но ова е дел од субјективната реалност, поттикната во вистинскиот свет. Науката зад субјективната реалност е флексибилна бидејќи настанува во нашите умови, но истиот тој непрецизен аспект од субјективната реалност се сака да се пренесе во објективната реалност. А причината за ова е бидејќи незадоволниот и несигурен поединец едноставно сака да избега од објективната реалност во која живее, а притоа се однесува на неговиот изглед, карактер, или неговиот живот, генерално.

    Креирање алтернативна реалност за идентитетот, или по можност креирање на алтер его, го претставува другото себе на еден поединец кое е доста различно од оригиналниот, вистински карактер, па и физичкиот изглед на поединецот. Луѓето кои имаат креирано алтер его водат и double life.
    А во случајот на т.н. catfisher, тоа се случува во реалниот свет (каде тој го манифестира своето вистинско себе) и во виртуелниот свет (каде тој го манифестира своето алтер его).
    Виртуелниот свет за еден catfisher претставува една шанса каде тој може во вештачка околина каде никој не го познава, да се однесува и да се претставува како нешто што не е, бидејќи не е задоволен од своето вистинско себе во реалниот свет.

    Hahaha точно :)

    Но како што беше со мојот случај, секогаш постои и веројатност некој да ти ја преземе сликата и да ја стави на неговиот профил на некој странски online dating site, каде има многу малку или воопшто нема Македонци кои направиле профил.
     
    Последна измена од модератор: 7 јануари 2019
    На WarriorMind, GoodGirl45, Alisa22 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Scott Weiland

    Scott Weiland Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    2.706
    Допаѓања:
    11.297
    Пол:
    Машки
    Ми се нема случено, но не сум сигурен дали некој може да биде до толку претпазлив на вакви случаи на измама, то ест крадење идентитет/лажен идентитет. Имам добиено пар покани од сомнителни профили но сум ги одбил одма после проверка.
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    @Scott Weiland потполно се согласувам со тебе, како што никогаш не може да имаме 100% доверба во лицата присутни во виртуелниот свет, па и во реалниот свет. Навистина паметно и совесно од твоја страна :)

    На твоето мислење само би додала дека исто така многу е тешко, и би рекла на моменти и скоро е невозможно да знаеш што некој може да направи со твоите лични слики.

    На пример, јас немав никаква претпоставка дека некој може да ми ја стави сликата на профил на странски online dating site за корисникот да се претставува дека личи на мене, односно да го искористи мојот изглед за да привлекува други лица за потенцијални љубовни врски.

    Затоа воопшто и не користам социјални мрежи, како што не гледам никаква корист од нив, но и токму поради овие можни ситуации (всушност, колешката не ми ја презела сликата од типични социјални мрежи, туку од viber)

    Претпоставувам дека никогаш и не би дознала за ова доколку дотичната не би побарала повеќе слики од мене и тоа навистина е застрашувачко, барем од моја перспектива...
     
    На WarriorMind и Scott Weiland им се допаѓа ова.
  11. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.646
    Допаѓања:
    52.630
    Пол:
    Женски
    Ми се нема случено, ни јас сум правела такво нешто, ни пак сум користела некогаш дејтинг сајтови како Тиндер. Да го правиш тоа сметам дека треба ептен да имаш слободно време и/или да си многу "запечен" да запознаеш некој/а. Нормално тука се кријат и многу опасности, и никогаш не би се нафатила на средба со некој кој недоволно го познавам.

    Многу и незрело е од страна на оние кои крадат идентитет кога знаат дека не можат да се допишуваат и лажат засекогаш и дека голема е можноста да ја разочараат другата страна кога ќе увиди дека се работи за сосема друга личност ако дојде до средба во живо.
     
    На Scott Weiland и Briar Rose им се допаѓа ова.
  12. Cinnamon Bun

    Cinnamon Bun Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2017
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    5.989
    Пол:
    Женски
    Мене лично ми се нема случено, ниту пак јас сум направила такво нешто, ама познавам луѓе кое го практикувале. Едни девојчиња кои ги познавам бидејки немаа што да прават со својот живот и го поминуваат во бесцелни работи, имаат обичај да го хејтаат секој втор човек и нема да ме чуди и мене ако не ми ломотат зад грб. Епа девојчињава лично ми раскажуваа како мразеле некое девојче во средно и иако ништо не им направила во животот, од онака што ја хејтаат си направиле фб профил ама толку на изглед веродостоен што со денови денови ја мафтаа и направија девојчето да се затреска по тој нереален лик. Дури мислам дека и средба закажаа. Не знам како заврши тоа ама сигурно девојчето било скршено.
     
    На Scott Weiland и Briar Rose им се допаѓа ова.
  13. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со ова, и исто така би додала дека некои catfishers ова го прават за чиста забава и најчесто немаат намера да се сретнат со лицето во живо, па затоа не им претставува проблем да лажат. Претпоставувам дека некои од нив дополнително сакаат да остават лажен впечаток кај одредени лица за да направат да се чувствуваат лошо и разочарано, создавајќи илузија дека немаат шанса со таква "совршена" личност и им ја намалуваат самодовербата.

    Има и посебни емисии токму за catfishing. Видов дека и SSSniperWolf реагирала на една ваква епизода од Jerry Springer. Еве што се случува кога the catfisher и измаменото лице ќе се сретнат во живо...

     
    На BoneMachine, Amellie13 и Scott Weiland им се допаѓа ова.
  14. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.180
    Допаѓања:
    8.870
    Пол:
    Женски
    Сум го правела тоа во тинејџерските денови ама чисто од забава без никакви задни намери.
    Не користев дејтинг сајтови туку лажен фејсбук профил, што морам да признаам беше толку добро и веродостојно направен што 99% не би се посомневале дека е лажен.:D8)
     
    На Gosh и Briar Rose им се допаѓа ова.
  15. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.694
    Пол:
    Женски
    Да, имам зборено со catfisher.Мислеше дека нафта пијам па си доби канта со време.
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Heavencanwait

    Heavencanwait Активен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    128
    Пол:
    Женски
    Не ми се случило а имам висок морал и не би го направила истото.
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  17. hunter26

    hunter26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Машки
    Уфф ова може да доведе до тешка манипулација, и тоа од најтежок вид, манипулација со чуствата.
    Инаку и тука има сигурно многу машки кои имаат женски профили, и најверојатно во оваа категорија припаѓаат.
     
    На poenta, Scott Weiland и Briar Rose им се допаѓа ова.
  18. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    @hunter26 се согласувам со твоето мислење.

    Не само што се манипулира со чувства, туку и со впечатоците и менталните слики кои еден поединец ги креира за друг виртуелен лик кој инаку не го познава во реалниот свет.

    Но овој вид на измама може да предизвика манипулација доволно силна да измаменото лице да се согласи да се сретне со т.н. catfish во реалност, без да ги знае неговите вистински намери.
    Дури и да не дојде до средба во живо, лицето може да биде изманипулирано да прати одредена сума на пари, да даде свои лични информации, да прати свои вистински слики кои подоцна можат да бидат злоупотребени на различни начини.

    Твојата претпоставка за машки членови на фемина форум кои се претставуваат како женски ликови, веројатно припаѓа под категоријата catfishing бидејќи сепак се создава лажен идентитет на одредена социјална мрежа.
    Иако да бидам искрена, досега не сум забележала такви членови...
     
    На BoneMachine, Heavencanwait, hunter26 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. hunter26

    hunter26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Машки
    Во релната нормална комуникација најмногу ме револтира кога некој се претставува нешто што не е, а за ова да не зборуваме, мн забегана работа. Јас од форумов имам запознаено една личност и испадна дека е реална, ама и покрај тоа што сум машко, кога одев до договореното место големо негодување ми создаваше можноста да имам непријатно изненадување :)
     
    На BoneMachine, Snowflake97 и Briar Rose им се допаѓа ова.
  20. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Со оглед на тоа во какво стандардизирано општество живееме, воопшто не сум изненадена. Всушност, погоре ги објаснив од психолошки аспект, различните мотиви зошто одреден поединец се одлучува на ваков чекор.

    Би рекла дека иако е разбирливо поради притисокот од општеството, сепак не е во никој случај оправдано со тоа што се злоупотребува туѓиот идентитет, и неодамна искусив какво е чувството некој без моја согласност и знаење да го користи мојот изглед за да создава романтични врски...

    Тоа е нормално и сосема очекувана реакција на личност која има совесност, без разлика на полот.

    Сигурна сум дека потсвесно не си ги знаел вистинските намери на личноста, а и не си можел да ги знаеш, и покрај тоа што со твојот свесен дел од умот си се убедувал во спротивното, односно дека претходнте разговори со личноста за тебе би требало да претставуваат доволна конфирмација за да се убедиш дека не се сретнуваш со туѓинец, туку со познаник.

    Со други зборови, дошло до судир помеѓу свесниот и несвесниот (потсвеста) дел од твојот ум, што секако резултирало со колебливост и несигурност.

    Самиот тој недостаток на информации ти создавало несигурност поради веројатноста да се случи нешто неочекувано, секако во негативна смисла.

    Тоа чувство се исповетува со она кога за првпат ќе ти пријде странец кој не го познаваш, само што во ова сценарио ти однапред знаеш дека ќе се сретнеш со странец, што ти создава дополнителна вознемирност.
     
    Последна измена: 6 јануари 2019
    На Scott Weiland, BoneMachine и hunter26 им се допаѓа ова.