Нема ли на македонски јазик назив за оваа појава, болест, забава, курташак, што ли и да е...но навистина ме нервираат веќе овие англицизми!?
Се извинувам ама навистина не знам дали воопшто постои збор на македонски јазик на овој поим. И самата знаеш дека македонскиот не ми е мајчин јазик... Инаку, ако ве интерсира, терминот catfishing се верува дека потекнува од Американскиот документарен филм Catfish од 2010 година, каде Nev Schulman конечно ја запознава жената со која долго време имал online врска. Но открива дека таа не е single и млада, туку дека е во нејзините 40-ти години и мажена. Преку метафорично објаснување, сопругот на жената, Vince Pierce, ја раскажува следната приказна, која го инспирираше името на филмот: "They used to tank cod from Alaska all the way to China. They’d keep them in vats in the ship. By the time the codfish reached China, the flesh was mush and tasteless. So this guy came up with the idea that if you put these cods in these big vats, put some catfish in with them and the catfish will keep the cod agile. And there are those people who are catfish in life. And they keep you on your toes. They keep you guessing, they keep you thinking, they keep you fresh. And I thank god for the catfish because we would be droll, boring and dull if we didn’t have somebody nipping at our fin."
Кога бев помала и поактивно користев социјални мрежи го применував понекогаш поради забава или кога ќе забележев дека и другата страна сака да трола. Обично комуникацијата ни завршуваше за 2/3 дена па сметам дека и никој не беше повреден од тоа. Не е тешко да се препознае лажен идентитед а и се чудам зошто некој би трошел месеци на допишување со виртуелен лик.
Претпоставувам дека веќе знаете, но доколку не, еве еден начин како да препознаете лажен профил. Се разбира не е 100% сигурен и вистински трол секогаш се труди малку повеќе, и тоа е уметност, но и оваа основна проверка помага. Целосната проверка содржи повеќе чекори. Да речеме, за било што, ве контактира "Стојне". „Таа“ ја има следнава профил слика: Ќе претпоставиме дека ја имате зачувано таа слика со десен клик save as како stojne.jpg. Може да добиете повеќе информации во врска со сликата доколку појдете на www.google.com, и горе десно кликнете Images: На наредната страница што ќе ви се отвори кликнете на фотоапаратот - search by image: Потоа upload an image -> chose file: open file: И ќе го прочитате резултатот дека се работи за Мадона: Нормално, констатацијата е дека Стојне не е Стојне. Во секој случај, сето од ова не е потребно, не е битно кој е и што е, што и да бара и која и да му е шемата, ако не е побаран - нека си продолжи по патот. Битни познанства најчесто не доаѓаат од интернет. Освен, нели има исклучоци, ама за тоа треба ептен човек да биде способен и да го бидува. И уште нешто: Не верувајте никому.
На почетокот, кога го открив интернетот, дојдов до еден сајт prijateli.mk. Не сум сигурна за што точно служеше, дали беше форум, дали беше само за запознавање. Направив таму акаунт, но не со мое име, всушност можеше да се напише прекар или како тука што имаме никови, а не вистинското име. И ставив слики кои ги најдов на нет но без намера да се претставам дека јас сум таа. Едноставно ми се допаѓаа сликите. Но некои помислиле дека сум јас таа на нив. Сум наишла на куп лажни акаунти на Фејсбук, од преземени туѓи слики, до целосна копија на нечиј акаунт, со име и презиме. Интернетот нуди свашта.
Дали вие применувате catfishing? - Да, одамна кога со другарка сакавме да провериме дали не симпатизираат нашите симпатии. Дали вие некогаш сте биле измамени од некој catfisher? Речиси не, не дозволувам лесно да ми се приближат сомнителни лица. Дали некогаш сте дознале или сте се посомневале дека некој ги злоупотребува вашите слики/личниподатоци за да применува catfishing? Да, но тоа исто така бевме многу мали и другарките сакаа да ми се "осветат" за нешто на што не се сеќавам во моментов. Тогаш бев премногу разочарана а денеска кога се пребарувам самата себе и ќе ми се појави тој профил ми е смешно.
Јас лично не им се лутам на тие што крадат слики за да запознаат рандом луѓе на интернет, не зборам за тролање и слично него за тие што стварно имат намера да се запознаваат, ги разбирам донекаде, имаат ниска самодоверба , не се ценат себе, мислат дека се со лош физички изглед и вајда идат на таа логика демек ќе ги привлечат со фејк слика а после со муабет ќе ги задржат, нели ќе видат дека се добри личности и после ќе им простат кога ќе видат дека не се тие на сликата нешто така отприлика, слично е и во некои од врските, некои луѓе чуваат клучни информации од партнерот кога ќе го запознаат, со цел да се заљуби во нив па после полесно да ги соџвака тие информации кога ќе дознае надевајќи се дека нема да си отиде и сл, отприлика таа е некоја логика што ми ја имаат објаснувано. Разбирам дека немаат сите самодоверба да се престават на интернетот такви какви што се, па полесно е да се украдат сликите и да се преставуваат така. Настрана од тие троловите што намерно го прават тоа да си утепаат време или партиски ботови за да прикажат нешто небитно или некои трети лица за нешто трето што сакаат да направат, овој тип на луѓе јас не можам да им се лутам, дури и моја слика да користат (иако не им претпорачувам, оти полошо ќе им биде на нив и нишо нема да фатат ахахахах....хах...јбг). Се надевам дека во иднина ќе разберат дека има други начини да се фати партнер него да се преставуваат фејк на интернет и дека ќе си ја вратат самодовербата и ќе се ценат себеси повеќе. Друго, за финанските измами, ако стварно некој поверува дека некој си принц од Нигерија ќе му врати милион ако он му даде 2000 евра сега е што да кажам....fucking moron...нема оправдувања за ова.
@Yipman2 јас разбирам што сакаш да кажеш со тоа, и се согласувам дека не секој има висока самодоверба кога станува збор за изгледот, ама реалноста е дека околината во која живееме, па и целиот свет има одредени очекувања за тоа како треба некој да изгледа и како да се однесува, сосема е нормално сите девојки и жени да не ги исполнуваат тие наметнати стандарди. Но токму тие стандарди вршат голем притисок врз девојките, особено врз оние кои не се во можност драстично да го променат својот изглед (на пример, немаат доволно финансиски средства за операции, скапа козметика, облека,...). Со тоа, го отежнуваат фактот дека секој треба да се прифати себеси онаков каков што навистина е, надворешно и внатрешно. Проблемот овде е што тие привлекуваат некого со тоа што го доведуваат во заблуда. Сметам дека е многу подобро и полесно некоја девојка да се обиде да најде некој кој ќе го прифати нејзиниот физички изглед онаков каков што е. Во спротивно, може само кај измаменото лице да се предизвика повредување на чувствата, и впечаток дека било лажено и манипулирано. Можеби на измаменото лице ќе му биде полесно да прости, ама неговата доверба веќе е разнишана и не верувам дека со девојката можат да бидат нешто повеќе од пријатели. Сепак, добриот карактер не се доволни за да привлечеш некого - не велам дека изгледот е пресуден, ама сметам дека игра голема улога. Ако девојките самите себеси како индивидуи не можат да се прифатат, како можат да очекуваат тоа да го направи некој друг?
Devojkata bese postara od mene sigurno samo ne znam tocno kolku godini j nikosh ne doznav koe i e vistinskoto ime od trite sto mi gi kszha.
Кога бев средно направив лажен профил на ФБ и се трудев да изгледа реално дури се зачленив во групи лајк за лајк имав на една слика по 100 лајкови ,профилот го направив за да зафркавам луѓе и за одмазда на бивш дечко кој учеше со мене бев прва или втора средно и го натерав да ме чека на рекорд на ладното два саати Секако никогаш не дозна дека бев јас ама многу ми беше мило пошто беше идиот