Дали користите производи од Catherine Arley? Колку сте задоволни од истите? Според мене, во однос на цената на козметиката, пријатно сум изненадена од квалитетот. Сепак добро би дошло да споделите и ваше мислење за производите. Овие производи ги користам:
Mене ми се свиѓаат, првата пудра е супер,ептен ми прија на лицето, камената ја имам пробано, ама јас не користам, инаку и таа е добра убави се, јас сум задоволна, и не се скапи. Cамо не знам дали имаат кармини, сега не можам да се сетам во моментов?
Јас ја имам течната пудра и не е нешто баш нај нај. Лесна пудра е, ама не покрива. За другите производи незнам, немам друго од нив.
Ја имам користено течната пудра и во црна амбалажа што е и во стаклено шишенце но не сум нешто нај нај задоволна.Муабетот е колку пари толку музика. Друго што имам користено од овој бренд се и руменилата кои се стварно убави и трајни,како и теракотата од која сум посебно воодушевена,исто и камената пудра е ок но не нешто специфично
Имам ваква камена пудра. Денес ја купив. Добра е. Малку ми е посветла од тенот, ама пошто претходно ставам течна, која е потемна малку, речиси и не се воочува разликата.
Ја имам камената (двобојната мислам 5ка беше, ама само светлата страна ја користам). Добра е, убаво покрива, ама во последно време почна да ми реагира лицето па уште незнам дали е од нејзе или нешто друго Кога ја купив камената пробав од тестерчето од течната - чисто од љубопитност. Или тестерот имаше отстојано отворен долго време или беше ужасна. Мислев краста ќе фатам, 16пати се измив после тоа Голема пофалба за сенките. Убави се и многу долго остануваат
Ја имам течната пудра. Добра е, во однос на цената е супер. Немам пробано други производи. А, лакчињата добри се?
Јас ја имам користено камената пудра мислам дека беше околу 60-70 ден . Од лакчињата имам користено повеќе и можам да кажам дека сум задоволна.Но сепак, не за џабе се рекло колку пари толку музика.
Ја користам камената, последна од сите слики што е во 2 нијанси, па сум презадоволна, ја ставам над течна и ептен ми е погодена, ми го прави лицето мат а мене ми е мрсна кожата. И многу е ефтина околу 130 ден.
Ја користам камената пудра редовно и не планирам да ја сменам супер ми е е само што единствен проблем е ако ми се испоти или ако ми се измрси лицето морам прво да го тргнам првиот слој пред да стаам зашо како кал ми се праи иначе чиста 10 е
Досега многу сум задоволна од црната сенка што е во розево пакување ,остава баш црна боја а не сивкаста како некои други
Jaс течната ја користев порано и арна ми беше, во споредба со онаа на Импала погуста е. Сега камена имам ама ретко ја користам .
Мене течната пудра од Кетрин Ирли не ми е убава..Јас си користам од Авон пудра со калминг ефект и таа од Импала ми е убава..
еднаш зедов течна пудра таа во стаклено што е ептен покриваше ама ми се правеа брунчина од незе. ја користам камената што е со две нијанси јас посветлата сестра ми потемната лаковите ми се ок а за сенки немам пробано до сега. теракотниот руж го имам одамна и мн сум задоволна од него
Дали некоја го има фиксаторот и како е задоволна од него? 250 денари е тука во една наша парфимерија, што е мнооооогу ефтино во однос на цените на другите фиксатори, па затоа ме интересира да не е чкарт.
Ја користам камената пудра и сум многу задоволна ми покрива многу, ги имам користено и лаковите и ептен се добри, не се лупат брзо и ептен траат. Ај некој шо има користено да кажи за течната пудра, каква е шо е и како е
Пудра користев на времето купив и течна и камена ,не сум задоволна,како маска да имав на лицето.Исто и сенките .Ама затоа лаковите за нокти ми се фаворит. http://www.fashionpolish.com/2011/01/ca ... ction.html
ја користам камената пудра супер е... користам една црна сенка со маааалллку светки и таа е прекрасна..