Палетава ми е ок, не е нешто посебно, ама последните две бои ми се сон Највеќе ми се свиѓаат од сите други
Знам дека прашањето не е за тука ама стварно не знам кај да прашам. Дали има сефора во Скопје или шминки на мас, анастасија беверли хилс, too faced, сигма, урбан декеј?
Нема Сефора и ништо од тоа што го бараш на ниту едно друго место во Скопје. Најблиску имаш во Солун или евентуално да си порачаш од интернет.
Женски струмичанки Catrice има донесено во новата парфимерија спроти судот, ама не сум била да видам што имаат. Видов на фб,ако некој има некоја информација нека сподели.
https://www.google.com/search?q=cat... mascara lashes to kill&imgrc=efDorE3rT0mS_M: Ја имал некој маскарава да сподели искуство?Прв пат земам производ на Catrice се надевам добра е.
Јас сум презадоволна од течниот коректор (liquid camouflage) . Мн долго трае и супер покрива. Само би сакала да има повеќе нијанси. Базата за сенка е исто така предобра, дури подобра и од авон би рекла. Со таа на авон светлите сенки со подолго носење ми менуваа боја, како да се претопуваа во базата, а со оваа на катрис немам проблем. Исто така би ја пофалила и апсолут мат палетата, сенките се супер.
Завчера го видов ова во Дм, ама забележав само тестер, немаше ни цена ни опис. Имаше гужва, редеа роба, обезбедувањето беше тука, па немав атмосфера да си разгледам на раат. Дали некоја го пробала? Баш ме интересираат впечатоци.
@sesilija Не знам колку ќе ти е од корист, само ова најдов на нет http://beautywonderlust.blogspot.mk/2016/07/catrice-sound-of-silence-le-fluid-glow.html http://adjustingbeauty.blogspot.mk/2016/06/review-catrice-le-sound-of-silence-pen.html
Јас сум презадоволна од се што сум купила од маркава. Имам повеќе производи и сите се преквалитетни. Имам течна пудра HD Liquid во мат стаклено шише и многу убаво матира баш со втора кожа ефект како што си пишува. Лесно се впива и легнува одма, јас со четка ја нанесувам. Имам и маскара што ја собрв сосема случајно зошто ми требаше нешто итно а да не е прескапо и ми се погоди на трепките многу, многу е црна и многу ги издолжува. Коректор за под очи во пенкалце и четка на врвот, Light reflect. Не го препорачувам за на цело лице ставање или за корегирање флеки акни или покривање, туку стриктно за под очи. Освежува, осветлува и дава здрав сјај а и не ми се ни собира воопшто. И го имам и хајлајтеров минерален во прав, мене ми е предобар и многу убав сјај дава се вклопено со коректорот што осветлува, ако се нанесе правилно. Дискретен сјај. Исто и моливчињата за усни се многу убави. Се на се што сум земала се покажало и повеќе од одлично, топло препорачувам.
Ја има ли пробано некој новата catice 24h made to stay течна пудра? За каква кожа е, како сте задоволни?
Мене не ми се рони. Баш и ми се случи да подзадремам сосе неа некој саат и пак не беше изроента, малце само она french smudged look