Леле се израдував, отворив во темава да прашам дали некој знае во Струмица каде може да се најде Катрис козметика Во Noir има така ? Си проверила ли што отпилика има ,за новата пудра поточно ме интересира
Дали ја има оваа колекција лакови за нокти? Многу ми се допаѓа оваа нијанса, баш ме интересира дали ги има кај нас.
Би требало околу 270. Јас ја земав розовата ваква првиот впечаток не ми беше нешто посебно,но после првиот пат сум презадоволна. Ги издолжува трепките им дава волумен ги прави до веѓи со два потега. Одлична е не ги лепи. Вреди и за цена од 600-700 ден а камоли 270.
Фала ти, имам јас ваков лак од Голден Роуз, ама ме интересираше конкретно за оваа колекција затоа што многу ми се интересни миризливите лакови и читав дека и овие се такви па сакав да ги пробам.
Денес бев во Дм и имаше попуст на одредени производи кои ќе се повлекуваат.. Кармино,сенки, коректори,маскара за 135 ден
Сега има во Еликсир доста производи на Катрис по 135 денари, јас земав два кармина од тие ultimate shine, прајмер и матирачка транслуцентна камена пудра.