Од дм рекоа на форумов дека ќе ги повлекуваат, нема да ги има веќе, наместо нив ќе има Wet n wild. Прашувам дали на други места ќе има Катрис за да знам да си се снабдам со време
О, е не знам што е работава. И мене ми е една од омилените марки, штета ако ги повлечат. Ќе се распрашам па ќе пишам овде, ако во меѓувреме не даде некој информација.
Go kupiv ovoj set za konturiranje no toa poslednoto beloto e kako svetkavo i mrsno za razlika od drugite dali e nesto kako hajlajter? Kako da go nanesuvam? Fala vi odnapred☺
И јас го користам и сум презадоволна. Последното е хајлајтер и јас обично го нанесувам само на аголот на окото и на јаболчниците. Еве каде можеш да го нанесуваш.
Дали знае некој дали го има овој коректор тука и колку е цената? Ако некој го пробал, нека сподели искуство https://img.makeupalley.com/hwthumb/980/980/0_6_2_2_2844866.JPG
Сега го зедов во Еликсир 215 денари. Вака на рака ми е сличен на еден друг од друга марка. Ќе го пробам па ќе пишам мислење, доста го пофалија на форумов.
Пудрата ХД со коректор подарок е во Еликсир 470 денари. Кој нема пудра или сака да ја проба нека ја искористи акцијата.