Од лаковите сум супер задоволна, доволно се трајни за цената, а освен тоа досега ниеден лак така брзо не ми се суши како од оваа марка, штета што ги нема секаде. Додека од маскарата првичен ефект задоволително ама за помалку од две недели се суши, поради тоа не би купила маскара повторно од оваа марка, за пола од цената на катрис маскара најдов доста солидна на голден роуз
Како сте задоволни од мат кармините? Ги имам само овие 2 ама ги немам ставено за надвор од дома заради маскиве. Трајни ли се? Да знам да си купам уште или не.
Дали сеуште ги има овие кармини на картис. Подобар кармин не сум користела никогаш. Траен е, а не ја суши устата. Го имам купено од дм, ама сега во дм во капитол воопшто ги нема.