Го имав овој прајмер и без презадоволна! Толку добро ја измазнува кожата, тоа е нешто неверојатно. Нигде не можам да го најдам, па го зедов овој од кој ич не сум задоволна, мрсен е и ми остава портокалови траги. Ни пори измазнува ни па покрива несовршености како што вели и на самото пакување. Дали знае некој првиот прајмер каде го има или да предложи некој од друг бренд што е сличен на овој?
Моментално го имам овој прајмер: Спојлер: Состав AQUA (WATER), SILICA, C13-15 ALKANE, C15-19 ALKANE, POLYGLYCERYL-3 DIISOSTEARATE, GLYCERIN, POLYGLYCERYL-6 OLEATE, DICAPRYLYL ETHER, DISTARCH PHOSPHATE, JOJOBA ESTERS, GLYCERYL BEHENATE, MAGNESIUM SULFATE, SODIUM CHLORIDE, TRIHYDROXYSTEARIN, LYSINE, HELIANTHUS ANNUUS (SUNFLOWER) SEED WAX, POLYGLYCERIN-3, ACACIA DECURRENS FLOWER CERA (ACACIA DECURRENS FLOWER WAX), TOCOPHEROL, POTASSIUM CETYL PHOSPHATE, CETYL ALCOHOL, ETHYLHEXYLGLYCERIN, XANTHAN GUM, ETHYL VANILLIN, LECITHIN, SODIUM LAUROYL GLUTAMATE, ASCORBYL PALMITATE, MAGNESIUM CHLORIDE, ALCOHOL, ALUMINUM HYDROXIDE, DIPOTASSIUM PHOSPHATE, CITRIC ACID, PHENOXYETHANOL, CI 77491 (IRON OXIDES), CI 77492 (IRON OXIDES), CI 77891 (TITANIUM DIOXIDE). Во комбинација со ББ кремата и камената пудра од иста линија, не мора да мислам на корекции солидни 5 часа. Тамам.
Дали ја има таму и пудрата од истава линија? И ако може да пишеш поточно од која парфимерија се, оддамна сакам да ги пробам. Фала
На оваа мислиш? Ја има овде. Ете, marama сподели дека Clean ID ја немало во Македонија. Се надевам набрзо некој ќе се сети да ги увезе.
Сте ја виделе ли оваа Clean линија и каде? Во мојот град во Дм нема Catrice Дали Шатци или Cosmo имаат Catrice?
Дали ја видовте новата колекција на Катриц посебно кремастите ружеви. Одма порачав само четири останати, многу ми се допадна пигментацијата. Имаат и кармини и сенки.
Пиши им на Дм ќе ти кажат, инаку многу лоша пудра според мене, пишував во другата тема, оксидира, истакнува пори и фини линии, тешка на лице и ептен приметлива, ко маска да имав ставено.
Јас ја немам пробано, користам Лореал и Макс Фактор, погодени ми се и не би ги менувала. Колешкава ја користи оваа пудра и ми вика дека многу и била погодена, ама не може да ја најде. Не знам како ја осеќа, но вака на изглед скроз океј изгледа. Баш добро и лежи.