Јас ја земав, за на работа ја ставам секој ден. Многу е лесна, како крема да имам ставено. Не покрива премногу, како воденкаста е, али сосема доволно е покривна за секој ден.
Ја земав и ја тестирам околу 10 дена и задоволна сум. Мојата кожа е комбинирана, со масна Т зона и баш убаво се носи. Ниска кон средна покривност, свежо изгледа тенот што за мене во последно време е и најважно.
@buba4e89 мислам ти го имаше кремастото руменило од катрис. Денес на тестер ми изгледаше многу тврдо ама викам да не е дека стои така на отворено. Како си задоволна од него? Дали лесно се нанесува?
Тоа портокаловото прашшуваш… ако да,јас со прсти го нанесувам и ми е многу убаво. Не е тврдо и е пигментирано. Знам дека имаше темно црвено и портокалово,розево не.
Изгледа ги межа.сите нијанси кај нас. Во овој ДМ имаше 2 нијанси една портокалова и една како вино боја.
Не планирам со тебе да се натегам уопште, розево уопште не постоело, ама ти верувај си дека е такво. @Emotional123 само тие две се,тоа е limited edition collection и кај нас немаше трета нијанса.