Која пудра би препорачале за комбинирана кожа со лесна прикривност? Да не оксидира и брзо суши? Воедно и коректор ? Сакам да пробам оф катрис ама не знам која?
Некој да не ја видел во скоро време оваа пудра во прав. Не се сеќавам каде ја купив, при крај ми е, а одлична е за сетирање
За жал не ја гледам како производ на официјалната страна. ДМ исто ми одговорија дека ја немаат. Чекам уште од саманта што ќе ми пишат, ама изгледа никаде ја нема
Саманта тешко да ти одговорат. Ако не се лажам оваа пудра се повлекува. Видете во Шатци дали ја има или во Космо.
Незнам таа Clean ID каква е и дали ја има кај нас. Оваа мене ми беше прдобра, ќе си го поштедам тоа малку што ми остана Да се понадевам де дека ќе одговорат, да не треба по луѓе од таму да прашувам Во Шатци во Бисер ја немаат ниту на веб за онлајн нарачка. Ќе тркнам до Космо, ама во Лиса не сум сигурна дека држат на Cartice, а за другите не ми се пали кола специјално. Ако некој некаде ја види заостаната на залиха нека извести да си купиме. Штета, стварно добар производ.
@Mishela знам дека прашуваше за течен ама кремастиот бронзер од Катрис е прекрасен и од се што сум пробала за лице во изминатиов период се издвојува. Многу лесно се бленда, убаво изгледа на кожа, многу природно. Ја земав нијансата 020 и одлична е.
Мене ми се допагаат лаковите и кармините. Штета што лаковите нијансите се еднаш во продажба и веќе следната пратка ги нема тие бои. До сега една нијанса не се е задржала повеќе, а имат доста добри нијанси, плус и не се лупат веднаш за разлика од други. Исто и кармините кремасти им се топ. Сега гледам реклама имаат кармин од овие како со светки да ги пробам сакам.
Хајлајтеров го има во дм кај Адора. И е преубаввв. И многу пигментиран. Јас го користам и како сенка за во аголот на окото. Предобра инвестиција е.
Да не најдовте достојна замена за true skin минералната пудра во прав? И зошто сите производи што ќе ми се погодат од Есенс и Катрис ги повлекуваат од продажба, што е поентата?!
Ke ti kazam za ova vo ponedelnik stignata e robata vo magacinot Samo da vidam sto tocno ke te izvestam
Здраво девојки дали некаде ги имате видено про слим палетите на catrice ги повлекуваат од продажба, а ми беа најомилени. Никаде не можам да ги најдам, а сакам да си ги имам на залиха.
Ги има и во ДМ во Градски ѕид. Стојат на полиците кај што најчесто им се изложени производите од колекции што ги повлекуваат од продажба.