Која цена е камуфлаж коректорот што го имаше поставено една феминка погоре? Вака ми се виде привлечно па ме интересира цената.
мислам дека беше 220 или 280 цениве малце разлика големка ама тие ми се вртат низ глава а баш го имав и пробано и навистина доста е покривен не сум сигурна за цениве ама поскап од 300 не е
200 денари е.Постојано го користам се покажа супер.Има висока покривност и трае долго.За тие пари добивате топ коректор
Мене овој бронзеров ептен ми фаќа око, некој негде мислам дека пиша во друга тема која цена беше ама не ми текнува...? Бронзеров и барем една од тие velvet matt сенките мора да си ги купам!
Еве слика од коректорот Спојлер Не ли е полесно да напишете на гугл катрис камуфлаж коректор и да си видите и слика и рецензии отколку саат време тука да чекате некој да стави слика? без лутење, најдобронамерно го пишувам ова
Како сте задоволни од кармините на Catrice? Цената им е доста примамлива, а и имаат голем избор на нијанси.
Бронзеров што го постирав погоре си го земав и супер е, лесен за нанесување и ептен природно делува на лицето Го препорачувам!
Дали јас сум слаба со видот или навистина во ДМ во Веро-Џамбо нема штанд со козметика на Катрис !? До душа, не се појавив таму повторно неделава, ама минатата недела немаше. Инаку, кармините се добри навистина, ама не се како оние на Римел на пример, кои ми се најдобри од поекономичните. Јас се утешив дека ги пробав кармините пред некое, а баш сакав да си земам уште некој, ама ајде следниот пат. Пигментацијата е супер, трајноста така-така - јаките бои не ми траат многу долго и не се бришат туку бледнеат пополека со текот на времето, а посветлите нијанси се супер. Бои има еден куп, овој пат не знаев кој попрво да го земам и се откажав, зедов други работи кои не ми беа планирани, as usual. И да, препорачајте некоја добра маскара за волумен на трепките, ама онака ептен XXL волумен. Ако има таква со попристапна цена.
Ја има во ГТЦ, мало е штандчето и ништо чудно што си го одминала. Ист случај бев и јас. Се наоѓа кај штандот на Римел.
Јас ти ја препорачувам Gosh show me volume, или Misslyn xxl volume - четките им се слични скоро исти така да нема да утнеш.
Misslyn ја имам пробано и одлична ми е, ама сакам да пробам нешто ново следниот пат. Оваа од Gosh ќе ја чекам на попуст, иако мислам дека маскарата на Misslyn е нешто подбра од неа. Мислев на маскара од Catrice, нивните сакам да ги пробам и воедно ми се видоа со доста попристапни цени, па ако некоја веќе купила нека каже нешто повеќе.
Расчачкав по нетов и разгледав маскари од Catrice и овие ми изгледаат топ за тоа што го бараш ти Ѕирни си па види која ти изгледа најдобро. Glamour doll mascara The Giant extreme volume mascara Lashes to kill mascara
Фала многу rainbowec, исто и јас ја меркав низ интернет плавата маскара со четка како инка (The Giant extreme volume). Ако ја има кај нас (се надевам дека ја има), баш би ја купила иако четката ми изгледа малку голема. Ефектот е одличен вака гледано од сликите, дури се чудам дали е возможно ваква дебела четка толку добро да ги раздели трепките. Мора да се проба. П.С. Сања, тебе те чекав во темава, мислев веќе си купила и си ме спреварила, ама ист случај сме значи.
Мор не сум стигнала да отидам до ДМ, се ми е денес утре И мене од сликиве таа The Giant extreme volume некако преубава ми се гледа, оп-стоп јас сум за таа! се надевам не е многу течна маскара па да ми ги спои моиве едвај постоечки трепки у две големи