Па според овие 44% од производите на Catrice содржат, што не е бројка за занемарување, скоро половина. И секако дека за да траат производите се користат конзерванси, но има повеќе штетни и помалку штетни.. Поскапите брендови користат подобри и поскапи состојки, и затоа кај нив не го плаќаме само името и рекламите, туку и состојките кои ги употребуваат кои ги прават поскапи за производство.. Што мислите, нешто што кај нас во парфимерија се продава 150 денари, реално колку чини тој производ? Во оваа цена е ставена заработка на парфимеријата, заработка на увозникот, со покриени сите давачки транспорти, царини, па и со заработка на производителот, овој производ реално чини не повеќе од 20 денари, па каков квалитетот може да очекуваме за тие пари? И штета што таргет купувачи на овие производи се млади девојки и тинејџерки кои не работат и немаат сретства да си купат поскапа и поквалитетна козметика, па уште од рани години нанесуваат штетни хемикалии на лице. И јас сум била иста, порано јас кога студирав ги немаше овие два бренда, ама го имаше Manhattan ( кој е исто со висок процент на листава) и повеќето производи ми беа од него, ама кога сега би била во иста состојба знаејќи ги овие информации секако дека би ги купувала Alverde например, мислам дека и тие не се нешто скапи.. Да не ме сфатите погрешно, јас немам намера да разубедувам некој да ги купува, само мислам дека е убаво да се знае како информација, па кој како си милува..
Δ Ако мислиш дека само цената е репер за користење на (не)квалитетни состојки, тогаш Алверде и Балеа треба доживотно да се банирани, а тие всушност се наоѓаат на дното од штетноста.
^ не е само цената ама голем фактор игра таа. Малку ќе сме надвор од темата ама не ми е познато, зошто мислиш дека Алверде и Балеа треба да се банирани? А ете на листава се наводно со помалку штетни состојки?
Држи вода муабетот ама од друга страна тоа е бренд на ДМ, скокнати се заработките на дистрибутер и парфимерија, кои верувај дека воопшто не се мали
Баш сега читав за парабените на сајтот на FDA (American Food and Drug Administration) и според нив парабените кои што се користат во козметиката, а биле одобрени од самата администрација, се безопасни за здравјето. http://www.fda.gov/cosmetics/productsingredients/ingredients/ucm128042.htm Ако сакате природна козметика, тогаш самите ќе треба да се потрудите. Мене лично овој бренд ми одговара, пред се поради тоа што не тестираат на животни, а потоа и квалитетот кој го нудат. На нивниот сајт има целосен состав на секој производ, на пример, http://www.catrice.eu/limited-edition/feathered-fall/detail/product/sheer-lip-colour-c01-2.html (веднаш до листата на препорачани производи), така да пред да купите, секогаш може да проверите од прва рака каков е составот на производот. Да дополнам. Покрај парабените постојат и други состојки во козметиката кои што се поврзуваат со рак на јајниците и на белите дробови, како на пример talc, кој што е составен дел на многу козметички производи и се наоѓа на врвот на составот, што значи дека содржински е присутен во третина од производот: http://www.cancer.org/cancer/cancercauses/othercarcinogens/athome/talcum-powder-and-cancer.
Колку што разбрав од вашите мислења Catrice козметиката ја има единствено во ДМ? (прашувам затоа што не сум од Скопје, па кога ќе идам да знам каде да ја барам). Овие палети со сенки за очи ги има кај нас?
Сте го виделе ова кај нас? Вака убаво ми изгледа а и доста е фалено Има малечка пинцетичка, и четкичка за обликување на веѓите.
^^ да го има сетот за веѓи и кај нас. Јас одам во ДМ во капитол, бидејќи ми е најблиску од дома и таму го имам забележано. Ама за цена да ме утепаш незнам...нешто околу 300 денари ми се врти така у глава, ама незнам точно.
Јас вчера го видов сетчево во ДМ во ГТЦ, ама не погледнав цена воопшто така само набрзинка поминав...
Лелеле првата палета колку е убава. Јас во ДМ маркетите( во Веро и во Сити мол) само втората ја имам видено. По потрага сум по првата палета па ако некој ја видел нека ме извести.
Јас не сум задоволна од маскарата Lashes to kill, нема ништо веродостојно во нејзиниот наслов според моето искуство. Па од маскарите на Голден Роуз добивам подобар ефект, а се доста поефтини...
И јас ја барам матот, ама во ниеден ДМ ја нема. Ја има онаа nude, и ова absolute brigh Спојлер: t.[IMG] t. Ама додека да ја донесат матот добра е и оваа nude . За цена прашавте погоре, 345 денари е. Инаку дојдов да прашам сте го виделе ова до сега кај нас?