Eyebrow Filler & Shaping Gel Catrice Дојдов да го пофалам гелот за веѓи од кој многу пријатно сум изненадена.Јас не користам моливи или сенки за пополнување на веѓите.Многу грубо ми делува и не ми се допаѓа.Барав нешто што ќе ми ги држи веѓите на место и ќе им даде нежна пигмнтација (немам многу темни веѓи). Овој производ на Катрис е одличен.Ги држи веѓите на место,има многу нежна светло кафена боја со што веѓите имаат природен изглед како да нема ништо воопшто ставено. Го препорачувам.
Убави се сенките и лесно се блендаат, интезивни се на почеток и без база, ама нормално, по неколку часа се собираат во линиите од очните капаци и и бледнеат. Општо сенките на Катрис не ми се многу трајни, а преубаво може да се нашминкаш, интензивноста им е на ниво. Уште да беа потрајни и ќе беа перфектни. Ги пробав и со база, подолго траат ама сепак на крај се добива истиот ефект со бледнеењето.
Сакам да го земам коректорот, претпоставувам дека има повеќе нијанси, па која би ми ја препорачале? А од камената пудра задоволни сте?
Нијансата на коректорот зависи од твоја боја на кожа. Ќе си одиш и таму ќе си видиш. А јас ја имам камената пудра и сум задоволна. Сега пред некој ден купив второ пакување.
Тие што ја имате камената пудра, дали станува збор за онаа all matt plus? Поточно оваа? Дали некоја од вас ја има користено стеј мат од римел па да ја спореди? Јас од таа на римел имам потрошено сигурно 5-6 паковања, а баш деновиве треба нова да купам, па се мислам дали да и дадам шанса на оваа од катриц.
Камуфлажот е одличен си го купив и јас по вашите препораки тука и сум многу задоволна. Јас сум многу многу светла скоро бледа во лицето па си го земав 010 ivory и ми е таман.
Не им се сменети цените но на каса кога ќе плаќаш го пресметуваат намалувањето јас кога бев тогаш им ставаа цени
Дали во намалението е вклучена и absolute nude палетата? Впрочем, сите продукти им се намалени или само дел од нив ?
Намален е поголемиот дел од производите. Всушност, забележав дека само дел од лаковите за нокти и еден тип кармини не беа намалени. Absolute Nude палетата е намалена, баш денес ја гледав и и` се мислев, но имам слична, повеќе мерак би ми направила Absolute Matt, која за жал ја нема Јас денес ја зедов само четкичкава, а доста време поминав пред нивниот штанд. Баш интересно ми изгледа плоснатиот дел (лево на сликата), сум немала таква четка досега, мислам дека ќе биде супер за попрецизно нанесување сенка. Во план ми е да земам и некои лакчиња (посебно око ми фати бр.62 од првата страна на темава, Must-Have), се двоумам за коректорот затоа што моментално имам доволно залихи на коректор од Америките, а овој ја има онаа дискутабилна структура како камуфлажот на Артдеко кој не ми е омилен. Маскарите се преевтини и моментално немам добра маскара, читав некои резенции на нет но се` уште не знам која да ја земам, ако некој има конкретен предлог нека повели П.С. Цените со попуст во ДМ во Сити Мол беа назначени и на производите. П.П.С. Мишелке, прочитав дека го сакаш шареното несесерче, ако досега не си го набавила и тоа е на попуст, беше околу 200 денари
Јас ја имам оваа. И мене ми покрива, е сега јас само ради подочниците купувам вакви работи за да покријам па според мене солидно покрива. Иако имам комбинирана со т-мрсна зона кожа, имам скоро чисто лице и се исфрлам само на брадата и тоа за време на менструација. Оваа пудра, солидно покрива иако после 3 часа светнувам но тоа е.
И во ДМ во Веро си беа напишани цените до самите производи, за секој имаше пресметано колку изнедува попустот. Коректорот за 159 или колку и да беше, ептен се исплаќа, така да, не се мисли, земај! Јас не си ја најдов нијансата, ќе земам деновиве. Палетата ја купив, одвај ја најдов, последната која останала очигледно била моја среќа. Инаку, фала ти најмногу за информацијата за несесерот, ептен ми треба некое вакво мало, па и шаренко и доздисано, уште утре ќе одам да си земам.