Ја имам камената пудра и сум мн задоволна па сакам да купам др работи ... сабајле во флаерот на дм видов дека оваа козметика е намалета дали некој знае колку е намалена точно? Другарками од ск ми кажа дека 20 или 25 % но нз точно ако некој знае нека ми пиши во порака
на мене вчера ми ја купија па еднај чекам да ја видам каква ќе биде а иначе на попуст мислам дека беше 180 ден ако грешам некоја која знае нека каже поточно
Го донеле коректорот во ДМ на бит пазар. Јас успеав да сликнам, незнам колку е дозволено, на сликата се гледаат и други работи. Спојлер: коректор на Catrice
Ги користел ли некои триата carneval of colours или моно сенките liquid metal eyeshadow ? Ме интересира каква пигментираност имаат со оглед на тоа што се backed eyeshadows? И ако знаете од прилика цена ? За овие зборувам инаку : http://www.catrice.eu/products/eyes/eyeshadow/detail/product/liquid-metal-eyeshadow-100.html и
Ваквите бреднови не формираат цена врз основа на трошоци/издатоци, туку на обем. Истото би можеле да прават и Диор, ама одат на политика екслузивност и богата клиентела. Барем за 50 посто можат да им бидат поевтини производите доколку сакаат да опслужат друга таргет група.
Девојки ме интересира дали некоја го има користено чудово? Го пробав само на рака, и ми се виде како повеќе од добро. Иако по структура е како обична крема за лице, вака на рака баш убаво ми изгледаше. Ги припокри порите, и онака ја изедначи бојата на кожата, баш како и што пишуваше во описот на декларацијата. Ама сакам да слушнам мислење за на лице како е? Дали ќе се познаваат дупчиња од акни и пори? Го има некоја купено да сподели импресии? Едит сега гледам погоре пишале, цената мислам дека му беше околу 250/290 ама не ме држи за збор. Гледав уште 300 работи и не ги запомнив баш цените ама во секој случај не беше скапо
Мислам дека во претходните постови имаше задоволни од овој прајмер, но мене лично не ми се допаѓа. Ставила, не ставила ист резултат добивам. Кај мене нема никаков ефект, не приметувам дека ми ги смалува порите или дека ми го измазнува лицето. Пудрата не се нанесува ништо полесно со овој прајмер, ниту трае подолго со него. Искрено јас сум доста разочарана од производов, на рака кога го пробав пред да го купам ми изгледаше убаво но ете го имам од минатото лето и се уште не ми е ни до пола потрошен. Не знам, можеби е до мојата кожа, сепак не е скап па можеби е најдобро да го пробаш сама и да видиш дали ќе ти се допадне
И мене не ми се допаѓа овој прајмер, многу полесно ми лизга пудрата од него и ми се губи, а очекував многу.
Јас сакав да ја земам оваа палета пред некој ден, ама продавачката немаше појма која нијанса за што е и каде се нанесува. Конкретно за зелената прашував? Ама ако знае некој да ми објасни за сите ќе бидам многу благодарна
Од толку страни испишани со пофалби доаѓа еден хејтерски пост Се убедував дека нешто не чини со мојот начин на користење на препаратите и пробав уште милијарда начини и дадов исто толку шанси - но не, оваа марка не сака да си најде заеднички јазик со мојава кожа. 1. Прва на листата камената пудра all matt plus. Едно што не ми дава некој вау мат ефект, просечно со светнување дури за рекордно брзо време можам да кажам, АМА и ми оксидира. После поминатиот мат ефект, јас не сум само како лампион туку имам и одвратна протокалова-морков боја. Е сега ќе кажете прајмер нели? 2. Prime and fine pore refining anti-shine base (оној во белата тубичка). Нанесуваш под пудра, може да се каже некоја мала разлика во измазнување на порите, ама ни A нема од антишајн. Не фала, ќе си ги носам порите наместо одвратниот сјај. 3. Catrice mat eyeliner. Не знам што сум запнала со тоа мат, изгледа им се претвори во одличен маркетинг трик пошто све живо и диво стана мат кој страшно делува на потсвеста. Мат ајлајнерот е како исушен фломастер - ама буквално. Дали таква е била серијата/пратката не знам, ама исто ти се фаќа дали ќе повториш еднаш или сто пати - резултат панда очи, никаква прецизност (плус што тоа исушеното делува многу несредено и непријатно на изглед). Тоа беше се за сега, ве молам без тепачки и јас сакам да ми одговара козметика со пристапна цена ама кога не оди, не оди па морав да си ја олеснам душичката овде
Мене пудрите не ми одговараат воопшто, ама камената All Matt Plus ми е супер. Баш ја читав Youlen со искуството и се плашев да не ми се случи истото и мене, но не. Не можам да приметам, а ја користам веќе некое време и баш на дневно светло. Да не е до нијансата, можно е оние со беж тоновите да оксидираат затоа што обично тие имаат таква предиспозиција. Мојата е најсветлата нијанса, 010 Transparent. Од прајмерите и јас не сум задоволна воопшто, а течниот водоотпорен туш за очи е исто прекрасен, Не е како оној на Misslyn, не ни може да биде затоа што тој е два пати поскап од него, ако ете се раководиме според цената, но може да му парира во секој случај, иако би рекла дека има полесна формула од Misslyn, но тоа не значи дека не трае и дека се брише при првиот контакт со солзи/вода/временски непогоди. Така-така ми се некои производи, од некои сум тотално разочарана - палетата со коректори која е тотална катастрофа, ама има и такви од кои навистина сум задоволна и од се` срце ги препорачувам - multi-color руменилото, UltimateColor кармините (посебно нијансите 270 и 190 кои ми се апсолутно по вкус), коректорот, моливот за веѓи и сетот за веѓи. А да, исто и лакчињата за нокти се преубави, не се споредува нивната трајност со онаа на пазарските поевтини лакови, иако мене тоа не ми е ниту битно, ама навистина се квалитетни и има солиден избор на нијанси, презадоволна сум.