Девојки дали некоја од вас го има видено карминот ultimate color 340 или 240 ми се чини беше бројчето,неможам да се сетам сега точно ама виолетово/бордо помеѓу е нијасната многу убава боичка е,повеќе накај виолетово тера. долго време барав таков кармин и во ДМ кога видов се израдував ама само тестер има...во ДМ на битпазар ја прашав продавачката ми вика види онде кај каса на рафтот што се изложени ако има таму ок ако не нема,нема ни на штандот ни на рафтот,нема никаде во 2,3 ДМ влегов го нема и го нема,па побогу тестерот стои таму,ако ја немаат таа нијанса што ке им е тестерот,два ти пати прашувам се ми викаат нема,или толку брзо се троши или воопшто не ја донеле..
Да не мислиш на нијансата 270 ? Ако станува збор за тој кармин - јас го купив од ДМ во Веро пред околу 2 месеци, а речиси секогаш го имам гледано таму во неколку примероци.
Мишела може и да е тој,јас цел месец барам никаде ја нема баш утре ке идам накај град па пак ке проверам ама може и таа да е,ништо чудно вака на нет како пто гледав слични се 340 и 270... http://www.google.com/imgres?imgurl...ct=rc&uact=3&dur=312&page=6&start=100&ndsp=21 вака нешто е нијансата http://www.google.com/imgres?imgurl...t=rc&uact=3&dur=345&page=10&start=170&ndsp=21 а и 340 е слична на 270,ама можно е да е 270...значи ја имало...јас пак никаде неможам да ја најдам,последниов месец..
Можеби тој што ти се допаднал е и 340, ми текнува на нијансата затоа што се мислев дали да го купам и јас карминов. Многу е убав, а исто секогаш го гледам таму на рафтовите. Провери, кога тогаш ќе го начекаш.
Ги бива ли лакчињата на Catrice? Ги загледав вчера, убави нијанси имаа, ама дали вредат? Престанав да купувам лакови поскапи од 100 ден. од проста причина што цената не гарантира ни квалитет, ни трајност, а сум имала лошо искуство со лакови од познати фирми. Сега поминувам со лакчиња од Голден Роуз за да имам средени нокти, ама сакам убави нежни нијанси, што некако во последно време не можам да ги најдам. Па реков да ги пробам овие. Ќе ги препорача ли некоја?
@Annath, јас ја имам нијансата 57 и сум навистина задоволна-со две поминувања се добива одлична боја, трае по скоро недела дена и лесно се вади. Исто, би ти ги препорача лаковите на Maybelinne, Colorama, 100 денари се и јас сум презадоволна од нив, штета само што кај нас не ги носат сите нијанси.
Ти благодарам Наусикаја, ќе ги пробам. Ги загледав и тие од Maybelline вчера, ама дали дека стојат на рафт подолго време, како да е издвоена водата или што и да има како основна течност во лакот, не посегнав ни да земам. Истото го забележав со лаковите на Есенс. Дали не им се трошат или нешто друго е причината, не знам. Ќе си купам од Катрис тогаш. ми се допадна една убава нијанса Greige the new beige (тоа го запомнив ), бројот поим немам кој е. Ама имам чувство дека нема да останам на еден
И да си купиш @Annath. Убедена сум дека ќе ти се допаднат. Јас исто не сакам да давам многу пари за лакови, ама на овие не можам да им одолеам. Имам досега неколку и навистина сум задоволна од квалитетот. Бојата ми е интензивна уште при првиот нанесен слој, ми траат по недела и повеќе (уште сум лакирана со истиот лак откако ја поставив сликата во Вашите нокти, а лакот се` уште не почнал да се лупи иако си работам и по дома), а и имаат одличен избор на нијанси. Еве ми се допадна и овој што го постирала @Nausicaa погоре и морам да си го купам, бојата е фантастична.
И јас во последно време користам Maybelline, имам 3 нијанси и сум задоволна од бојата и трајноста (имам бело-кремаст, розевкаст и темно црвен). Ги купив од DM. Пробај ги, за цената (100 денари) се одлични!
Јас дојдов да кажам дека не сум задоволна од коректорот камуфлаж. Очигледно не е за сува кожа, покрај толку позитивни мислења и коментари решив да го купам ама ништо... Прво не ми ги покрива подочњаците како што очекував, беше фален за високата покривност, јас неможам да се согласам со тоа, би рекла средна покривност. Второ ми ги истакнува линиите и се собира во нив. Имам неколку линиички под очите и целиот се собира во нив, пробав со четка, со прсти со се убаво да го натапкам ама џабе. нареден пат ставив и силиконски прајмер, одозгора ги поминав и со пудра во прав па ајде некако успеав да ги замаскирам ама сепак се собираше во линиите само не толку приметливо. Трето ми солзат очите од него. Од една страна е толку густ и тежок, а од друга страна не покрива нешто многу. Нијансата си ја погодив иако немаше тестер од око и по името на нијансата лесно може да се погоди. Јас ја земав 02 нијансата light beige. Имав големи очекувања ама испадна колку пари толку музика. Немаше да биде толку трагично ако течните коректори кои ги имам не се попокривни од овој, ама за среќа се. Имам течен од Менхетн и Артдеко кои многу подобро покриваа темни кругови од овој на Кетрис и плус не се собираат во линиите под очите. Исто така го користев едно време и од Артдеко камуфлажот и сега се чудам како може да го споредувате со него? Па со тој и тетоважа може да се покрие, а не пак темни пругови . Да не биде дека само го критикувам морам да кажам дека во поглед на трајноста сум задоволна. Не би го препорачала на девојки со сува кожа под очите, сигурна сум дека тоа е проблемот поради кој ми се собира во линиите.
А во споредба со течниот на Артдеко, кој го преферираш, камуфлажот нивен или течниот за темни подочници? Инаку го имам истиот проблем со линиите под очите. Читав добри рецензии и за Мејбелин Age rewind, ама штета го нема кај нас...
Камуфлажот е доста попокривен од течниот коректор, лично јас повеќе го сакам течниот затоа што сувите коректори како камуфлажот не ми одговараат на мојата сува кожа и ми го суштат тој предел уште толку и ми се собираат во линиите. Со камуфлажов добиваш изглед како да си фотошопирана одлично ги покрива темните кругови, секогаш имаат тестери во парфимериите па можеш и да пробаш ќе се увериш сама. Течниот сепак солидно поркива, ептен убаво се нанесува и легнува на кожата. Јас го ставам врз пудра, за разлика од камуфлажот кој подобро е да го нанесеш пред да ставиш пудра. Врз пудра делува и како хајлатер овој течниот коректор и ептен убав ефект се добива. И разликата во цена меѓу нив е големка, течниот е околу 700 денари, а камуфлажот 400. Ако ти се проблем линиите ти го препорачувам течниот да си го земеш сепак, барем јас имам такво искуство.
Прaшувaв зa лaкчињaтa, oтидoв сo нaмерa сaмo oд нив дa купaм, aмa.... Јa зедoв пaлетaтa нa сенки зa oчи Absolute Nude, руменилoтo Multicolour 080 Peach frappucino, четкaтa зa руменилo, филерoт зa веѓи, гел мaскaрaтa зa веѓи, три лaкчињa (мoментaлнo ги немaм дo мене дa ги видaм брoјчињaтa), мaлку фaлеше дa си купaм и пудрa (photo finish) aмa јa немaa нијaнсaтa штo ми oдгoвaрaше. Вaкa ми се дoпaѓaaт прoизвoдите, ќе видиме нa дoлги пaтеки кaкo ќе се пoкaжaт. Инaку си купив и други ствaрчици oд Бaлеa сaмo пaри дa се трoшеле ццццц
@Annath тоа што е издвоено во два слоја воопшто не пречи и нема да имаш никаков проблем. Само е потребно да го измешаш. Порано во лаковите (а и сега има во некои) имаше мали метални топчиња кои служеа за размешување на лакот, но и без нив се врши работа. Поделувањето најчесто се случува од температура или подолго стоење (не мора да значи дека се работи за месеци туку на недела-две зошто до одвојување може да дојде и за неколку дена). Само внимавај поделеноста да е милиметар-два, а да не се работи за половина шишенце.