Само една CC крема имам пробано, таа од Авон и немам убаво искуство. Имам напишано мислење во друга тема. Кремата нема никаква покривност и има светки, многу грди светки лицето ми е поубаво природно отколку со кремава и кога ставав несакајки ми се допра малку до очите, уствари секоја пудра, крема, ВВ крема кога ја ставам ми се допира до очите, ама од оваа ме печеа и ми станаа црвени, единствено мирисот ми се свиѓа. Несакам да експериментирам, така да не пробувам веќе СС креми
Мислам дека се одлична замена за лесна пудра, за некоја што нема проблематична кожа и нема потреба од голема покривност. Ова е мое мислење според коментари кои ги имам читано, а јас за жал имам доста црвенило и флеки кои треба да ги покријам, така што ќе причекам за нешто вакво. А ја меркам одамна таа на Есенс http://www.beautygloss.nl/2014/03/04/essence-all-in-one-cc-cream/ Плус, поевтини се од пудрите.
ако моето мислење е подобро да се носат природен билка или лекови, не го користете производот со користење на хемикалии, бидејќи тоа е многу опасно
^ Оваа на Макс Фактор многу ја фалат блогеркиве. Ако некој има искуство нека пише. Инаку за Clinique - сега кога ми е релативно чисто лицето, подобра ми е за секој ден. Инаку само така стоеше без ништо да покрие, а тешко ја чувствував. Сега нанесувам скроз минимална количина и размачкувам со техника крем, без многу внимавање и со врвови од прсти ко што правам со класична течна пудра - размачкувам ЦЦ низ прсти и 'вмасирувам' во кожа. Па далеку подобро изгледа, се впива самата формула и има природен ефект. Пробав со Буржоа компактна пудра одозгора (благо нанесена со четка)... е не го можам тој мат ефект на мене и готово. Си ја чувствувам кожата сува и неубава, не сакам така.