Љубов кон позната личност Еве јас ќе ви раскажам за последната моја средба со јавна, позната личност. Беше средба што ме смени во целост и средба што ми го преврте светот со нозете угоре и ја извади најкршливата и најнежната страна од мене на виделина. Ник Вујичич Го запознав додека живеев во Давос, мината година и бев на пракса во еден хотел преку факсот. Јас не знаев кој е, ама кога го видов ми се пресекоа нозете и снемав здив. Пред мене имаше човек без раце и нозе со прекрасни зелени очи и со најпрекрасната најискрената насмевка што сум ја видела некогаш.. Беше гостин на светскиот економски форум во Давос и беше во нашиот хотел скоро недела дена. Во тие денови, се гледавме секој ден и се погоди да ги служам баш јас. Еден ден ме викна Ник на својата маса, ме праша : ти од Македонија си ? Му реков да, и почна да раскажува дека е Србин всушност но роден во Австралија, од двајца родители срби. Почна да ми зборува малце на српски и ми рече дека е многу среќен что сретнал некој од Југославија. Дека одамна не бил во Србија, ама при првата можност сакал да оди. Од тогаш станавме уште поблиски и со него и со неговиот помошник. За жал, некако иако не требаше да имам слободен ден баш тогаш кога си заминаа, јас имав слободен ден. Не се видовме за да се испратиме и следниот ден го поминав во солзи, ама буквално удавена во солзи. Ми остави толку голем впечаток што верувам дека и Бред Пит да го запознаам нема да го засени. Немам видено досега толку позитивен човек, што толку го љуби животот и што дели толку прекрасни насмевки безрезервно.. Би можела да пишувам цел ден и нема да можам да ги искажам своите впечатоци од него. Прекрасно, прекрасно искуство на коешто сум горда. После пишавме и е/маил...
Љубов кон позната личност И јас бев затрескана во истите и баш ме интересира што му напиша на Виле Вало идали ти врати
Љубов кон позната личност Па така кажи бе дете баш ти е гајле кај игра и кој тим. Додај си го за пријател и Break a leg.
Љубов кон позната личност Но сепак умира . Абе сите сме го поминале тој период.Трескање од земја поради некои фацки,лепење на сликички,постер итн.Сега ме потсетивте и мене за Ламбе и колку лудував по него .Кога бев шесто-седмо оделение нормално како и секоја девојка губев глава за него.Па онаа песната што беше Спаси ме,ја слушав 50 пати на ден.Баш пред некое време најдов една тетратка кај братучетка ми каде и она како мене си пишувала споменарки со неговото име.Абе детска работа .А сега Ламбе не можам да го гледам а тогаш совршено момче ми беше . Ама на спортисти и до ден денес си се палам.Си сонувам за една тројка со Владо Илиевски и Дамјан Стојановски.Па една четворка со некои Реалови фудбалери.Тие wet dreams си ги имам сеуште . А сега за девојчето не знам што да ти кажам.Не знам колку познат спортист е таа личност.Но сепак пробај си ги шансите,ако мислиш дека може .
Љубов кон позната личност Мене искрено никогаш не ми се случило. Не ми е јасно како може да идеализираш некој што си го видел на телевизија и никогаш не си имал физички контакт. Не дека не ми се случило да идеализирам некој Ама, во случајов не некој што не го познавам лично. (ова нормално се однесува за периодот кога бев тинејџер)
Љубов кон позната личност Е, па не е овај толку познат бе Верица. Чим јас не го знаам. Иначе јас сум во сериозна врска со постерот. Љубов е тоа.
Љубов кон позната личност Иако никогаш не слушав српска музика,еден ден отидов кај баба ми, која пинк гледа 24/7..Почна да пее еден дечко и јас ја прашав баба ми како се вика,таа ми каза дека тој бил Дарко Лазиќ познат српски пеач,победник во звезде гранда.Иако на себе имаше 150кг јас одлепив по него...Минатата година бев на одмор во Црна Гора но не успеав да се запознам со него,но затоа оваа година бев на неговиот концерт,и отидов до сепарето кај што седеше му кажав се што имав на душа,се сликав со него,а на крај тој ми плати едно пиење и разговаравме половина час...Кога го видам значи незнам,полудувам...Може да има и 500 кила на мене ќе ми е најубав
Љубов кон позната личност Верице брее !! Одма да го аднеш и да му пишеш ич да не му ја мислиш ! Јас реков некој кој знае кој тој... скоро никој ... стварно не е познат убаво момче што си игра кошарка..па имал девојка.. е не ! Не е женет ! Што ако има девојка...ни прва ни последна...слушај ме пробај си ја среќата и пиши како поминало..
Љубов кон позната личност Jас и сестра ми луди бевме по Самарџиски, го аднува сестра ми на фб не ја прифаќа, си викам јас ај да си пробам среќа. Го аднувам, ме прифаќа и ми пиша на чет одма Си теравме муабети долго време, е тоа беа радости Сега сакам фејсбук од Рајан Гослин
Љубов кон позната личност Сите сме поминале низ овој период,кој да каже дека не бил заљубен барем еднаш во животот во позната личност да знаете дека лаже! Епа вака мили мои,како што гледам тука најмногу се пишувало за Ламбе,де бре сите ли сме се испозаљубиле во него.Чудно мене дури ми е. Епа кога победи Ламбе на М2 тогаш јас незнам имав некаде околу 7 години и толку дали имав незнам,ама бев заљубена во него,а песната Спаси ме,веднаш е научив на памет.Едноставно лудував по него.Среќа што во тоа време немаше фб,инаку кој знае што глупости ќе трескав. Ми помина тој период кога лудував по Ламбе,е некаде на 10 години се затрескав во близнаците од Некст Тајм,е да си признам Мартин ми беше повеќе секси.И си го сакав повеќе.Е сега моменти беа кога ги испоаднав на фб,кога им пишував.Ми враќаа на пораките Потоа дознав и број,и ајде ќе им се јавувам.Абе дете пубертетлио што може друго да направи.Па после 2-3 пати им појдов на свирка ово-оно.Помина време и готово созреав,толку беше љубовта моја.Платонска де.
Љубов кон позната личност Значи девојкава прашува за некого во чија близина е и со кого лесно може да стапи во контакт, вие сте изнапишале кого се го симпатизирате од светската естрада -.-
Љубов кон позната личност ^ ^ ^ И сега шо прајме Нормално и пожелно е дискусијата да напредува а да не се врти околку нејзиниот проблем.Која е целта и поентата на повеќето теми кои се отвориле од членови кои имаат наведено конкретен проблем, поминало време, поминал и проблемот, ќе имаме забрана за користење на темата и пишување проблеми или мислења поврзани со неа но не конкретно со дотичниот проблем ? Зарем треба да се отвора засебна тема секој ден, така поуредно е, или пак пологично? НЕ !Нека си побара авторски права и клај си одма еден Facepalm фатален,молчи. Глупаво е, ептен. Инаку стандард моја опсесија е Марио Касас.Нема да умрам мирно дури не се качам на него.Ептен ми е секси.Не е љубов опсесија е.Непребол,зараза.Ауф зрачи тестостерон. Друга работа е ако одам на концерт кај Енрике.Пратам ситуација јас бакнувал по една девојка на секој настап.Како вандал ќе истепам се што ќе ми се најде на патот.После ќе ме има по весници и на CNN за обид за силување и крадење боксерици.
Љубов кон позната личност ^ Ајде вака сега, малку ученички да пробаме.. Насловот на темата гласи ЉУБОВ кон позната личност. Тоа недозреано трескање по фаци како Касас (како и да беше) и слични глупости не ми влагаат мене во дефиниција за љубов. Или љубов да не е тоа? -.- Како и да е, поентата е јасна, да не се објаснувам по сто пати за ептен логички работи. Дали е тој позната личност или не, таа е во негова близина, и тој случај е сосема поинаков од детските глупости кон кои отишла дискусијава.
Љубов кон позната личност Без тие работи, пубертетот немаше да ми биде ич интересен Дури имав и тетратка една кај шо сечев и лепев нивни слики шо ќе испонајдев по списанија весници и си цртав срциња, па “писма“ шо никад нема да ги пратам... Ја чував до пред некое време...Лелеее, смешни години...
Љубов кон позната личност Е зошто бре “Кој вика дека не се заљубил во позната личност, лаже“ (кементар од феминка погоре) ???? Другарки мои го имаа бројот на Угро, се слушаа со него, па тој завеан сакаше да доаѓа да се видат, глупости живи. Јас ги гледав, ги слушав и никако не сфаќав што е толку интересно во сето тоа. Во ниту еден момент не сум се заљубила во некој познат, ниту пак ми бил нешто посебно интересен или привлечен. Да , не викам дека нема, има , убави ,згодни дечки кои може да се видат на тв, но јас одсекогаш сум ги гледала како нешто обично, всушност незнам како да објаснам, но мозокот не ми ги регистрира како момци во кои би се заљубила, коиби ми се свиѓале и сл..
Љубов кон позната личност ОООО...моја тема Абе сум се заљубила и јас, не дека не, и тоа во никој друг туку, ни помалку ни повеќе, Бред Пит. Па не залепив цел ѕид од 4 метра со негови слики и постери, па не ја чкртнав Анистон, тогаш беше со неа во брак, значи од сите слики ја чкртав и лепев мои слики на нејзино место Будала! И како капак на се, Му пратив и писмо, да драги мои, не маил или слично, писмо бе брате, поштено, по пошта, со слики од мене и Миа Фамилиа, што би рекол Бади Веластро, од кучето, ма филм купив специјално за него да направам слики... Еееее... беа тоа времиња, ама се одзаљубив, кога требаше да се вадат сликите и постерите од ѕидот веднаш се одзаљубив Шала на страна, прен година дена сонував сум се мажела со Тони Зен Мислам не знам што да кажам, ај дете бев тогаш, а ова бе, на 24 да сонуваш нешто такво
Љубов кон позната личност Искрено, никогаш не сум била заљубена, а уште помалку да чувствувам љубов кон позната личност.Не го разбирам тоа да се затрескаш во некој што не го познаваш лично, без разлика дали е познат или тотален анонимус.За мене, љубовта не е само физичка привлечност, потребна е хемија меѓу нас двајца што се случува само откако ќе се видиш со некого, потоа компатибилност на карактери, што се одредува само ако зборуваш со некого, а ми требаат и малку повеќе информации за него, не само во кои филмови играл и дали е геј или не е Можеби убави ми се многу актери и пејачи и ми се свиѓаат, ама никогаш не сум се затрескала во некој од нив...