Љубов кон позната личност Јас во Енрике сум затрескана, туу долго време, бајагички, 2-3 години има.Ај сега не до толку ама порано, леле, опседната бев со него, по цел ден песни му слушав, може билион слики имав во компјутер (не дека сега немам ) па тоа сите другарки ги научија од мене песните, па онаа девојка му ја пцуев, дури и планови правев како да го киднапирам. Море еден концерт да направи тука прва купувам карта за прв ред, е после ако не ме качи на сцена нека му ја мисли, има да го нема. Со Стронгер има да буде тепање. Спојлер Горим, знојим се.
Љубов кон позната личност Јас бев вљубена во Фернандо Торес многу го сакав имам дрес од него порано само дресот си го носев, му бев девојка така си се замислував и не бев многу мала пред 4-5 години беше тоа. Се сеќавам кога играа на европско во 2008 год. бев во Турција на одмор и турците беа против Шпанија и кога даде гол Торес кога рипнав само јас како малоумна му се изнарадував и си седнав, кога се развртев сите ме гледаа бледо . Важно голот беше за мене. Сеуште го сакам срцка е
Љубов кон позната личност Јас сум си вљубена во Елвир Мекиќ од 2007 и иста е страста и после 6 години. Значи ова моево првите три четири години излегуваше од контрола. Аххх само колку смешки иам за кажување ....сеа ми се смешки ама јас утре да го сретнам пак ќе почнам да припаѓам и плачам како ненормална Како и да е секогаш ќе ми биде неостварена љувов да бидеме малку реални ( иако надежта во мене константно тлее... ) Хахахаа Значи чоеков го гледам на телевизија и автоматски почнувам да липам, да корнам, да вриштам....ако сум олкава магарица Најтазе испад ми беше пред некој два месеца коа една другарка од мајка ми ми кажа дека го видела Скопје и јас гордо истапив со паролата како и со што таа заслужила да го види а јас не !!! Алоооо.... И да...заборавив уште ова- На прозорецот иам 3 рамки за слики со со слики негови А4 формат, на печката 2 постера, на вратата- 3 постера и каверот од цедето потпишан на плакарот- 8 постера и под тепих 3 Епа нема кај веќе...
Љубов кон позната личност јас многу си го сакам фудбалерот Fернандо Tорес,имам слики постери од него дома,животна желба ми е да го видам некогаш,макар и од подалеку .имав дечко кој многу личи на него. а колку бев среќна што играше на светското првенство .
Љубов кон позната личност Прва љубов : Тоше Од кога се сеќавам Тоше ми бил симпли да бест .Едноставно неописливо и сеуште си го носам во <3 .Секој ден најмалку 5 песни мора да исслушам Но за среќа Little не пишуваше приказни по тел или фв што малку ми е криво !
Љубов кон позната личност ДА и сеуште е така ,бидејки мојот бивши дечко лиЧи мн на него еве видете и сами http://sphotos-d.ak.fbcdn.net/hphotos-a ... 3012_n.jpg Ова е Владо -позната фаца А ова е мојот бивши http://kurir.mk/images/stories/2013/01/18/nenad500.jpg -НЕНАД НИКУДИНОВСКИ
Љубов кон позната личност Не баш заљубена но може да се каже дека многу ми се допаѓа Chuck Bass A тука некаде е и Роналдо Што да правам кога има нешто посебно во нив
Љубов кон позната личност Јас сум заљубена у мојот дечко,даа тој е познат..Кога шетаме низ град на сите вика здравоо ХХАХАХХАХАХХА
Љубов кон позната личност имаше еден William Smith од еден футуристички тинејџерски филм само заборавив како се викаше филмот,знам као демек изумреле возрасните и во цел свет само деца останале така нешто,абе кога ке почнеше филмот кога ги даваа актерите го бацував екранот од телевизорот кога ке се појавеше он и после се фати со една во филмот ама јас пукав од љубомора дури ја мразев таа
Љубов кон позната личност Добро освен Миркуловски имам уште многу други на ред. Останати убави ми се: -Роби Вилијамс -Фернандо Торес -Марио Касас -и останати... Ако тргнам крај ќе нема! А да и Лео Меси ми е многу сладок! Спојлер Филип Миркуловски Роби Вилијамс Фернандо Торес Марио Касас Лео Меси