Љубов кон позната личност Кратко трае таа љубов...кога ќе видиш колку "јак" карактер имаат..ќе ти се повраќа од него, сите ми ти се исти, тие познати, надувани ко цепелин
Љубов кон позната личност Јас, еве на пример, го сакам Жерард Батлер толку ми е длабока љубовта, што не ми е битно дали и колку е плиток, туку само сакам да го силувам Па и уште еден филм со него што гледав, како ја врткаше Кетрин Хејгл на некоја секси песма...се полигавив по мониторот
Љубов кон позната личност Мануел Ноер,Бастијан Швајнштајгер,Лукас Подолски.... ги обожавамм уште од мала
Љубов кон позната личност ^ Кажи а :geek: таков како необрусен, сиров, груб, а толку секси Да видиш како сум се нафатила да учам танцување после филмов од кај знаеш што ќе ме снајде утре...нејќам да се обрукам
Љубов кон позната личност Не бери гајле женче, и онака тој ќе те води, ко ќе те грабни и чекори и се` ќе заборавиш И да, баш таков е....
Љубов кон позната личност Моментално сум вљубена во Крис Еванс... What's your number го имам гледано нешто повеќе од 20тина пати...Дури и песната Three times a lady ја засакав поради него ...Неможам да спијам,да јадам,да пијам(дури го гледам филмот),па љубов е тоа брее!!! А инаку вљубена сум во чувството да бидам вљубена,така да си сакам обавезно по некој неделно дури да се врати дечко ми од ск
Љубов кон позната личност Имам некои симпатии од познатите ама неможе тоа да се нарече ни заљубеност ни љубов. А на времето, ехеее, си без саглам затрескана во Мет Так, пејачот на Bullet for my Valentine. За среќа, брзо сфатив дека е стар за мене, а инаку се подразбира дека имав шанси со него де. Ми текна и на овој од Најтвиш. Овој ми е уште непреболен.
Љубов кон позната личност Дали има посовршено суштество од него?? Како е можно да го погледениш и да не се вљубиш?? Лејдис енд џентлмен д уан енд онли Џонииииииииииииииии Деееееееееееп Го запознав како Крај Бејби, па тоа беше љубов на прв поглед И исто така и Хејт Леџер
Љубов кон позната личност Дајте бе женски некој од нашиве познати ретко прочитав еве јас ќе си го кажам ВЛАТКО ИЛИЕВСКИ
Љубов кон позната личност Хм, љубов.. Симпатија, илузија верувам дека може да се појави, но не верувам во љубов кон особа што не ја познавам. И дури оние кои мислат дека се заљубени во таа некоја позната личност, тие се заљубени во убавината, славата, неговата/нејзината недостапност, и во сликата која самите тие ја идеализирале за таа личност.
Љубов кон позната личност Кога имав 15-16 години ептен бев затрескана во Виле Вало, озбилно мислев дека сум заљубена дури и си правев филмови како се запознаваме, како деца ќе имаме, се трескав од земја заради него. Сега кога ќе ми текне на тоа смешно ми е дури и срам ме фаќа како сум можела по цели денови да мислам на некој кој што не го ни познавам и за кого сум била свесна дека нема ни да го видам некад, ама дете, тоа ти е. И не, не постои љубов кон позната личност, може да го симпатизираш дали заради изгледот или музиката ама љубов сигурно не е. Тинејџерска затресканост би го нарекла, и така во тие години мислиш се што лета се јаде.
Љубов кон позната личност Баш пред некој ден гледав нови слики од него и таква бев кај ти бил паметот краво бат...веројатно истото и за бившите може да си го речам
Љубов кон позната личност Како мала бев заљубена во Оливер од Дајте музика а сего кога сум голема Harvey од Siuts 'grrrrrrrrrrr
Љубов кон позната личност Кога одев уште во основно, кога искочи Титаник бев заљубена - залудена по Леонардо ди Каприо. Цела соба ја имав излепено се негови постери, а таму кај што имаше место лепев мали сликички. Мајка ми а видеше коса и се креваше Па уште и купував списанија Браво маво, не се сеќавам кои се беа, сечев слики од нив и ги чував во папка. Ми беа my precious Сега кога ќе помислам, си викам - па подобро него Backstreet boys Па и уште ми е меѓу омилените глумци. A во подоцнежните години, во средно љубов ми беше пејачот од Пласибо, Брајан Молко или Молоко, како и да се викаше....
Љубов кон позната личност Ахххх исто Леонардо ми беше најголема љубов. Дури имаше и во списанијата Браво нивни адреси, бев спремна да му пишам писмо