1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

CeraVe

Дискусија во 'Лице' започната од koritsaki, 16 февруари 2023.

  1. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.381
    Допаѓања:
    105.519
    Пол:
    Женски
    Како што има теми за останатите брендови , отварам тема и за Cerave, па тука може да разменуваме разни мислења за производите.
    Читам дека веќе ги има во Македонија, па нема да мора да ги порачувате/купувате од странство.

    [​IMG]

    Јас со едно прашање, дали балзамов за чистење шминка го има по аптеките во Македонија, во Грција каде што и живеам го нема , а и нема да го донесат во иднина. Па ме интересира дали таму го има

    [​IMG]
     
    Последна измена: 16 февруари 2023
    На Salome, Bananki023, Hatula и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Ina V

    Ina V Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    1.560
    Пол:
    Женски
    Некои од производите на CeraVe имаат прилично чисти состојки, ама дел од нив содржат и парабени и силикони.
    Тука може да се прочита подетално за составот на голем дел од нивните производи:
    https://www.ewg.org/skindeep/browse/brands/4606-cerave/?brand=CeraVe&page=1
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  3. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.712
    Допаѓања:
    32.796
    Пол:
    Женски
    Одамна ги меркам јас и гледам дека сега веќе ги донеле и кај нас
    Ги имате ли користено девојки? Вреди ли хајпот по нив? Скапи ли се? :?:
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  4. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.381
    Допаѓања:
    105.519
    Пол:
    Женски
    Јас го имам користено гелот за миење лице (тој за мрсно лице). Добар беше, не ја сушеше кожата.

    [​IMG]
    Последно го пробав лосион кремата за лице и тело од тестер што ми го дадоа во аптека и иако пишува дека е за нормална до сува кожа, многу ми се допадна иако имам мрсно лице , особено кога го пробав навечер откако нанесов ретинол.. па се мислам и да го купам. Воопшто не е мрсна кремата и ми се допаѓа што има разни милилитражи (до 1литар)

    [​IMG]

    Не знам во Мк како е со цени, кај мене во Грција се многу евтини
     
    На IamSexyAndIKnowIt, simoncelicius и QweenSM им се допаѓа ова.
  5. Medea.

    Medea. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    938
    Пол:
    Женски
    Каде се продаваат во Македонија?
     
  6. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.620
    Допаѓања:
    8.388
    Пол:
    Женски
    Зегин и Анни фарм
     
  7. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.381
    Допаѓања:
    105.519
    Пол:
    Женски
    И пак во Македонија се е поскапо како и секогаш..
    Кремата за лице од 236 мл , во Грција ја земав 10,50 , во Македонија е 900 ден.
    Чистачот за шминка - 9,25 во Мк 1068 :whew:
     
    На tamche995, Lollipop_123, sj *O* и 5 други им се допаѓа ова.
  8. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.089
    Пол:
    Женски
    Така и мислев, ддв-то треба да се плати,царина исто така. Затоа и не нарачувам иако брендов општо не ми се допадна.
     
    На IamSexyAndIKnowIt и koritsaki им се допаѓа ова.
  9. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.162
    Допаѓања:
    11.712
    Пол:
    Машки
    Ниту парабените, ниту силиконите се штетни.

    Инаку, од ЦераВе само foaming cleanser-от го имам користено, на лето ми одговараше, ама на зима ми го сушеше лицето.
     
    На Evil, Lollipop_123, pdb123 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Hatula

    Hatula Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2017
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    497
    Пол:
    Женски
    Гелот за миење лице ми е омилен и не го менувам веќе 2 години. Темелно и убаво чисти лице и никогаш не ја суши кожата дополнително (јас имам сува кожа). Дефинитивно најдобро нешто!
    [​IMG]
    Ги имам користено и кремите за лице (дневна и ноќна) исто бев презадоволна.

    Кремата за лице и тело за сува и многу сува кожа исто е многу добра. Брзо се впива, хидратира и без додадени мириси.
    [​IMG]
     
    На Bananki023 и koritsaki им се допаѓа ова.
  11. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.636
    Допаѓања:
    2.881
    Пол:
    Женски
    Моментално користам CETAPHIL ph balanced многу нежен гел за лице што го споредуваат со CeraVe(не знам зошто), кога ќе го потрошам планирам од аптека да го земам хидратантниот гел за миење, зелената амбалажа, не тој за мрсна кожа бидејки во многу рецензии читав дека ја пресушувал кожата. Имам читано доста позитивни но и негативни рецензии за брендот, кремите и геловите за миење, како и за секој бренд и за овој има незадоволни корисници.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ina V

    Ina V Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    1.560
    Пол:
    Женски
    Аргументи, факти... или произволна изјава?
     
  13. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.417
    Dimethicone is a type of silicone (technically known as a non-volatile/linear silicone). It is one of the most frequently used emollient (softening) ingredients in moisturizers, well known for its gentleness and effectiveness.

    Dimethicone is recognized as a “skin protectant” by the U.S. FDA, when used in over-the-counter products in concentrations of 1-30%. It forms an air-permeable barrier that works to prevent moisture loss, so skin better retains hydration, while still allowing natural perspiration to evaporate. It imparts a wonderfully silky (but not greasy) feel, which makes it especially popular in oil-free moisturizers.

    Dimethicone may also be used with other ingredients such as alumina to coat zinc oxide or titanium dioxide in sunscreen formulation to help the actives distribute evenly on skin, providing uniform protection.

    Dimethicone is considered a synthetic ingredient, even though it’s derived from natural silicon. It has a long track record of being recognized as safe in cosmetic products.
     
    На Evil, koritsaki, Waverly Raven и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Ina V

    Ina V Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    1.560
    Пол:
    Женски
    Диметикон не е единствен силикон што се користи во козметика.
    The primary types of silicones used in skin care and hair care are categorized as volatile and non-volatile.
    Ама, оваа тема не за ова, секој со своите знаења и убедувања.
     
  15. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.867
    Еве и за парабените. Инаку, во првичната „страшна“ студија се разгледувале само ткива од гради кои имаат рак и поради присуството на парабени заклучиле дека тие се предизвикувачи на ракот :). Но, дека correlation=/causation е покажано кога се разгледало и здраво ткиво и и таму се утврдило присуство на парабени. Со други зборови, присуството на парабени не било исклучиво само кај луѓе со рак.

    Што се однесува до силиконите, океј е некому да не му се допаѓа текстурата на производ со силикон итн, па поради тоа да ги избегнува (иако повеќето баш ги бараат заради матирачкиот и измазнувачки ефект (без пори) кај шминките на пример :D), ама не се небезбедни, ниту пак бескорисни. Сѐ што помага да ја намалиш (велам намалиш, затоа што не може да блокираш) стапката на „бегање“/испарување вода од кожата не е бескорисно, особено за посува или дехидрирана кожа (особено кај луѓе со мрсна, а дехидрирана кожа, кои не сакаат мрсни производи, туку баш сакаат матирачки ефект). Секоја состојка не мора да има регенеративна функција за кожата за да е „вредна“, вреди и нејзината заштитна и естетска функција :).

    Инаку, барем за мене, секогаш ми се најсомнителни и најнереални црно-белите изјави од типот „ова е добро, ова е лошо“, прво затоа што нема (целосен) контекст, а второ затоа што вистината е секогаш измеѓу. Во козметика најчесто се игнорира основната логика и основниот принцип на токсичност, кој вели дека токсичноста зависи од дозата која се користи. Или со други зборови, секоја супстанција има потенцијал да е токсична во доволно голема доза или при конкретен тип на изложеност (топикално, орална консумација, инхалација, инјектирање, самостојно или во комбинација со други супстанции...) - дури и вода. Затоа треба секогаш да се гледа дали реалната примена (зачестеност, количина и начин на користење) претставува опасност или не. Плус на ова треба да се земе предвид и начинот на испитување, односно квалитетот на студијата - дали има доволно голем и разновиден репрезентативен примерок, дали е испитано во чинија, кај животни или кај луѓе, дали заклучоците, тврдењата на студијата реално соодветствуваат на добиените резултати... И за крај, плус треба да се има на ум дека колку повеќе студии, податоци го потврдуваат тврдењето, толку теоријата е поцврста и обратно, не може од една-две студии веднаш да се носат генерални заклучоци.
    Volatile значи брзо да испаруваат, а non-volatile обратно. Тоа не кажува ништо за безбедноста. Како што кажав, некогаш сакаш состојките да се што е можно поистрајни, т.е. да се задржуваат на кожата, како примерот со шминка или за заштита на кожата од надворешноста и намалување на испарувањето на вода. При миење на лице ќе се тргнат и онака.

    Во склоп на темата: немам користено CeraVe, а одамна сакав, не знаев дека конечно ги донеле во Македонија 8-|.
     
    Последна измена: 19 февруари 2023
    На Abel, Evil, Ketchup и 2 други им се допаѓа ова.
  16. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.985
    Допаѓања:
    14.349
    Пол:
    Женски
    На инста многу ги фалат производите на овој бренд а видов исто на инста дека во некоја аптека мислам во Охрид дека беше најавија дека ќе има производи од оваа линија.
     
  17. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.636
    Допаѓања:
    2.881
    Пол:
    Женски
    И јас тоа го видов само, не знаев дека и во Зегин ги има. Баш утре ќе проверам. Ама баш се скапи, во Грција, Килкис, во аптека кога прашав беа многу поефтини. Дали некој има користено од виолетовата линија на CeraVe производи со ретинол? Кремата на пример или серумот? Capture.JPG
    Capture.JPG
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  18. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.381
    Допаѓања:
    105.519
    Пол:
    Женски

    Виолетовата линија ја нема во Грција
     
    Последна измена: 20 февруари 2023
  19. sofija014

    sofija014 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2013
    Пораки:
    831
    Допаѓања:
    3.843
    Ги пробав SA cleanser-от и кремата од истата линија ама мене не ме воодушевија производиве. На тикток, инстаграм ги утепаа од фалење, конкрерно оваа линија за текстура на кожа, акни ама мене гелот ми ја исуши кожата а кремата баш напротив ме нафрли со ситни бели акни а и самата конзистенција и е некако густа и тешка, не би рекла дека е лесна и погодна за масна кожа со неправилности. Можеби би дала шанса уште да го пробам зелениот хидратантен гел за миење.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.499
    Допаѓања:
    9.186
    Тој за мрсна подобар е од Ла Рош?
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.