Гел не е за вадење ништо . Гелот е вториот чекор од рутината после маслениот чистач да дочисти површински. Од погрешен производ бараш достигнување такво. Ако сакаш да ти се извади и шминка и се земи си маслен чистач о нема да се мачиш.
Како не е гел за вадење шминка? Не знам тогаш зошто произведуваат гелови за вадење на шминка.И на нив самите пишува дека се за тоа. А маслен чистач на жени кои имаат мрсна ка не би му препорачала. Немаме сите сува кожа па да користиме маслен чистач.
Јас имам мрсна кожа некогаш користам маслен чистач , некогаш и м.вода. ама немам никаков проблем и со двата типови на чистачи маслениот не ми ја масти кожата дополнително. По нив, секако го мијам лицето со гел за лице
Гелот всушност претставува средство за чистење на кожата на лицето од други надворешни фактори како и од креми,спф. Додека пак мицералната вода и чистачите ја чистат шминката т.е. ја отстрануваат. Тие можат да се користат неколку пати денот додека гелот само двапати во денот. Небулоза е дека маслениот чистач не одговара за мрсна кожа бидејќи тој е само чистач, не упива кој потоа се измива. Ова го кажувам поаѓајќи од себе имам мрсна кожа, и немам бенефиција од него никаква освен што ми ја вади маскарата воодотпорната.
Маслен чиста е за сите и е првиот чекор. Види на интернет double cleansing. Тоа е за сите и длабинско чистење. Гелот не смее на очи затоа и печат и втор чекор после маслениот во корејската козметика. Може да се комбинира и со мицеларна и други работи но не е исто. Каде сакаш провери маслен чистач е за сите само зависи какви состојки има внатре главни.
E ај кога требало и чистач кажете тема таму да разгледам што мислат членките кој да го користам. Од цераве генерално ништо посебно не ме привлекува. И тој гелот со салицилна не, и лосионот за навлажнување(хидтатација) не. Добив некои тестери и мн ми останаа така. @koritsaki сега видов погоре си прашала дали го има кај нас овој балсамот за чистење во кружна кутија ама не. Јас во аптека работам и кога ни стигнаа производиве од цераве ваков не донесоа, а ни нагласија дека сé од асортиманот што е достапен кај нас ни донеле. Ќе треба од Грција да си го набавиш. За маслениот чистач сериозно, ако знаете некој добар кажете.
Ја иам комбинирана кожа со премрсна т зона, ја користам оваа, супер ми се покажа. Се користи многу мала количина.
Имам нормална до комбинирана/ бивша дехидрирана кожа Cerave ми е во постојаната рутина, ги ротирам следниве чистачи: Одличен за нормална и комбо кожа, особено за потоплите месеци и за некој што се шминка секојдневно, пријатен и за осетлива кожа, чисти длабински ама не го остава лицето затегнато. Ако мора да бирам еден чистач засекогаш тоа ќе е овој. Како втор чекор после маслен или мицеларна, без проблем и двапати на ден. Добар избор за постудените месеци, иако има салицилна не го суши лицето, напротив, отстранува мртва кожа, го измазнува и го остава хидрирано. Супер е за комбо, сува и нормална кожа. За нормална до сува и многу осетлива кожа, кремаст е, не пени и некако чудна текстура за мој вкус. Чисти одлично ама не е мојот прв избор никогаш. И..... the holy grail... кремата која ме има извадено од најлошото оштетување на кожната бариера кога не можев да се допрам, а не да се измијам од болка. Одлична самостојно, комбинирана со масла, под шминка, под спф, врз серуми, лесна ама супер хидратантна, идеална дневна па и ноќна крема за секаква кожа. Лицето не се презаситува и по 10 потрошени пакувања.
Јас го купив овој чистач вчера, и можам да кажам дека е прв чистач во мојот скинкер што воопшто не ми ја суши кожата, а пени и чисти убаво. Нежен е. Луѓе, прашањето ми е кај да го најдам овој NORMAL TO DRY SKIN A, секаде во сите аптеки само овој го најдов, DRY TO VERY DRY SKIN Не го сакам овој. Ако некоја знае каде можам онлајн од инстаграм(некоја аптека) или било како да го нарачам Normal to Dry Skin, освен од странски сајтови?
https://zegin.com.mk/mk/cerave-khidratanten-losion-za-lice-52-ml Јас најдов ама ова е мислам помало пакување…
Јас го земав тој првиот некни, и супер ми е , исто како ти шо викаш, но мене не ми пени. Го втривам на мокра кожа со масажа , дали правам нешто погрешно?
Најверојатно си го земала обичниот хидратантен, а не cream to foam. Провери пак што пишува. Ги има два.
одлична замена за чистачите на ceraVe е чистачот од ревуеле со церамиди. Од сите чистачи кои во животов сум ги користела најнегувано лицето ми било со тој чистач
Јас го имам истиот, зелениот на Пурито, воглавно ниеден маслен чистач не ми се допаѓа затоа што одзема многу време и ми се иритира кожата од толку масирање, а и не ми ги чисти убаво порите, и претходно имам користено друг маслен од Белина, исто. Мицеларна вода си е врв, со еден потег ми ги чисти порите. Гарниер . А инаку нешто како да почна да ме пецка кожата од CeraVe чистачот, се чудам зошто..
Јас пробав чистач за лице и дневна и ноќна крема. НИШТО посебно. Дури и премрсна ми стана кожата од нив и ми се појавија поткожни. Не би плескал пак толку многу пари.
Не знам зошто, за производите на CeraVe, општо се мисли дека би им одговарале на секого... Ваљда така се изрекламирани, а тоа не е воопшто точно, па луѓето се трчаат да купат. Плус кај нас се доста поскапи за разлика од земјите во ЕУ и САД.