Здраво! Некое време си барам некоја добра ноќна крема, дали јс имате користено оваа крема? Имам на еден предел на лицето и егзема па читав дека е тестирана и за тоа. Замолувам за мислење тие што ја користеле ☺️
Jas ja imam, i nikako da ja potrosam Mackam i telo i lice i race. Kako podloga za sminka top mi e, samo okolu usta me poti dosta, sto mi e netipicno za krema bez spf (obicno tie so spf taka mi pravat)
Јас ги користам и задоволна сум. Сега го имам лосионот има потечна и полесна структура и бидејќи затоплува ми е таман. Претходно ја имав кремата малку потешка е ама ми одговараше бидејќи баш сува кожа имам.
Го користам два пати неделно во комбинација со гел-кремчево, предобри резултати имам во смисла намалување пори
Го користела некоја од вас маслениот чистач? Голема количина имаат и малото и големото шише, па некако ми се гледаат како практична опција на долг рок. Се мислам да го пробам наскоро, па секое искуство е добредојдено.
Ова би заменило двојно чистење со оглед на тоа дека е и масло и чистач две во едно или? Кога веќе би го користела за миење лице дали пред него со масло би требало да се извади шминката или како?
Не знам, треба да ја осетам на кожа формулата прво, па би можела да проценам. Ма да, јас не вадам шминка со масла, не ми се допаѓа тоа и не сакам да ми се растекува шминка додека се мијам, па си ја вадам со млеко за лице и потоа продолжувам понатака со чистење.
Кое млеко го користиш? Мене од сите ме печат очите (вклучувајќи ги и оние специјално наменети за чистење шминка од очи) па само затоа користам масло.
Алверде со роза. Таа линија ми е најубава за мојава кожа и сè уште си ги користам сите продукти од неа.
Ги има ли некој користено чистачот и гелот на cerave blemish control линијата? За акни и флеки ми е .