За акни баш и не, повеќе е за црнки и намалување пори… Пробај да користиш Niacinamid, spf секојдневно, верувам ќе ти помогне
Јас долго време се мачам сува кожа, не склона кон акни. Го зедов Cerave хидратантниот крем за лице со spf 30 фактор плус и искрено ми е одличен, многу мека ми ја прави кожата и хидрирана, еве препорака за сите со сува кожа што знам дека ќе имаат поголем проблем на ова ладно време
Мислењево е старо, ама пошто користам веќе второ големо пакување ќе дадам искуство. Имам пробано премногу гелови до сега, и мислам дека ова е совршено нешто за мојата многу сува кожа особено во зимскиот период. Огромен плус доби од мене зошто после миење не ми ја затегнува и суши кожата како многу други претходно, баш ја чувствувам хидрирана и свежа.
Дојдов да пофалам уште еден гел на CeraVe. Го купив овој зошто другиот гел од постот погоре го немаше ама воопшто не згрешив дури можам да кажам дека и поубав ми е од претходниот гел. Гелов има кремаста текстура како лосион, не е класичен гел, на почетокот делува чудно дека не е пенест, ама колку добро ми делува на лицето е неверојатно. Многу ми го смирува и измазнува лицето и најбитно не ми е суво после миење имам чувство како да ми е хидрирано. Генерално имам многу позитивно искуство со брендов, ми ја спаси кожата од дехидрација.
Имам потреба за гел за миење на лицето и крема. Имам комбинирана кожа, сега во зима ми е баш сува во сувите делови, т-зона малце масна и полнета со црнки, најголемиот проблем моментално ми е челото, кожата е груба, ко стара (имам 27 години). Сум го употребувала гелот со салицилна киселина до сега, не знам дали вреди да си ја земам пак пошто не сум приметила некое подобрување, обичен чистач (за мене). Некоја со слични проблеми да ми препорача нешто од продуктите на CeraVe што ја има употребувано и навистина имаше резултати.
https://zegin.com.mk/mk/cerave-penliv-gel-za-chistene-na-lice-i-telo-473-ml Искуство со овој гел, дали одговара на комбинирана кожа или подобро е да пробам со овој https://zegin.com.mk/mk/cerave-khidratantna-emulzija-za-chistene-na-lice-i-telo-1000-ml
Овој гел е многу добар. Моја препорака за комбинирана кожа.(иста како мојата склона кон сувост). За крема не користам на CeraVe, можам да ти препорачам друга хидратантна крема на друга фирма ако сакаш што мене ми е топ погодена. @Макаронкаа исто и за тебе е оваа препорака. Исто така јас го додадов и овој гел за чистење лице во комбинација:
@cottonball Најзадоволна сум од La Roche- Posay Hydraphase и Clinique Crеme Hydratante. Мене ептен ми одговараат овие креми за лице. Доста хидрираат, особено La Roche. Мислам јас сум корисник на нивната козметика со години веќе и немам никаква поплака. Инаку треба да го има La Roche низ по снабдените аптеки низ МК. Баш денеска пак ја купив кремата на La Roche од Гевгелија.
Фала ти, видов на зегин дека има на ла рош продукти, но да те прашам уште нешто, дали се автентични продуктите на цера-ве во нашите аптеки?
Каков е кремот од Clinique? Мојата кожа е секогаш различна, ваљда е комбинирана, но не сакам да ми биде мрсно лицето од него. Барем да се впива убаво. И дали може навечер да го користам , врз салицилна киселина?
@Adidas888 Јас сум презадоволна од производите на Clinique. Кремата е доста хидратантна и не е многу тешка на лицето. Врз салицилна киселина да, дури и препорачано е поради тоа што киселината знае да ја исуши кожата, а кремата ја хидрира.
Ја земав кремата денеска, измив лицето и ставив. Одма се впи, и осеќам како ништо да неам на лицето, дури и малце затегнато го осеќам. Дали така треба да биде? А користам чистач од тој на Цераве, пена шо прави. Може од него ми е. Којзнае.
Кремата е доста хидратантна. За тоа што одма се впи и кај мене исто е така. А тоа што затегнато осеќаш да видиш чистачот да не ти ја пресушува кожата? Пробај да ставиш поголема количина од кремата.