1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

CFC-CHELSEA FOOTBALL CLUB

Дискусија во 'Спорт' започната од vendiii, 13 септември 2011.

  1. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Chelsea Football Club, познат и како The Blues (Сините) или претходно The Pensioners (Пензионерите) е англиски професионален фудбалски клуб со седиште во Западен Лондон.



    Историја на клубот:


    Челзи е основан на 14 март 1905 во The Rising Sun паб (сега The Butcher's Hook), наспроти денешниот главнен влез во Fulham Road, и беа избрани во Фудбалската Лига набргу потоа. Клубот во првите години немал поголеми успеси - најблиску до освојување на голем трофеј бил натпреварод од финалето на ФА Купот во 1915, каде што тимот загубил од Шефилд Јунајтед. Челзи во тоа време стекнал репутација како тим за потпишување на големи играчи и имиња, и пред се да бидат забавувачи, но со мало влијание на англиската игра во интер-воените години.
    Во јуни 2003 година Бејтс го продава Челзи на рускиот магнат, милијардерот Роман Абрамович за сума од 140 милиони фунти, што тогаш беше најголема од ваков вид продажба на еден англиски фудбалски клуб. Над 100 милиони фунти се потрошени за нови играчи, но Раниери не успеа да освои трофеи, така што експресно беше заменет со португалскиот тренер Жозе Мурињо.

    Со Мурињо, Челзи стана петтиот англиски тим кој успеал да победи по основањето на Премиер Лигата со две последователни титули во 2004-05 и 2005-06. Покрај тоа Мурињо освојува и ФА Купот 2007 година и два Лига купови во 2005 и 2007 година.

    Играчи со најмногу настапи за Челзи:


    Ron HARRIS (1961-80) - 795 натпревари
    Peter BONETTI (1959-79) - 729 натпревари
    John HOLLINS (1963-75) и (1983-84) - 592 натпревари
    Dennis WISE (1990-2001) - 445 натпревари
    *Frank LAMPARD (2001-) - 432 натпревари
    Steve CLARKE (1987-98) - 421 натпревари
    Kerry DIXON (1983-92) - 420 натпревари
    *John TERRY (199 - 410 натпревари
    Eddie McCREADIE (1962-74) - 410 натпревари
    John BUMSTEAD (1976-91) - 409 натпревари
    Ken ARMSTRONG (1946-57) - 402 натпревари

    * Лампард и Тери се единствените се’ уште активни играчи, кои веројатно ќе одат до врвот на листата на играчите со најмногу настапи за Челзи.


    Најдобри стрелци во историјата на Челзи:


    Bobby TAMBLING (1959-1970) - 202 голови
    Kerry DIXON (1983-1992) - 193 голови
    Roy BENTLEY (1948-1956) - 150 голови
    Peter OSGOOD (1964-1974 & 1978-1979) - 150 голови
    Jimmy GREAVES (1957-1961) - 132 голови
    *Frank LAMPARD (2001-) - 132 голови
    George MILLS (1929-1943) - 125 голови
    George HILSDON (1906-1912) - 108 голови
    *Didier DROGBA (2004-) - 97 голови

    *Дрогба и Лампард се единствените се уште активни играчи, и нивниот скор на постигнати голови ќе расте со текот на времето.

    Клупски титули и трофеи:


    Шампион во Премиер Лига:

    2004/2005 со освоени 95 бодови од 38 натпревари
    2005/2006 со освоен 91 бод од 38 натпревари
    2009/2010 со освоени 86 бодови од 38 натпревари(со постигнати рекордни 103 гола)
    Шампион во Прва Лига (највисок тогашен ранг на натпреварување):
    1954/1955 со освоени 52 бодови од 42 натпревари

    Шампион во ФА Куп:

    1970 (Челзи 2-1 Лидс)
    1997 (Челзи 2-0 Мидлсброу)
    2000 (Челзи 1-0 Астон Вила)
    2007 (Челзи 1-0 Манчестер Јунајтед)
    2009 (Челзи 2-1 Евертон)
    2010(Челзи-Портсмут 1-0)

    Освојувач на Куп на победниците на куповите:
    1971 (Челзи 2-1 Реал Мадрид)
    1998 (Челзи 1-0 Штутгарт)

    Освојувач на Супер Куп:

    1998 (Челзи 1-0 Реал Мадрид)

    Шампион во Лига Куп:

    1965 (Челзи 3-2 Лестер)
    1998 (Челзи 2-0 Мидлсброу)
    2005 (Челзи 3-2 Ливерпул (по продолженија))
    2007 (Челзи 2-1 Арсенал)

    Освојувач на Комјуни Шилд (поранешен Черити Шилд):

    1955 (Челзи 3-0 Њукасл)
    2000 (Челзи 2-0 Манчестер Јунајтед)
    2005 (Челзи 2-1 Арсенал)
    2009 (Челзи 2-2 Манчестер Јунајтед (4-1 на пенали))

    http://www.youtube.com/watch?v=HZYfi_Ex ... re=related

    И за крај за дежурните мрчатори од типот без историја , милијадерски клуб , вештачки клуб ... |(
    Само едно ... ;)


    http://www.chelseafc.mk/

    http://www.chelseafc.com/

    живот на темава очекувам да даваат фановите на Челзи ги има нели ? ^_^ на форумов се најбројни :wasntme:
     

    Прикачени фајлови:

    На Lovy1, BlackSwan5, Victorian и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Ај жал ми падна никој не одговората на клубов има 0 постови :lol: :lol: :rofl: :rofl:


    Ај со срека сезонава :rofl: :lol:
     
  3. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    ХАХАХАХА Маking a History :rofl: :rofl:
    Vendiii ме изнасмеа,душичка си :*

    Е ајде со срека и искрено се надевам ке ни бидете главните конкуренти сезонава.
     
  4. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.544
    Јас просто го обожавам клубот и сум нивен најверен навивач. Немам пропуштено ниту еден нивен натпревар, им ги знам сите играчи, историјата исто голем дел, трансфери и сл. :) И кога губат и кога победуваат јас сум горд фан на Челзи. Впрочем ние и фамилијарно сите сме фанови на синиве.
    Абе од дресови, до топки, крпи за плажа што и да видам Челзи си купувам одма :lol:

    Другарка ми од Лондон живее на 15мин од Стемфорд бриџ и специјално кога оди ми прави фотографии од таму, доловувајќи ми ја атмосферата. Догодина планирам и јас да одам па се надевам ќе излезе се како што треба.

    Се надевам дека на темава ќе ги коментираме и нивните натпревари, повеќе победи се надевам минимален број на порази. Искрено очекувам да одиграме подобра сезона годинава.

    BLUE IS THE COLOR[​IMG]

    Еве ја и официјалната страна на македонскиот фан клуб на Челзи.
    http://www.chelseafc.mk/
     
  5. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Јас од англиските највеќе си го сакам Челзи.Иако не сум некој страствен навивач на овој клуб сепак сакам да си ја врати титулата што ја позајми на Манчестер минатата сезона :) .И ајде конечно Торес да блесне во дресот на Челзи тоа се чека :) .
    П.С. За Реал тема нема,па како е можно тоа :x .
     
  6. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Ми се допаѓа како стартува темава со победааааааааааааааа !!!!
    :rofl: :rofl: :rofl:

    Задоволна сум од играта , ќе беше далеку потрагично за Леверкузен ама имаат добар голман а и малери малку повеќе на наша страна ...
    Како и да е се на го гледав стариот Челзи со онаа игра од 2010 :) златните времиња .
    Торес :bow: несебично , борбено , пожртвувано :clap: . Поништен гол и 2 асистенции супер супер се враќа Торес :rock: .

    Мата и Давид Луиз прав потег ...
    Стариџ ууу јееее :rock: ... Малиов ќе биде машина . :P
     
    На Hiii и karina8 им се допаѓа ова.
  7. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.544
    До темата ќе е Венди, одма им тргна :D Ова ми се допаѓа веќе, доста добра игра една од подобро изиграните утакмици сезонава.
    Торес одлично напредува, две прекрасни асистенции :clap: Брзи додавања, брзо се одвиваа акциите тоа ме радува. Добро се покажуваат новите трансфери, секоја чест за Мата. И Луиз е исто многу добар, добра реализација има иднина детево. Анелка исто многу добро одигра на овој натпреар. Чех одбрани неколку зицери, ма ова е вистинскиот Челзи.

    Спремни сме за во недела, се чуваа денес за со GAYCHESTER :) :wasntme:
     
    На Hiii му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Kicky

    Kicky Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    74
    Најпрво морам да ја пофалам Венди за темава..одлична идеја...инаку јас сум еден од најверните навивачи на Челзи... :D :D ....сезонава во ЛШ им почна убавоо..а сега во недела да ги растуриме и Манчестер :devil:
     
  9. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.544
    Денес одиме на победа. Ако ми направат ќеф и Челзи и кошаркарите најсреќна ќе бидам :)
     
  10. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Пораз !!!
    И прв гол за Торес ...
    Што да кажам Пораз ко пораз незадоволна од исходот , задоволна од играта ...
    Од она што го гледав (паралелно со кошарката ) ова е далеку подобар Челзи . Головите што ги примивме рака на срце беа ремек дело . Особено вториот значи одбрана тука нема !
    Имавме шанси не ги искористивме . :tmi: Рамирес , Торес , па и Стариџ една полу шанса .
    Само не ми е јасно зошто го не го стави Луиз ? ! Ало бре тој те спаси со Баерн бе идиоту , тој ги реши лани дома, :!: :fubar: . Не знам зошто ? |(
    Лампард испод ниво , Бане ок беше , анелка требаше стартер да биде тој дава динамика кога веќе го нема Дрогба,Мата одличен ...

    Ако од ова нешто беше позитивно тоа беше голот на Торес , иако промаши празен гол . ( руни не е сам )
    И добрата игра воглавно ...
    Чекам реванш и покрај поразов идеме по нагорна линија ...
     
    На karina8 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. eutixismena

    eutixismena Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    1.414
    Омилени од премиер лигава ми се Челзи и Евертон. Особено Џон Тери ауфф :inlove:.
    Жал ми е за поразот ги мразам Манчестер :@
     
  12. Kicky

    Kicky Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    74
    Вчера победа во карлингкупот против Фулам..после долга игра и пенали ..........
     
  13. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    За среќа Чех не е повреден ама затоа Стариџ ќе отсуствува ...

    EPL Chelsea - Swansea 9/24/11 3:00 PM BST
    EPL Bolton - Chelsea 10/2/11 1:30 PM BST
    EPL Chelsea - Everton 10/15/11 5:30 PM BST
    EPL QPR - Chelsea 10/23/11 4:00 PM BST
    EPL Chelsea - Arsenal 1

    Очекувам победи на овие :wasntme:

    Задолжително погледнето го видеово :!: :rofl:

    http://www.youtube.com/watch?v=XDKN3ohK ... g&index=66
     
  14. specificone

    specificone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    539
    Допаѓања:
    836
    Дури денеска јас ја гледам темава :tmi:
    сепак подолго време бев одсутна од форумов
    Нема јас што тука да пишувам историја,бла-бла, се` си е напишано една страна пред оваа.

    Браво девојки за идејава да се формира на форумов фан клуб :clap:
    Вечер одиме на победа!
     
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    16.971
    Допаѓања:
    233.192
    Венди за Премиерот неможеме да се најдеме на иста фрекфенција, ама затоа овде сме заедно. И јас сум еден голем навивач на Челзи. И кога губи и кога победува.
    Еве ги денес, уште на почетокот водат.
    Торес не ми го чепкајте, се разигра и тој.
    Оваа година одиме на титулата во ЛШ, мислам дека е крајно време да оди во рацете на Челзи.
    Секако дека и први ќе сме во Премиер ;) .
     
    На Hiii и vendiii им се допаѓа ова.
  16. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Дај Боже Јуле :) ...

    Инаку батали политика Челзи ми е и пред неа :lol: :wasntme: ...
    Денеска Супер Френки :rock: добро е се враќаме ми фалеа овие победи убедливи ова е формата на Челзи одлично :) . А Торес кога тогаш ќе се врати ептен криво ми е таман му трна Црвен :tmi: ама ај ќе се врати таман за дербито со Арсенал изгледа повеќе му лежат поголемиве тимови .

    ЛШ редно е да ја земеме :!: . За некои играчи ова може да е последна шанса .
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  17. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    16.971
    Допаѓања:
    233.192
    Лампард денес хет трик, Челзи триумфираше врз Болтон. Има да газиме сезонава, и Лигава наша е, редно време е веќе. Требаше да биде и наша пред неколку години кога играа против Манчестар бидејќи подобро изиграа, ама Тери ја утна работата со промашениот пенал.
    Моја желба финале со Манчестар и да ги победиме 5-0 :lol: .
     
    На Hiii му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Ај гитла од темава сите кои не сте фанови и кои не планирате разумно да коментирате.
    Не ми е до уште една караница со напатени фанови на Манчестер Јунајтед.
    Разберете, не се врти се во фудбалот околу и добога еднаш не се мешајте секаде. Еднаш барем. -.-

    Да си преминам на Chelsea.

    Моето срце чука за нив. :l:
    Навивачките песни ги знам наизуст, историјата им ја владеам и ги поддржувам и во добро и во лошо. Мразам фанови кои после пораз ги пцујат и се откажуваат од нив. Тука зборувам општ, а конкретно за клубот ако коментирам...Она кое Челзи го постигнал, хах, многумина можат само да сонуваат за тоа.

    Stamford Bridge за мене претставува свет храм и место каде што сака нека е, ќе отидам еден ден.
    1905 е света година, додека John Terry врховно божество.
    Нема да обрнам внимание во коментаров на сите ѕвезди кои заслужуваат и те каква почит, за нив ќе одвојам посебна прилика.
     
    На karina8 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Ќе се купува нов стадион ...

    Не знам дали да се радувам или не ...
    Некако убава беше локацијата иако е еден од помалите 8 по големина во Англија капацитет 41 000 .
    Абрамович сакал да го реновира стадионот со проширување на истиот но немало место а било и понесиплатливо . Нашол стадион во близина кој би го платил 10-15 милиони , а тој подоцна би се изградил во нов дом на Челзи со капацитет од 60 000 гледачи .
    Не сум била ми беше мерак на Стемфорт Бриџ :( барем името да не го менуваат .

    Инаку добра е идејата ќе биде уште помодерен поатрактивен со повеќе капацитет а може да бидеме и домаќини во ЛШ ;)




    106 години се во прашање многу историја има клубов иако не е вауу ... Не ми е сеедно :|
     

    Прикачени фајлови:

    • 31.jpg
      31.jpg
      Големина на фајлот:
      69,6 KB
      Прегледи:
      95
  20. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Дефинитивно!
    Одамна се шпекулираше ова ама мислев Абрамович ќе се откаже.
    Не може тек така бе да отфрли толкава историја. Глупости.

    Стемфорд Бриџ си е Стемфорд Бриџ. Дом на клубот е, не станува збор за менување на седишта па ај, сеедно. |(