1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

CFC-CHELSEA FOOTBALL CLUB

Дискусија во 'Спорт' започната од vendiii, 13 септември 2011.

  1. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Па Анабел си претпоставив дека вака ќе биде зошто е женски форум , а ретко која прати толку жестоко фудбал како некои и си ја одржувам јас повремено :D .
    Инаку има многу новосто променет тренер , променета игра , поинаква тактика .
    Единствени сме претставници од Англија со тоа треба да се гордееме . Задоволна од сегашниов моментален тренер и од Торес пу да не го урочиме :D . Утре се надевам на победа со 2-0 или 2-1 па конечно да израмниме сметки со Барселона .

    Утре ќе славиме мораме !!! и Добре ни дојде во фан клубот !!! :)
     
  2. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Ја тепавме Барсаааааа !!!

    Луѓе горда сум од никаква сезона ѕспеавме да стигнеме до полуфинале со доообри шанси за финале .Финалето ни е на повидок ако дадеме 1 гол на гости на нив ќе им требаат 3 а ако поставиме одбрана кинески ѕид ќе можат да се сликаат само со досегашните титули само :rofl: . Дај Боже да нема повредени до тогаш Давид Луиз да ни се врати , и одиме на победа . Челзи малку подоцна се буди можеби е доцна за Премиер Лига и место во ЛШ но не е за оваа година ќе дадеме се од себе ...


    http://www.youtube.com/watch?v=peDkdhIgP1g

    Уживајте во успехот :)

    И дааа и ова заслужува внимание , сме финалисти во ФА купот го прегазивме Тотенхем со 5-1 :clap: на 5 мај Големо Финале со Ливерпул .

    http://www.youtube.com/watch?v=6USyWoGJ8OQ
     
    На JuLleE и karina8 им се допаѓа ова.
  3. Kicky

    Kicky Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    74
    И сега не делат 90 мин од Финалето :lol: ..добро де..ќе биде тешко знам.! Треба да се игра исто како во Лондон! еве Барса вчера пак изгубија и тоа на Камп Ноу..па да видиме сега што ќе биде во вторник...
     
  4. Kicky

    Kicky Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    74
    Девојкиии Честиткиии !!! :inlove: :inlove: :D :D
     
  5. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    На karina8 и JuLleE им се допаѓа ова.
  6. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Тери ќе може да го крене пехарот доколку Челзи ја освои Лигата на Шампионите

    [​IMG]

    Тери направи глупав потег на Камп Ноу удирајќи го Санчез без топка, доби директен црвен картон и ќе го пропушти финалниот натпревар против Баерн Минхен.

    И покрај тоа што натпреварот ќе го следи од трибините, УЕФА потврди дека Тери ќе може да учествува во прославата по крајот на дуелот и да го крене пехарот доколку Челзи стане шампион.

    "Доколку Челзи победи во финалето на Лигата на Шампионите 2012, на Џон Тери ќе му биде дозволено да го крене пехарот и да добие медал" - стои во соопштението на УЕФА.

    УЕФА на 31. мај ќе одлучи со колку натпревари ќе го казни Тери за црвениот картон, но јасно е дека најголема казна за капитенот на Челзи е тоа што нема да го предводи тимот во финалето на Алијанц Арената.



    Па ајде Челзи, со среќа во финале. Да го освоите конечно трофејот од ЛШ, и Мурињо ве подржува ;) .
     
  7. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Челзи го освои ФА купот :dance: :party: ^_^ :clap:

    Фудбалерите на Челзи го освоија 131-то издание на ФА купот, откако во финалето, на „Вембли“, го совладаа Ливерпул со 2:1 (1:0).

    Екипата на Роберто ди Матео дојде во водство со голот на Рамиреш, постигнат во 11. минута. Бразилецот, одлично прифати една длабинска топка упатена од Мата, го претрча Хозе Енрике и го совлада Реина. Водството на Челзи го дуплираше Дидие Дрогба во 52. минута.
    Ливерпул, кој речиси еден час одигра катастрофален меч, во игра се врати со голот на Енди Керол, кој во игра влезе од клупата за резерви.

    Керол беше актер и на спорната ситуација, кога на 15 минути до крајот со глава биеше кон голот на Челзи, Чех ја одби топката која заврши во пречката, а потоа беше дискутабилно дали таа со целиот обем ја мина гол линијата.

    Титулата во ФА купот која ја освои Челзи е четврта во последните шест години, вкупно седма во историјата на клубот.
    Роберто ди Матео ја освои својата прва титула во кариерата, а можност да ја свои втората ќе има на 19. мај кога во финалето на Лигата на шампиони Челзи ќе игра против Баерн Минхен.
     

    Прикачени фајлови:

    На LilBaby му/ѝ се допаѓа ова.
  8. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Челзи е новиот шампион на Европа!

    Екипата на Челзи, успеа да го совлада Баерн Минхен и да стане новиот европски владетел.
    Екипата на Роберто ди Матео успеа да ја покори фудбалска Европа, и да стане новиот фудбалски шампион на стариот континент.
    Се можеше да биде поинаку за германскиот тим, доколку успеаа да го задржат, тешко стекнатото водство, до кое дојдоа во 81-вата минута, преку Милер, кој со глава успеа да го совлада Чех. Сепак, за да не биде така се погрижи Дидиер Дрогба, кој во продолжението успеа да го израмни резултатот на 1-1.
    Следеа продолженија, во кои Арјен Робен во 94-тата минута, промаши пенал и не успеа повторно да го донесе германкиот тим во водство. И по 30 минути, не успеавме да го дознаеме името на новиот европски владетел.

    Во пенал рулетот, германците имаа водство од 3-2 по првите три серии, но следеа промашувања на Олиќ и Швајнштајгер, по што Дрогба беше сигурен во клучниот момент и го искачи Челси на врвот на фудбалска Европа.

    Тука има се :rofl:

    http://vimeo.com/42477659












    Честиткиииии !!!! Заслуживме да ја имаме :party: :party: :party:
     

    Прикачени фајлови:

    На karina8 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. nikname

    nikname Активен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2011
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    5
    Ouu yeee!! Gordost mojaaa :D :rofl: :clap:
     
  10. kumalisa

    kumalisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2011
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    74
    На vendiii му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Maxymous

    Maxymous Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    70
    На сите ни е јасно дека Челзи ја освои Лигата на Шампиони поради натпреварот со Барца каде што беа сите играчи во одбрани, така да ве молам без перчење за постигнатото.

    Навистина би ми било жал доколку Ди Матео си замине поради некои хирови на Роман, навистина се докажа како доволно способен од руиниран тим да го среди и доведе во форма
     
  12. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    ^ Е гледаш, Барса да играше со сите играчи во одбрана тие ќе освоеа ЛШ. Ништо :D .


    Официјално: Азар потпиша за Челзи

    [​IMG]

    Еден Азар и официјално е ново засилување за Челзи, клубот од Западен Лондон го потврди трансферот на белгијскиот интернационалец.

    Челзи потврди дека е постигнат договор со Лил за трансфер на Еден Азар, а фудбалерот денес успешно ги поминал медицинските тестови и од јули се сели на Стемфорд Бриџ.

    "Фудбалскиот клуб Челзи е среќен што може да објави дека е постигнат договор со Лил за трансфер на Еден Азар" - стои во соопштението на Челзи.

    "21-годишниот белгијски интернационалец ги договори личните услови со клубот и денес ги помина медицинските тестови. Тој на клубот ќе му се приклучи во јули кога фудбалерите ќе се вратат за почеток на подготовките".

    Според информациите на англиските медиуми, Челзи за трансферот на Азар ќе плати оштета од 32 милиони фунти.

    Фудбалерот ставил потпис на петгодишен договор со неделна плата од околу 170 000 фунти



    Мислам дека имаат тим за освојување на Премиер по две години :).
     
  13. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    На shz, jovanovska94 и EmGreen им се допаѓа ова.
  14. EmGreen

    EmGreen Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    189
    Порно Тери :mm:

    [​IMG]
     
    На jovanovska94 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

  16. specificone

    specificone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    863
    После отприлика година дена го гледам коментаров и не можам да се изнасмејам. :D
    Барселона имаа играч повеќе и плус утнат пенал од Меси, не си ги искористија шансите и тоа е тоа. Челзи покажа карактер одлично поставена одбрана и уште подобро искористени шанси.
    Јас ќе ја искористам приликава да им ја честитам победата на Баерн иако е ова фан клуб Челзи, сепак тоа се наши наследници. Заслужија.
     
    На the.vampire.girl и kala21 им се допаѓа ова.
  17. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    На jovanovska94 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Тери е капитен! Доволно е тоа! :)
    Но, јас не сум баш најсигурна што би направила :P...
     
  19. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.361
    Пол:
    Женски
    Изгледа пребарувачот не работи добро, едвај ја најдов темава.Си викам не е можно да има тема за барса а за челзи да нема :D


    Инаку да си се пофалам јас со моите љубови:

    Еден Азард ми е :l: :l: :l: иии кога играа Македонија Белгија лани мислам беше се сликав со Хази како што си го викам Азард нагалено и со црното (Лукаку) :D и сега у септември кога ќе играат Македонија-Шпанија одиме во поход по Торес и Мата (иако не игра веќе во челзи срцка ми е) а може и Енрике да ни дое да ја гледа утакмицата има по цел стадион да го барам ;) знаете надежта последна умира :D
     
  20. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.361
    Пол:
    Женски
    The king is back :dance:
    Дома си е дома :!:

    [​IMG]
     

    Прикачени фајлови: