Спојлер Ако е темава непотребна-клуч -Дали имате користено парфеми од Шанел? -Ви се допаѓаат? -Планирате да си купите? Ајде девојки кажувајте! Оваа тема ја направив за да си дискутираме. Тука можете да си кажувате колку чинат, кои парфеми највеќе ви се допаднале и сл. Еве јас го користам моментално Chanel Nº 5 и сум презадолозна. Денес сабајле си ставив и до сега уште ми мириса, како сега да сум го ставила. Но наскоро планирам да си го купам Chanel Nº 19
^Amen sister Полошо нешто мојов нос нема мириснато, се чувствував ко да сум го силувала кога го мириснав 5ката. Отмена замена за оној бугарскиот парфем што го користат обичните баби, бидејќи Шанел не може да си дозволи секоја баба. Плус критериум е добро ослабено сетило за мирис. Навистина не знам како се вбројува во најдобри парфеми ако не и најдобар (за 5ката).
Од оние што ги имам мириснато, како 19ка, Коко Шанел, 5ката, Шанс и некои други со бројчиња само Мадомаселот би го издоила. Тоа е класика, пожествен парфем и по дамски тешко се наоѓа! Спаѓа во моите омилени парфеми. И кај нас неможат да се најдат затоа што веќе не се увезуваат, по парфимерииве имаат залихи од пред 5-6 години и гарант им се сите со поминат рок, а и ги немаат сите. Така да коа ќе ми каже некој дека вчера си го купил тој и тој од Шанел незнам дали да плачам или да се смеам
Секој си има различен вкус. Ама морам да ти кажам дека колку што ставам, толку ми станува некако по грозен Незнам кај ми бил паметот кога сум го купувала.
Вкусовите се едно, а фактите се друго. Најпродавани парфеми на сите времиња. Шанел е класика, вечност, мит... При толкав избор на парфеми, не знам зошто млада девојка би користела Chanel? Chanel значи зрелост, префинетост, женственост. Ова е прекомплексен парфем за млади, нормално е дека ќе ви биде прејак, и нормално е дека нема да ви се допаѓа, ниту ќе ви одговара. Според мене стои на жени над 35, и не на секого. Си бара персоналити, пригода, гардероба... Со Шанел не се бања, туку се нанесува дискретно. Го користев No5, а сонувам за Chance. А ако впечатокот го темелите врз основа на парфеми на точење или економик, сигурно сте во грешка.
^Кој кажа дека мене не ми се допаѓа? Реков дека колку што почесто го ставам, толку по малку ми се допаѓа.
Се согласувам дека Шанел бр. 5 е класика, но го делам мислењето на Пеперминт дека не е за млади. Иако, мене лично воопшто не ми се допаѓа, ми мириса на сапун. Сепак, 5-ката отсекогаш бил асоцијација за дама, за префинетост, елегантност. Е, од друга страна, минатата зима го користев Chance и парфемот е љубов Преубав е, овој е од оние безвременски парфеми што може да ги користат и млади и стари. Ја нема онаа нишка на „старо“, на строга класика што ја има 5-ката, туку е типичен зимски, појак парфем, но сепак со доза на нежност. Преубав, еден од ретките парфеми на кои повторно би им се навратила после едно потрошено шишенце, само штета што е толку скап Спојлер
И јас мислам дека 5ката е за во позрели години, а за мене лично дури ни за тогаш ...но од друга страна Chance е, како што рече феминката погоре, љубов! Прекрасен парфем и мислам дека еден од ретките мириси кои би ги повторила
Koga stanuva zbor za Chanel najomilen mi e Mademoiselle...znaci parfemot e preubav..no normalno ne moze sekoj da go nosi i da si go dozvoli.Ovoj parfem bara i soodveten stil na oblekuvanje.Isto mn mi se dopaga Change a i Allure...za nasiot standard ovie parfemi se nedostapni...i retko koj e kompetenten da gi komentira od licno iskustvo....
Најомилен ми е Allure, не само од Шанел туку од сите, ама скап ми е, може за некоја прилика ке ми го подари некој . Во меѓувреме барам некоја копија, ама нема ни на точење, ни економик, ништо. Ако знаете, кажувајте. Chance исто е убав, а бр. 5 ми е некако ко за постари жени, многу класичен.
Шанел 5ката и 19ката се појаки потешки и дефинитивно не се за сите. Дефинитвно се за дами. Додека овие поновиве, Chance се полесни и посекојдневни. Има три, CHANCE, CHANCE EAU TENDRE, CHANCE EAU FRAÎCHE. CHANCE EAU TENDRE ми мириса на портокал, толку лесен и мил преубав. Дефинитивно да дојдам до некоја пара вишак у џеб правец фри шоп и го зиам, совршен ми е. И другите два се многу слични, дефинитивно се пренежни и јас сакам такви парфеми полесно посебно за преку ден. За цени не праиме мубает, доста солени. А за купување, посигурно е на фри шоп него од кај нас. И јас знам дека немаат лиценца или дозовла за увоз више космо, стари им се по си изгледа. Уште ако ги стаат на попуст сигурно. http://www.chanel.com/en_US/fragrance-b ... NCE-136332
Шанел 5 ми е одвратен мене лично. Го имам и цела зима го корситев Шанел мадмазел, иако и тој не ми беше баш по вкус.Како за мене е премногу сериозен, цврст, јак но не премногу тежок, префинет е дефинитивно.
...во право сте, повекето од тие парфеми се многу специфични и поларизирани( или ги сакате многу или воопшто не ги сакате) и им припагаат на повозрасната генерација на парфемисани дами...
Го имам 5ката, го добив како подарок. Си стои доста време, не ми е меѓу омилените парфеми. Но затоа пак, сум тотално луда по новиот Coco Noir! Многу многу многу ми се допаѓа! Излезе при крајот на минатата година, и уште кога добив тестер за прв пат се опседнав да го купам, иако беше прескап. Го купив дури во февруари во Америка каде го најдов на по нормална цена.
Сестра ми го користеше Mademoiselle и е многу убав, а ги имам мириснато 5 и 19 и како што кажа Hipster, баш за дами се и не се за секој!
Mademoiselle и Allure ми се најмногу допаѓаат, првиот ми е меѓу омилени и деф. никогаш нема да ми здосади. петката ми е за повозрасни жени, значи не девојки, јак е и озбилен парфем. Најдобро на фри шоп да се купуваат, мислам дека се за нијанса поефитни, бар јас од таму ги земам од кај на не сум купувала.
Го имав овој и го потрошив пред 2 месеци. Не го препорачувам на лица кои несакат јаки парфеми. Доста е јак и зачинет за мој стил е преубав и софистициран.