јас пред еден месец го зедов chanel chance eau tendre од фри шоп беше 90 евра 150 мл... лани купив исто само 100мл за 110 евра сега се намалени и има излезено 150мл пакување што порано го немаше... не знам колку се кај нас еднаш го барав во шатци ми рекоа дека нема застапник за да го увезува...
Па мајка ми го имаше па така за повозрасни жени ми е не за помладите инаку интересно парфемче убаво колку што се сеќавам сега тоа беше околу пред 5-6 години ама еве сега јас одам во парфемерија и сега има вака наливни едни и тамо беше и овој од шанел 5ка и кога го мириснав таму не ми се допадна ич ама сепак тоа е копија сега
Може ли некој да ми каже што бил скоро до грчкиот фришоп дали имаат Chanel парфеми, бидејќи на нивната официјална страна ги нема повеќе? Фала многу
Отров за глувци не им е равен. Дали е до мене или нешто друго е #ЕвеНезнам. Мене воопшто не ми се допаѓаат,посебно 5ката ми е ужас!
Овој парфем ми е идеален, тоновите ми се погодени и ми одговараат во целост. Штета што ми е премногу скап, инаку редовно би си го дозволувала. Толку нежен, женствен и ненападен мирис, просто не можеш да останеш само со едно купување. А Chanel 5 оригиналот и оние ефтините наливни копии кои се продаваат на секој ќош кај нас, немаат никаква врска едно со друго. Мирисот е посебен и во никој случај не ми е за млади девојчиња. Секој со сопствениот вкус, но факт е дека парфемов е навистина класа, не за џабе е толку фален и актуелен толку време.
Ахх Мишела непреболен ми е. Пред неколку години го начекав во Космо на некоја акција беше и она purse edition 3 шишенца со по 15 или 20 мл не ми текнува битно си поделивме со сестра ми и мајка ми па се исплатеше, околу 4000 денари ми се чини беше. Од тогаш ги нема веќе нигде парфемиве кај нас. И на фришоп е многу скап и по аеродроми и никогаш не се на попуст значи Шанеливе !
Немав поим дека некогаш ги имало во Космо. Јас се надевав дека барем во Америка ќе биде поефтин или ќе фатам некаков попуст, ама цените се речиси исти, со некоја минимална разлика. Oд интернет пак, не знам колку и дали е безбедно да се нарачува, а и шипингот не е малку, па и поскапо може да излезе и од фришоп. Се сомневам дека некогаш ги ставаат на поголем попуст. Меѓутоа, за парфемов се исплаќа да одделиш таква сума; ми станува тешко за парите само кога го гледам, кога си шприцнувам и чувствувам како се шири нотата - заборавам во истата секунда. Навистина е непребол, си го пазам како црнката во очите.
Ги имаше да, сега има уште некои останато ама со узов од 63та Ептен им се стари, а како што знам нема овластен дистрибутер на Шанел во Македонија поради малиот пазар и не ги увезуваат. И да ги увезат џабе коа ќе бидат по 10000 денари така да исто му доаѓа.
Секој си има различен вкус за парфеми, но сметам дека повеќето млади ќе се истрчат да купат Шанел, за да утре речат дека ах јас се прскам Шанел. Повеќето ги мириснале No.5, култен карактеристичен парфем, парфем за постари, кој не само што не е за секој, туку и да сака, не секој може да го изнесе. А не треба од еден да им се суди на сите, брендот има и други различни парфеми, како Coco Mademoiselle што мириса убаво, нежно, софистицирано и женствено.
Ај помош. Кој беше посвеж класичниот chanel или eau tendre? Оддамна го немав купено, сакам да си го нарачам од фри шоп ама незнам кој беше и ако знаете цени да пратам пари.