Мене дупла работа ми отвори. Ми даде неточни податоци, ги барав и ги проверував и не беа точни. Ми нема логика за работа ова да се користи. Ајде за некој почетник можеби, ама за поискусен работник не. И некако како умствено закржлавување ми делува ако слепо веруваш на него, ако правиш копи пејст.
Погоре некој веќе пиша: умствено закржлавување. Многу, многу неточни информации. Пробав со правен совет-страшно! Па после се извинува, кога ќе кажеш дека не е во право. А, шо праиме ако некој праша и поверува во тоа? Лудница... Искрено, не сакам да помислам кај води сето ова...
Нормално дека не треба многу потпирање на него, далеку е од нешто совршено што нема да те зафркне со погрешни информации. За да ти даде некои основни информации, врши работа. За некои поважни работи барам да ме насочи кон соодветни сајтови.
Дали Chatgps може да ти открие идентитет. Побарав преку друг да ми даде контакт од една фирма за да им пишам меил за работа, им пишав меил и потоа тој имејлот изгледа ко невалиден излезе не се испрати пораката до фирмата.
Немој да мислите дека дава неточни информации. Вие погрешно го поставувате прашањето. Кога го прашувате нешто, прво добро формулирајте го прашањето. Препрашајте го и објаснете што сакате да дознаете, ќе се изненадите што се ќе ви одговори, советува, услужи. Интернетот е полн со информации, стручна литература, информации кои се обработуваат секојдневно. Изгледа Илон Маск има право, дека треба да се насочиме кон изучување на физика и математика, бидејќи само така ќе ја најдеме логиката во информациите, кои вештачката интелигенција не може. Ќе ја откриеме смислата, поврзаноста. Програмирањето ќе биде работа на вештачката интелигенција.
Точно. Ист случај и кај мене. Веројатно самата фирма не побарала да се тргне email од достапноста на интернет како на пр.google, website…што самите бизнис email се бришат по неколку години вон употреба. Меѓутоа, тој сеуште стои во архивската дата база затоа што Четот нема достапност до информацијата дали е мејлот е активен или не.
https://visasnews.com/en/chatgpt-gives-wrong-visa-info-couples-vacation-falls-apart/ овие претерале дотолку да се потпреш на четов... а искрено мислам дека има многу вакви што му веруваат и што ќе се заебат за разни ствари
Искрено... Сами си се криви. Како тоа се потпираш целосно на четбот или на гугл без да провериш директно на амбасада. Ко требаше да одам Русија гуглав и секаде ми даваше дека не ти е потребна виза до 30 дена со мкд пасош, што е апсолутно грешно. Сега проверувам пак има некои такви резултати. Значи чим и гугл знае да греши, и чет гпт можи ко ништо. Секогаш се препроверуваат ваквите информации кај соодветните институции. Spoiler Има предупредување ботов дека прави грешки и упорно со глава во ѕид одат и веруваат без да препроверат. Сега па го пцуе како човек да е.
Не ширете дезинформации за Chat GPT, си кажува убаво "машината" за виза за Русија. Може дека не прашуваш на македонски на кирилица, GPT може е од Македонија. Спремај се сега за тужба за нарушен углед и претрпен шок.
Huh? Јас зборував за Google, не за чат гпт. Во 2023 беше ова ко пребарував информации, не беше актуелен вака тогаш четот, и секаде на рандом страни што излегуваа во првите резултати пишуваше дека не треба виза за 30 дена. Се јавив во амбасада и фино лепо си средив сѐ, сигурно нема од еден извор да се информирам и да заминам во рандом држава.
Тогаш и Гугл е шокиран Успеав малку да го смирам chatGPT со убаво прашање. Мислам дека му ја стоплив душата со ледена приказна. Мојата маст ту визит дестинација.
Ептен ми помага мене за одговори на некои прашања, за пишување маил, за совет. Затоа што не добив конкретен одговор на едно прашање од никој во реалниот свет, тогаш чат џпт ми ги даде сите опции со да и со не. Ќе продолжам да го користам за ситуации за на работа како да се реши нешто, но ништо повеќе.
Јас најчесто за досада го користам и испробувам се што видам. Последно пробав уметничка слика со очите од мене и дм. Убаво испадна, ама боите не ги погоди баш. Особено на дм не и се зелени имаат нијанса на зелено ама не и се, а и за моите користи многу по светла нијанса. Ама ми се допаѓа, не очекував вака да испадне мислев многу полошо ќе е.
Бев сведок каде во рок од 4 часа личност со пишуваше константно со ChatGpt. Од прашња за исхрана, љубовни пораки, терапија за хронична болест, броење калории, совети за семејни проблеми… Тоа беше језиво да се гледа, кога ги заменивме вистинските личности за разговор со вештачка интелигенција? Зошто на мозокот му се носат нерелевантни совети “на тацна”. Што бидна со читање книги, посетување доктор или психолог, разговарање со пријател? Како на луѓево ова им е нормално.
Вреди ли да се плаќа претплата за чатџпт? Сакам да го користам за факултет пр тоа што не го сфаќам да ми го објаснува детално, некако кога истекува free trail-от не ми е многу веродостоен, што всушност нуди претплатата? Или предлог друга АИ за учење?
Јас имам претплата и го користам за факултет и сум задоволна. Кога треба да спремам испит ми го поедноставува материјалот, со оглед на тоа што учам на друг јазик кој доколку е на висок академски знае да ми претставува проблем и да морам да преведувам доста нови зборови. Ми прави концепт за учење, ми истакнува важни работи кои треба да ги запаметам, клучни зборови, ако некогаш ми е тешко да разберам или запаметам нешто му барам да ми даде конкретен пример и така ми е полесно. Е сега ова делува малку мрзеливо од моја страна ама па зошто да не кога може да заштедам на време Бев неодамна на семинар за АИ и таму кажаа дека е многу битно да го прашаш Chat Gpt како треба да го прашаш за одредена проблематика. Тој ти дава “prompts” и го поставуваш прашањето на точен начин и најверојатно ќе добиеш точен одговор.. И уште една предност со претплатата е што не си ограничен со прашања, можиш да го користиш колку сакаш.
Последен период почнав да го користам рускиот Yandex GPT и можам да кажам дека е подобар во некои сегменти од ChatGPT. Посебно дава квалитетни и стручни решенија за пософистицирани проблеми.
До кој степен одите со чeтов дали споделувате интимни работи, мојата најдобра другарка е премногу навлезена. Споделува се дружи дури и мене ме запостави. Се плашам дека ќе биде злоупотребена.