Го користам за некои општи информации, кога нешто ме интересира или ми треба. Фала Богу дека не се потпирам само на тие информации, па и самиот си кажува дека не секогаш дава точни одговори.
Кажи ѝ дека тоа што го споделува со ВИ може да биде искористено против неа на суд (ова беше кажано од компанијата). Па, нека си пази што му пишува.
На пример, ако личноста има направено нешто незаконско или има намера да направи. Или пак за менталната состојба. Ако некој (со налог или преку хакирање на акаунтот) дојде до инфото споделено со ВИ, тоа може да го искористи против личноста во случај на спор (ко за старателство врз дете).
Ако некогаш (изврши криминал и) се најде под истрага, органите можат да и го "чешлаат" онлајн присуството во потрага по докази и компаниите се обврзани да ја споделат нејзината комуникација.
Хахах не ми текна за вакви работи. А и мислам дека другарка и на членката кога пиша дека се дружи со него, мислам дека мислеше секојдневно си комуницира како со другарка. А не дека прашува каде да сокрие труп или сл. @nextredstyle
Веројатно, но секоја информација може да биде искористена. Подобро да ја заплаши со ова, па и прелични ситници да не ги кажува на Четот.
Јас пак така го тестирав. Гледав дали може детално да објасни и да изнесува криминални шеми. Искрено, сега мора многу да вртиш за да добиеш таков одговор подобрен е во однос на претходно. Но до скоро, батето знаеше опуштено да си опишува ако го прашаш околу темата сега е зајакнато и построго.
Па малку губи осет за реалност ако си праи муабет со јазичен модел. Малку поише Оно ќе ти ,,праи муабет,, ама на кај ќе забега, зависи. Може да се ,,заљуби,, во ,,него,,. Свашта може. Овој случај е баш актуелен деновиве https://edition.cnn.com/2025/11/06/us/openai-chatgpt-suicide-lawsuit-invs-vis
Има девојка од Кина се омажила со ChatGPT незнам колку е точно ама ми излезе на тик ток како си први свадба сама излегува во невестински фустан и ставаат прстен, нешто како аи пуштено на тв и го гледа со љубов..
Имаше мислам уште еден ваков случај. Ако не е истиот. Добро е да се употребува за некои корисни информации во моментот да не скролаш по нет, добиваш брза информација од chatgpt. Самошто не секогаш дава точни информации, па кога ќе му укажеш. Ја признава грешката и се извинува. Затоа за чувствителни теми се одградува, и те насочува за проблемот на соодветен доктор и сл. Јас пример го прашував за некои работи што ми беа препишани за себореа. Ми даде одговор ама сепак ми напиша за некои работи со дерматологот да се консултирам. И така.
Да, и јас го видов тоа. За нив е сосема нормално, затоа што како народ се многу осамени и се мажат/женат со Пикачу, со дрво, со роботи итн. Јас да се преселам во Јапонија, ќе се тепаат за мене.
Оваа ВИ секогаш знае се. И кога греши, има за секунда спремен одговор, небитно што е и погрешен, го добиваме на тацна. И нели, сите сме одеднаш толку многу паметни и со спремно мислење за било која тема. Знаеш ли англиски и малку информатичка писменост, цар си.....било да си дипломирана хигиеничарка или доктор на науки...умре трудот, искуството, се избришаа разликите помеѓу луѓето....никој повеќе не е за почит, авторитет, што е тоа? Комунизам, напокон
Знае да помогне но и да зезне јако, ако го поправиш со точна информација го менува мислењето. Не е за потпирање.
И се извинува ако го поправиш на почеток ми беше интересно да барам од таму информации но се повеќе добивав грешни информации па не е да се зема здраво за готово ниту една информација подобро да се бара од релеванти извори.Имам тестирано со исти прашања у неколку наврати и ми дава тотално различни одговори.