Сега сите од форумот што ја читаат темата, ќе одат за својот профил да прашаат. А инаку овој чатов стварно е вмровец , вечерва го прашав зошто е Скопје валкан град, ми одговори дека тоа се последици од мандатот на Данела Арсовска и дека новиот градоначалник не може да постигне одеднаш, но работите постепено ќе се средат, потребно било време. Чудно многу.
Не, бе. Еве, истото го прашав. Лоша урбанизација Скопје многу брзо се прошири, а инфраструктурата не го следеше растот. Има премногу згради, а премалку зеленило, паркинзи, пешачки површини и системи за одржување. Прашина и градежен хаос Постојано се копа, гради или руши. Дел од градилиштата не се покриени добро, па прашината се разнесува насекаде. Во сув период, тоа е огромен проблем. Сообраќај Премногу автомобили за капацитетот на градот. Старите возила, метежот и недоволниот јавен превоз создаваат валкан воздух и црн слој прашина по улиците и зградите. Недоволно чистење Комуналните служби не стигнуваат секогаш да исчистат сè редовно. Некои населби се одржуваат подобро, други многу полошо. Ниска еколошка култура кај дел од луѓето Фрлање отпушоци, ќеси, шишиња, оставање кабаст отпад покрај контејнери — тоа реално многу придонесува. Ако секој втор човек фрли „само едно“, градот брзо изгледа запуштено. Недостаток на зеленило Дрвјата не се само за убавина — тие задржуваат прашина, ладат и помагаат воздухот да биде почист. Во многу делови од Скопје има бетонизација наместо паркови. Географската положба Скопје е во котлина. Во зима загадениот воздух и честичките потешко се раздвижуваат, па смогот и нечистотијата се задржуваат подолго. Слаб систем на казни и контрола Ако ретко има казни за диви депонии, палење отпад или фрлање ѓубре, луѓето продолжуваат со истото однесување. Искрено, има и психолошки момент: кога луѓето гледаат веќе валкана околина, почесто ја валкаат уште повеќе. Кога местото е чисто и средено, повеќе внимаваат. Но Скопје не е без потенцијал. Градот има убави делови — Водно, кејот на Вардар, некои населби со многу зеленило — само што недостига долгорочно планирање и одржување.
Ова ѓубре не треба воопшто да се користи но сепак се останува на одговорност на корисниците ваквите случаеви за жал ќе бидат се почести нема овде никаква вештачка интелигенција туку техноспиритизам и коминикација со демони https://www.cbc.ca/news/canada/new-brunswick/sue-open-ai-suicide-chat-gpt-9.7234630 https://en.wikipedia.org/wiki/Deaths_linked_to_chatbots
Како што знам ако му пишеш такви мисли ти сугерира да се јавиш во Итна Помош.... Ама ништо чудно. Затоа постојат психолози, психијатар и во МКД е табу тема
Јас еднаш го прашував за убиство во еден филм што го гледав ама тој изгледа не ме разбра и почна да ми пишува нешто во стилот: те разбирам дека ти е тешко...
Го користев кога излезе за учење и поедноставување на теории, па почнав и “разговори” да имам со ВИ или слепо да верувам. Но навистина почувствував дека ме прави поглупа, искрено, како да не можам да размислувам за себе или да се искажам. Па затоа се вратив на читање повеќе артикли, видео есеи и подкасти.
OpenAI тврди дека успеала да го реши еден од најголемите математички проблеми низ историјата за само 4 дена користејќи ги своите тренирани AI агенти. Станува збор за математичкиот проблем наречен Навиер-Стокс кој ниту еден математичар не успеал да го реши 88 години. https://plusinfo.mk/openai-tvrdi-de...-10-000-agenti-na-veshtachkata-inteligenci-a/ Соопштение на OpenAI: https://openai.com/index/navier-stokes-solution/
Ја обожавам најновата опција да ми стигаат нотификации за работа која сум пишала да ја следи секојдневно.
Се повеќе почнав да го користам Perpexlity AI. Во многу сегменти подобар од ЧатГПТ. Барем во делот каде ти дава неколку извори на информации поткрепени со верифицирани факти.
Не користам ВИ, многу ретко дали 5 пати до сега. Ама сакам да сум информирана па вчера бев на предавањата на ФИНКИ што се отворени за јавност баш за оваа тема. Па нешто и научив, ама мислам дека нема многу да ја користам, заради тоа што троши многу вода и струја.