Ние сме навикнати веќе на лажни емоции, а не сме свесни. Исто така, најспособните работници најчесто се маргинализирани заради веќе емотивна отупавеност на луѓето и политичарење наместо работење. Ако дозволиме неконтролирано и непаметно да ја користиме, се согласувам дека ќе отупавиме. Но токму тоа не е намерата. На крајот на денот, за да може да функционира сепак не е целосна замена на човекот, туку олеснување и забрзување до крајниот резултат. Сепак се се сведува на тоа што ќе избереш да добиеш?! Злоупотребуваме се, но на крајот сами сме одговорни, а не напредокот. Тоа значи дека не напредуваме со напредокот. Тогаш атеншн спен имаме не повеќе од 5 секунди, склони сме на наведувње и слепо водење како тн овци. Од друга страна, се наведено веќе се случува и без АИ. Само што секогаш мора да ни е некој крив сем ние самите. Нормално ако пијам по 2 л кока кола дека ќе добијам некогаш дијабет. Јас правам свесен избор колку и до каде ќе ја пијам. А нели и кока колата била најпрво лек. Многу работни процеси се олеснуваат, многу работи стануваат пообјективни и многу поверојатно е дека ќе имаме доволно време повеќе работи. Дека секогаш постои опција да се злоупотреби - постои, глупи примери можеме да вадиме безброј, но нели пак се сведува на тоа - човекот, емоциите, поттикот. Ако се сведува и носи кон злоупотреба, значи врска нема аргументот за недостиг на емоциите - води кон контрадикторност и апсурд.
Проблемот е што помладите генерации едноставно спијат со chatgpt. За идеја да ги прашаш, велат да го прашаме chatgpt. Страшно значи. Може и детето кога ќе треба да го крстат ќе го прашат роботот што име да му дадат. Се што е измислено е измислено за да се користи умерено и со усул, ама усул се нема. Ни со кока-колата, ни па со ова ќе се има. Мислиш ако му дадеш на мало дете кока-кола од кило и пол ќе одбие да ја испие цела? Нема шанси да одбие, ќе пие колку што може, не колку што е во граница на нормала. Така и со ова, кога му е сервирано на некој ќе го користи колку што може. Зошто на пример некој да се замара кога chatgpt ќе ти каже се за 2 секунди? Затоа на некој што не му е развиен мозокот убаво не му се дава се. Ама ова е на интернет и секој што има пристап до истиот ќе користи додека може, и ќе умре со него.
Еве кој интересира поќе Лела за шо збора, дирек од MIT: https://news.mit.edu/2025/explained-generative-ai-environmental-impact-0117 Јас на поќе наврати имам "какано" против AI, особено ко беше актуелна дискусијата за украдена уметност за да се храни AI и после да прај уметност базирана на туѓ стил. Од чатови како chatGPT разбирам негово постоење ако е нешто шо Google не можи да го одговори. Како луѓе сме склони кон полесната опција па сфаќам дека нема "будали" ко мене шо би листале 50 страни да најдат шо сакат. Со chatGPT ќе заштедиш време ако едноставно не го наоѓаш на Google одма. Ама, премногу често слушам дека за проста информација некој чука chatGPT да му одговори место да чукни на Google и одговорот да е првата информација - јади од мене. Буквално се оддалечваме од пребарување информација, а према мене то е вештина. AI не е лош. Воедно нема потреба да е толкав дел од секојдневието. Си има потреби и примени и мислам дека моментално оти е ново, сме во време каде му прајме overuse. Мојот проблем со AI е баш то, overuse. И немаше да имам проблем ако немаше толкав ефект на еко системот. Пошто ако некој изгуби вештина да пребарва информации никако не ме афектира.
ChatGPT има поќе емоции и разбирање од некои луѓе. Страв ми е дека еден ден, скроз AI скроз ќе ни ја превземи и оваа улога.
Се тежнее луѓето да имаат вградено што повеќе чипови и да бидат поврзани со AI така да воздржи се, ќе биде
Нема емоции и сам така кажува. замисли си го како еден манипулатор секогаш ти кажува тоа што сакаш да слушнеш на финака
Али не е буквалист т.е многу ретко е и добро препознава по контекстот и начинот на кој е составена реченицата дали си лут, среќен, тажен, што ти е потребно, препознава сарказам... така да добра замена за многу бесчуствителни луѓе е.
Пред 4 години 30% од работата ми ја вршеше гпт. Пред 2 50%, сега окулу 70%. Дури ми е без веза да се нафатам на проекти кога најголем дел од работата ми ја врши ВИ. Што се однесува на саатнината таа ми е дуплирана за 4 години а работата ми е со далеку помалку мислење и напор. Дури мислам дека за неколку години ќе станам целосно непотребен. Мислам дека нема да ме отпуштат зошто законски се обврзани да имаат човек со моите квалификации. Се трудам максимално да користам ВИ за се што можам зошто ми ја убрзува работата а со тоа ми се намалува времето потрошено а цената е иста на задачите со што ми расте саатнината. Не ми е многу страв дека во иднина ќе ме отпуштат будејќи може да имам приватен бизнис и како сопственик ќе земам ок приходи. Освен ако ВИ не стекне право на имот што мислам дека никогаш нема да се случи со што приходите ми се гарантирани доживотно. Од кога се појавија некои ВИ веднаш почнав максимално да ги користам за се што можев бидејќи видов потенцијал во нив. Од овој развој на ВИ за овие последни години сум имал голема корист за минимална цена. Саатнината ми е порасната доста и многу олеснета работата. Што се однесува на професионални совети исто користам многу ВИ за замена на стручни лица. Ова ми заштедува доста пари и време. Сега за сега голема корист имам од ВИ.
Ама кој чоек што сака да се убие, сака да слушне оди на психолог, жити се хахахаха. Јас очекувам да ми пише, go girl, go.
Речете му да симулира емотивен човек и да раговара така со вас ќе видите поинакво нешто. Многу е битно како ги формулирате речениците.
Тажен бил за мене, не можел да ми помогне. Дали сум сакала број од психолози ама да му кажам кај се наоѓам прво