Луѓе со луѓе во живо се дружеа, па се смени во луѓе со луѓе преку телефони да се дружат, сега сеуште сме на телефони, само место со луѓе со ВИ е дружбата... којзнае што ќе донесе иднината
Кога веќе на луѓето им е дадена на дланка полесна опција, ретко кој би ја избрал потешката. Ова со АИ ти е исто ко у зграда да имаш лифт а ти да избереш по скали да идеш. Ретко кој би избрал. Барем не за оние работи што добро ги праи гпт. А и чисто сумњам дека некој толку е еколошки свесен како у примеров што го наведе.
Знам дека не е. Оти да бевме еколошки свесни немаше да сме мрзи по цена на нашата иднина. И не зборам за то дали ќе си држиш терапија со вештачка интелигенција, зборам за скоро секој аспект од нашиот живот. Ај овај не е доволно еколошки свесен, не е свесен за 500 аспекти плус. И скоро секој со ист мајндсет и сме кај шо сме како резултат. Оти најтешко е да се тргни од себе.
Ама проблемот со AI не е што е полесна верзија туку често неточна. Мислам џипити за психолошко советување не е полесно туку баш понерелевантно.
Најтрагично е што АI само копира и мимикрира човечко понашање(е ванаби хјуман у покушају) кога подобро ќе размислиш/у секој аспект од нашиот живот. А само нема емпатија (као клучното за да бидеш човек). Ама то е.
Абај сте се фатиле за емпатијата, а сеа модерно е да се биде себичен. Мислам во една тема едно се зборува, а во друга друго, не како поединци онака како целина општо народов. Па баш е добро без емоции малце да добиеш поинаков одговор - рационален и логичен.
Аман, бе. Што се истрчувате? Никој не вели да се користи ChatGPT како замена за човечки терапевт. Туку, да не се оцрнува за она за што е навистина корисен. За лајт совети. Кога некои личности покажуваат дека не чинат, тогаш сосема очекувано е луѓето е да се свртат кон нешто вештачко. А и самиот бот препорачува за сериозен проблем да се посети стручно лице, така што не верувам дека некој целосно би се потпирал на него. Плус, најдолу во створениот чет убаво пишува дека ChatGPT can make mistakes. Check important info. Уште е глуп, но компанијата постојано работи на негово подобрување. Компанијата и предупреди да не го замарате со 300 глупости и непотребни заблагодарувања. Кој ја прочитал, знае колку пати дневно е доста. Полека со осудите. Ако не знаете, кога пребарувате преку него треба да му дадете наредба да ви ги открие изворите. Ќе ви ги даде и можете да ги изгуглате со што ќе се уверите дали и колку се веродостојни. Ако ви е до целосна еколошка свест, нема да користите превозно средство. Само нозете. Инаку загриженоста од трошоците настанати заради употребата на AI ви нема поента.
Ајде. Ќе разберите кога нешто е невозможно да се избегни наспроти нешто шо можи да се избегни. И со второто почнуват нашите одговорности.
Кое драматизирање и испревртување на мислење, па уште навреди. Буквално никој никаде не рече дека чат гпт треба да е замена за човек и сѐ она што нѐ прави луѓе. Истиов муабет е правен пред 20-30 години за интернетот воопшто, па еве гледам сите тука пишуваат на форум место да имаат реален контакт со луѓе цело време ко во старите добри времиња. Бидејќи сите се многу емпатични во слободно време, особено тука , и секој искрено се грижи за секого, никаков лош збор не се кажало ..сега наеднаш чат гпт смета, емпатијата ја уништувал. И еколошки свесни исто, бидејќи гарант сите со точак одат на работа и користат само градски превоз, не е дека се има по три коли дома, јадат само органско, штедат на струја максимално итд. Добро реков претходно, треба да знаеш како да го користиш, и не е најлошо на свет ако одвреме навреме побараш лајт совет или помош во врска со нешто, но не како замена. Факт е дека има луѓе што го користат и за нешто повеќе (бидејќи цвета емпатија насекаде), но тука не ќе да е самиот чат гпт крив. Јас имам вистински пријатели кои ниеден бот не може да ги замени, лудост е да се помисли. But whatever, let's overreact. Толку за темава.
Уживајте дека човек кој е сериозно ментално болен ќе застане да размисли дали да оди на психијатар или да му верува на чатџпт кој му го кажува тоа што сака да го слушне. Буквално ви ги храни делузиите. И да, првичната корист и таа што е реално океј и прифатлива за користење е да олесни комплексни задачи при работа, учење и слично. Не да го користите да го прашате дали ќе врне денес или да ви заменува човечки контакт. Ах да и да не заборавам, и за генерирање на апсолутно криминално лошите слики. Не е воопшто ни драматизирање, кога живееме во време на толку многу AI генерирана содржина што веќе е тешко да се препознае што е вистинско што не. Допрва ќе биде огромен хаос од дезинформации ако не постојат никакви регулативи.
Па затоа правиш колку можеш. Од Ѓорче до Аеродром на работа не можеш пешки на 40 степени ама ѓубрето апсолутно можеш да го поносиш 50 метри до канта. *** И јас би кажала еве за мојава работа, за генетско советување исто така не може џипити да ти помогне оти пак само ќе ти нафрла факти ама нема да поврзе факти од различни извори што е МНОГУ битно да можеш да помогнеш на пациент. Мислам и генетичари користат софтвери ама без мозок, ништо. И нели бе ги критикувавме овие што на гугл си наоѓаа дијагнози, сега наеднаш е кул. Гугл ако ти каже дека умираш од рак лаже ама џпт не. Интересно
Леле, ова го мразам. За работни обврски ни советуваа да си пробаме што идеи ќе ни даде. Што ќе ми е? Го тестирав од љубопитство, вади и неточни податоци. Слушнав на тв деца пишувале задачи со ова. Ееее боже, јас за матурска материјали барав во библиотека, ова го немаше.
Ленка од Кочо Рацин според ChatGpt Ленка Кочо Рацин Ја Ленка, мори, ја Ленка, не ми доаѓај на сон. Од ко ќе те видам, Ленка, мене срце ми кине. Ја Ленка, мори, ја Ленка, не ми ги покажувај очи, оти, кога ќе ги видам, ми се мрак прави пред мене. Ја Ленка, мори, ја Ленка, не ми зборувај со глас, оти гласот твој, Ленка, ме буди во ноќта, ме крева од легло, ме носи во полиња. Ја Ленка, мори, ја Ленка, што ми остана од тебе? Сеќавање на поглед, тиха сенка на усна, и чежнеж, Ленка, чежнеж, што ми коски дроби!
Не е толку паметен.. Сакав да го искористам да ми напише семинарска, му пратив материјали и ми напиша текст и вика стави ја сликата од тој и тој документ што се наоѓа на 10 стр, а тој документ имаше 7стр и немаше таква слика и текстот воопшто не беше од тој документ.. И го прашав, му кажав дека тоа не од тој документ и рече дека е од тој ама сигурно јас тој што сум му го пратила е кратка верзија не бил од ист автор
Абе имаше една игра на форумов - пиши според ауто сугестии што ти ги дава машината- нели? Отприлика така
Дали ова ти е од ChatGPT на OpenAI? Оти има и копии со слично име. Како му го постави прашањето? Дали го запази дневниот лимит или не? Ако го надминеш, се навраќа на послаба верзија. И која верзија ти е и дали ти е апдејтиран? Шансите за подобар или точен одговор се зголемуваат ако му заповедаш. Не те критикувам, те прашувам оти чисто ме интересира. Еве што добив од мојот. Еве за ова добив и извори без да му наредам.
Ќе почне сега народ да пишува романи со програмов. Вчера завршив со читање на роман што го напишала тинејџерка, па дејството овде, ама имињата пола македонски, пола американски. Којзнае децава што домашни пишуваат вака. Не може ова да замени нешто, не па доктор, терапевт итн.