Да има постои. Како што реков можи само определени работни позиции ама не целосно сам да функционира бидејќи е управуван од нас од луѓето. Во однос на штета се што постои ако не се користи правилно штети. Сега еве има и компании што со АИ прават реклами и не му се потребни актери. За еден постер што дизајнер се плаќаше сега со инструкции сам можеш да направиш преку АИ. Ова се почетни фази, како што се усовршува ќе има дел работни позиции заменето.
Барав совети за заштита од измет на гулаби на тераса. И еве што ми одговори. Дете ќе разбудев од смеење.
Скроз да се замени едноставно не е возможно. АИ се храни од работата што ја работи човек. Јас работам на AI language models за превод и транскрипција и за АИ да може да функционира и да да де задоволителни резултати, behind the scenes работат луѓе. За роботи кај нас не сум чула, ако не посочиш кои компании ги користат, останува само на "ахам, знам, има", иако ако постојат машини што молзат крави, машини што мешаат сладолед, па и дома пред 40 години користевме вилушка и онакво матало да матиме јајца за торта а сега користиме миксер, банален пример, така и во индустриите се усовршува механизацијата која сепак е управувана од човек. Нациите понапредни од нас одамна (Јапонија) конструираат роботи кои се келнери, кои куцаат на каса или им помагаат на луѓе кои се неподвижни, ама овие роботи сѐ уште скоро никаде во светот не се употребуваат, веројатно затоа што не се усовршени и "стабилизирани" модели, а и би било исклучително скапо масовно да се произведат и не постои гаранција дека ќе можат стопроцентно да функционираат самостојно без човечка помош. Ние што во моментов пишуваме на овој форум нема да дочекаме АИ да нѝ ја земе работата, а за некои наредни векови, ако не престане паралелната деструкција на светот, исто не го гледам како опција.
Точно и јас напоменав дека треба да се користи како асистент а не како главен водич засега. Еве баш твојата професија вие сте токму тие што го градат AI, а не тие што ќе бидат заменети. Мојот став е дека AI и автоматизацијата најмногу ќе ги заменат или трансформираат оние работни позиции кои се повторливи и рутински. Но тоа не значи дека човекот ќе исчезне од целата работа, напротив ќе биде потребен како оператор, контролор и прилагодувач на системите. Луѓето што ќе ги користат алатките паметно и се отворени за учење, ќе бидат најбарани а не заменети. И пак доаѓам до тоа дека како што Excel сега се бара така и во иднина ќе се бара AI. Што во некои фирми странски можеби веќе и се бара познавање на ChatGPT, Copilot, Notion AI, Jasper и други вакви алатки. Еден ден со подобрување на технологијата во работните позиции ќе бидат потребни лица сами што ќе ги управуваат тие паметни системи. Ако во Јапонија тие роботи сега не се усовршени тоа не значи дека за краток период ќе останат такви, сметам дека со брзиов развој можи полесно да се прилагодат и како такви да функционираат. Во однос за фармите, кај мене е проблем што секогаш ги памтам информациите ама не чувам видеа, слики и сл. Станува збор за во Могила фарма Пивко. Тие имаат воведено молзни роботи и нешто за хранење автоматски машини. Можеби има и други јас за оваа знам. Имам слушнато ама стварно не се сеќавам во која фирма беше каде што имаат GPS трактори за да ги управуват нешто така. Не знам дали беше Кажани или Карамани или друго место во близина на Битола-Прилеп каде што има за чистење изметот. За ова не можам да се сетам за да ви одговорам за името на фармата. И да, тука не станува збор за банални примери како што се миксери, туку за напредна автоматизација и AI системи што веќе се користат. Ова е само едно мое мислење и гледиште за како би изгледала иднината со AI.
Колку и да напредува AI, чувствувам дека паралелно отвора врати што се навистина опасни ако не се постават граници. Скоро ми излезе видео за cybordel. Не знам дали сте слушнале за ова, но навистина е морничаво. ( И не било од сега, постои подолго време) Не знам ни дали е во ред овде да пишувам, но ако е проблем слободно избришете. Станува збор за бордел или сексуален простор каде што се користат роботи, кукли со AI, или виртуелни партнери за сексуални услуги. Можат да зборуваат, да реагираат, и да симулираат емоции преку AI. Нивната „личност“ може да се програмира (на пример: срамежлива, доминантна, љубезна). Некои cybordel-и користат виртуелна реалност каде корисникот носи очила и комуницира со AI карактери во дигитален простор А сцените се креираат според желбите на клиентот (фетиши, сценарија и сл). За собите тие се уредени според сценарија: училиште, домашна атмосфера, канцеларија, итн. И клиентот избира лик и сценарио исто како што се избира актер во филм, но со интеракција во живо преку робот или AI карактер. Ова сметам дека го засилува третирањето на жените/мажите/децата како предмети. Ова е уште поопасно кога тие кукли се програмирани да бидат секогаш послушни, срамежливи или недоволно зрели што создава и фантазии кои ја поткопуваат еднаквоста и слободната волја. Е сега според тоа што имам читано ако личност постојано се изложува на фантазии што не се реални, тие почнуваат да ги интегрираат во когнитивната шема. (Начинот на кој нашиот мозок ја организира и толкува информацијата). Тоа доведува до намалена емпатија, искривена перцепција за границите на другите, и севкупното губење на чувствителноста. Што целосно се согласувам. Цитирам: Bandura: „Луѓето учат преку набљудување. Ако фантазиите кои се поврзани со агресија, доминација или злоупотреба постојано се дозволуваат и повторуваат, тие се интернализираат.“ Desensitization Theory: Колку повеќе сме изложени на нешто (вклучувајќи и насилна или девијантна содржина), толку помалку реагираме емотивно што е опасно кога се работи за морални граници. Психолошките теории укажуваат дека ако постојано си изложен на одредена фантазија, тоа почнува да влијае врз твоето однесување и начинот на кој ги гледаш другите. И сега си велам ако веќе вакви работи се нормализираат, какви други појави ќе добиеме со унапредувањето на вештачката интелигенција? Плус, вакви кукли постоеле и со модринки, повреди што дава знак да се исполни насилството што некој го чувствува. Иако се кукли, тоа може да носи големи последици, доколку личноста почесто ги користи.
Интересно. Имаше еден ваков филм не ми текнува на името ме потсети на него.. Инку иако делува на психата на човекот, до некаде и помага според мене. Можеш да си испрограмираш идеален партнер, единствена мана ќе му биде што е кукла, не мора да скокаш од партнер на партнер за да го пронајдеш оној што ти одговара.
Не знам за филмови не гледам баш Да, можеби изгледа како да создаваш идеален партнер, но сето тоа на крај може да те затвори во виртуелна реалност и да те одвои од вистинската човечка поврзаност. Живеењето во фантазија може да создаде недостиг на среќа, но само вистинските емоции, искуства и комуникација со други луѓе можат да ти донесат длабоко исполнување и радост. И покрај тоа, кога се базираме на виртуелни партнери, се намалува способноста за емпатија, бидејќи немаме вистински контакт со други луѓе, нивните чувства и потреби. Ваквите вештачки врски не се во можност да ги развијат длабоките човечки емоции како што се разбирањето и сочувството. И затоа, луѓето кои избегнуваат вистинска интеракција и се затвораат во виртуелниот свет, често се нарекуваат... претпоставувам знаеш како се нарекуваат луѓето без емпатија. Тие не се во можност да ги препознаат и разберат чувствата на другите, што ги прави помалку способни за реални и значајни врски.
значи ако фантазирам за насилна содржинс а сум мазохист у фантазијата у реален живот повисока толеранција на насилство би имал?
Имаш серија каде што еден робот се програмираше да биди сексуална работничка. Humans се вика серијата и е добро штета што не ја завршија како што треба и имаше избрзан крај.
Гледај, не велам дека фантазијата сама по себе е лоша, ама ако почнеш да ја мешаш со реалноста, тогаш веќе има проблем. Ако постојано живееш во сценарија каде насилството или апсолутната контрола е нормализирано, постои ризик да ти се помести границата на тоа што ти изгледа прифатливо или нормално. Тоа е веќе подлабоко во психологијата, сигурно постојат повеќе работи што делуваат. Овие кукли најчесто се користат за сценарија што не можат да се добијат во реалниот живот затоа сметам дека носи нешто полошо. Сепак мислењето повеќе ми беше за AI но додадов како би влијаело негативно. Еве постоело и друг термин за ова cybrothel. Едниот повеќе за физички партнери другиот за виртуелни. Фактички јас ги опишав 2 во 1.
Како мислиш физички партнер( ова е скроз друга тема ама ме заинтересира)? Како си замислуваш некој физички партнер до тебе? Или користиш некого како партнер?
Cybordel за кукли а Cybrothel дигитални кукли. И сега тоа можеш 2 во 1. Значи куклата ја имаш како физички партнет ја допираш и виртурлно да зборува, реагира.
За ChatGPT е многу битно правилно да ги формулирате прашањата.Помага за многу работи, нуди решенија и идеји.Ако знаеш да го користиш правилно, буквално имаш непресушен извор на информации.На долг рок, мислам дека ВИ може да биде корисна, и не мислам дека со неа ќе се заменат луѓето.Ние сме скептици за се што е ново, и склони кон теории на заговор, посебно оние кои не знаат, немаат допирна точка и не користат ништо од овие работи.
Добар е. Дава корисни совети. Дури и на некои теми делува како психолог да те сослушал. Кажува вистински зборови, и некако се чуствуваш дека ти помогнал
Интересно е Иновација е и Е ОД КОРИСТ многу Ништо веќе не пребарувам на нет,го прашувам него и веднаш добивам конкретен одговор.
Еве ви еден prompt што може да го пробате со слика од вас, вашите најблиски или милениците. Кропнете ги после сликичките и upload-нете ги после во апликацијата по желба да ги направите како стикери Convert the image into a set of chibi stickers (4x4 grid) outfit similar to this one including expressions of laughing being angry, crying, sulking, thinking, being sleepy, blowing kiss, winking, 27K, being suprised, in love. Еве пример од Били Ајдол: И еве како изгледа едно на Whatsapp