1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Cheesecake

Дискусија во 'Рецепти' започната од nena2010, 6 август 2011.

  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.646
    Допаѓања:
    95.706
    Пол:
    Женски
    Мојот чиз кејк, варијација од рецепти за 101 чизкејк :lol: Што да правам кога маскарпонето ми беше многу скапо.

    За кора
    200 грама Велнес бисквити
    100 грама лешници
    100 грама маргарин
    рендана кора од лимон

    За фил
    500 грама малини, капини или вишни, по желба
    300 грама хопла
    300 грама кисела павлака
    150 грама шеќер во прав
    еден желатин од 10 грама
    6 лажици вода
    3 лажици сок од лимон
    малку екстракт од ванила

    За прелив
    200 грама малини, капини или вишни по ваша желба
    3 лажици шеќер
    сок од лимон
    еден желатин од 10 грама

    Подготовка
    Во блендер се дробат бисквитите, може и во крпа или стреч фолија со сукалка, се додаваат и дробените лешници и ренданата кора од лимон. На оган се растопува маргаринот и се замесува тесто. Се развлекува на дното на садот и се остава во фрижидер додека се припреми кремот. За кремот се мати хоплата со прав шеќерот и се додава павлаката. Желатинот се потопува со 6те лажици вода и се остава да набабри, откако ќе биде набабрен се растопувана тивко на шпорет или во микропечка, но јас не би експериментирала со микропечката. На изматениот крем постепено се додава желатинот по сосем малку, како што се додава шербет во шам, се додава и сокот од лимон и аромата на ванила. Врз кората се редат малините, кога повторно ќе го правам малините ќе ги наросам со шеќер во прав, многу ми беа кисели вака. Врз малините се става кремот и се рамни убаво. Се враќа во фрижидер додека се подготви преливот. За преивот малините се ставаат на оган со шеќерот и сосем малку вода, се додава и сокот од лимон и се остава да проврие. Постапката со желатинот се повторува и се додава во преливот од малини. Се остава сосем малку да олади бидејќи ако е многу врел ќе го растопи кремот, но постојано се меша. Се нанесува на тортата и се украсува по желба. Јас ја украсив со Ѕвезди од чоколадо и елки од киви, на вкус, нејќам да коментирам, се изеде со брзината на светлината :lol: на сликата се гледа моето задоволство од делото :D
     

    Прикачени фајлови:

    • cake.jpg
      cake.jpg
      Големина на фајлот:
      78 KB
      Прегледи:
      778
    На awl, Lilit, Annath и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Palchica

    Palchica Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2012
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    90
    Јас пробав кај една пријателка и многу беше добар. И рецептот многу едноставен, за кората само мелена плазма и маргарин, додека за филот било какво слатко, хопла, шеќер во прав и пола кг АБЦ сирење (се зачудив дека е со АБЦ направен, ама лудница беше).
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.778
    Допаѓања:
    131.211
    Јас многу пати го правев по рецептот на Анат, а последниот пат наместо маскарпоне му ставив млечен намаз ала кајмак, и супер испадна, подобро дури и од маскарпоне! Баш ми има оригинален вкус!
     
    На Moira и Annath им се допаѓа ова.
  4. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    Значи подлогата и филот се печаат заедно, прво подлогата а потоа филот?
     
  5. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    13.216
    Пол:
    Женски
    Еве го последното парче од мојот новогодишен чизкејк, успевав да го сликнам пред син ми да го мавне.
    Филот го правев со маскарпоне, а преливот е од боровинки.
     

    Прикачени фајлови:

    • P1015228.JPG
      P1015228.JPG
      Големина на фајлот:
      32 KB
      Прегледи:
      585
    На Libera, Hipster, Serafima и 8 други им се допаѓа ова.
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.646
    Допаѓања:
    95.706
    Пол:
    Женски
    Јас не го печев воопшто, цело време само во фрижидер го враќав. Сум јадела печен и како гума ми беше па затоа не го печев.
     
  7. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Зошто никоја не става цимет во мелените бисквити? :^)

    Е јас баш ќе си ставам ^_^
     
    На Espadrila му/ѝ се допаѓа ова.
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.646
    Допаѓања:
    95.706
    Пол:
    Женски
    Јас ставив Моира, и морско оревче и каранфилче мелено, малку ванила во путерот и рендана кора од лимон, многу убав шмек дава ;)
     
  9. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Аааа, молим лепо, не си навела во рецептата, не се важи отпосле :P

    Јас сакам само цимет да ставам, а да го правам по рецептата на Басовка, ептен ми го испофали :wasntme:
     
    На AngelOfArh и Mrs.Bass им се допаѓа ова.
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.646
    Допаѓања:
    95.706
    Пол:
    Женски
    А колегиница ми е многу вредна, кај и да е после диетава и нејзиниот рецепт ќе го пробам ;) Инаку не напишав пошто по рецептата што го правев немаше наведено и ај викам да не пишувам, сите не сакаат зачини де :) Мене да ме оставиш свашта ќе оставам :D
     
    На Lana del Rey и Moira им се допаѓа ова.
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Не сакам да си ги вратам средношколските килограми со кои мачев мака до матура, па затоа добив искрена препорака да не го ни пробувам чудово, затоа што, тие кои ме предупредија,познавајќи ме, знаат дека би ми бил омилен десерт.
     
  12. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Прашање: маскарпоне сирење имаше порано во Веро, денес не го најдов, дали знаете каде има? За роденден решив да направам cheesecake со лешници, и купив се, освен најважното - сирењето...
     
  13. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.778
    Допаѓања:
    131.211
    Деновиве никаде нема.
    Нема кај не бев, веро, рамстор, тинекс, никаде го нема.

    Направи го со ала кајмак или абц, супер испаѓа, а многу повеќе се исплати.
     
  14. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Фала за советот. Се надевам ќе најдам од нив, во Веро приметив само некое крем сирење од Нишка млекара... Веројатно заради аферата со афлатоксините, од млечни производи имаше мал избор.
    Ако ништо друго, дефинитивно поефтино ќе поминам со абц :)
     
  15. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Јас прочитав многу рецепти за чизкејк, и на крајот си направив комбинација од повеќе - според она што успеав да го најдам по продавниците и она што го имав дома :)

    За подлогата употребив:
    300 грама мелена Плазма
    250 грама Мегле путер
    неколку лажици млеко (во зависност од густината на смесата)

    Фил:
    500 милилитри Мегле хопла
    200 грама Мегле кајмак

    Врз сето тоа ставив тазе домашно направен мармалад од кајсии.

    Ја ставив во фрижидер за да се стегне, после некое време ја извадив, исеков парчиња и послужив.
    Лесна е за правење, а има многу интересен и освежителен вкус :)
     
    На Antebellum, Lilit, Edie.S и 4 други им се допаѓа ова.
  16. jb82

    jb82 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    298

    Те молам може да ми напишеш точно како го спреми колачов? Сакам утре да направам.
    и ПС. каде да најдам мегле кајмак, како изгледа?
     
  17. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Процедурата е иста како и за секој друг чизкејк - мелената плазма се меша со путерот и млекото, додека не се добие хомогена смеса. Потоа се става во сад и се нанесува рамномерно.
    Во посебен сад се мати хоплата, па потоа се додава кајмакот и сето тоа убаво се меша. Се нанесува врз претходната смеса и се остава малку да отстои во фрижидер.
    Потоа врз двата слоја се става мармаладот/џемот.

    Инаку, еве како изгледа Мегле кајмакот.
    Мајка ми го купила од Рамстор, ама сигурно го има и во другите маркети.
    Низ темава прочитав дека убав бил и а ла кајмакот од млекара Шабац, ама јас таков никаде не успеав да најдам, па затоа употребив ваков.
    [​IMG]

    Патем, многу е јак чизкејков, помало парче требаше да си пресечам, ми се слоши :tmi:
     
    На jb82 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Јас минатиот пат не испратив слика, па еве сега постирам од cheese cake-от што го направив вчера.
    Како што ги ставав состојките, така запишував на страна колку калории има секоја, и на крајот пресметано испадна дека е права калориска бомба со 5530 калории (во кои не се пресметани оние од мармаладот, бидејќи е домашно направен и немам поим колку калории содржи во него).
    Целиот колач има околу 12тина парчиња, што значи дека едно парче има повеќе од 460 калории.
    Машала...
     

    Прикачени фајлови:

    • cheesecake.jpg
      cheesecake.jpg
      Големина на фајлот:
      131,3 KB
      Прегледи:
      615
    На Antebellum, Annath, Libera и 3 други им се допаѓа ова.
  19. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Варијанта на cheese cake со маскарпоне и рибизли.
    Многу беше вкусно
     

    Прикачени фајлови:

    • DSC04100.JPG
      DSC04100.JPG
      Големина на фајлот:
      250 KB
      Прегледи:
      415
    • DSC04095.JPG
      DSC04095.JPG
      Големина на фајлот:
      340,7 KB
      Прегледи:
      415
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Леле луѓе се решив да направам и јас чизкејк, ама од шо има толку рецепти не знам за кој да се одлучам :D
    Се мислам како би било повкусно и кое е поправилно, со печење или без? :?: