Имам правено со мегле крем сирење, имаше најмалку сол во него и чизкејкот ми излезе убаво кремаст. Кога би правела пак дефинитивно најгорниот слој не би го правела со вишни и желатин, излегува ептен како гума и стегнато, би одела на варијанта со некое киселкасто готово слатко.
Крем сирење е маскарпонето, како не е. Не е течно воопшто, баш напротив. Инаку е тип на крем сирење за колачи што се користи, тоа сакав да кажам погоре, затоа и „оригинално“ ми е во наводници. Има мала доза на сол, сирење е сепак, и баш поради малата доза на соленост е најсоодветно за колачи и торти. 90% од рецептите за чизкејк што ги најдов, се со маскарпоне. Притоа, чизкејкот и тирамисуто се прилично слични десерти и по текстура и по вкус, па не гледам зошто маскарпоне би било погрешно да се користи за чиз, а за тирамису не. И доминира вкусот на сирење, во мојот рецепт има 500 гр крем сирење, а само 250 или 300 мл слатка павлака, и баш се осеќа сирењето. За вкус, може да си прави кој со што сака. Филаделфија е исто понеутрално, не се споредува и тоа со АБЦ на пример. Со второво никогаш не би правела.
Во сите рецепти што ги најдов, а барав оригинал, никаде не видов маскарпоне. Различни рецепти сме гледале очигледно. Не е тој тип на крем сирење како филаделфија, пошто имаат различна количина на млечни масти како прво. Маскарпоне е со поголема количина масти, над 60% и има помазна конзистенција како путер, додека крем сирењето има помала количина млечни масти, најмногу до 50% и има погруба конзистенција, се осеќа текстура. Сите готвачки рецепти за чизкејк што сум ги читала и гледала, сите се со крем сирење. Маскарпоне освен во тирамису, го користат и во други колачи, да, ама не во чизкејк. Барем за тоа сум сигурна. Не сум правела чизкејк со АБЦ, ама би, оти мислам дека поентата е да се осети сирењето, а не да биде како обичен крем. Солта дава подобро да се осети слатко киселиот вкус.
Јас имам правено со АБЦ , испадна превкусно. Некогаш кога би правела пак чизкејк, пак со АБЦ , ем поефтина варијанта ми е, ем се добива истиот вкус. А и си додаваш и шеќер во прав, во зависност колку сакаш да се осеќа сирењето, како и по сите рецепти на нет.
Го имав класичниот рецепт на чизкејк со овошје. Но кога ги видов додатоците на Орео за благо...експериментирав. Искрено бев презадоволна од вкусот
Видов на инстаграм рецепт за cheesecake наместо крем сирење со кисела павлака. Дали некој има правено на ваков начин?
А кажете ми оние graham crackers што ги користат во Америка како основа на чизкејкот што се? Не ми изгледаат на нашите обични бисквити или плазма, а и имам пробано чизкејк со обична бисквита, не дека беше толку лош, ама не беше ни нешто убав. Инаку, читав нешто за маскароне погоре. Во слаткарница Зафир ставаат маскарпоне мислам во чизкејкот и не ми се свиѓа баш вкусот. По правило треба да се користи cream cheese, но не знам дали ние имаме баш исто таков ко американците.
Па не се обични како овие нашиве обични, имаат вкус на мед или цимет. Не е дека неаме такви кекси, баш одма се сетив има едни на Витаминка и на Жито лукс. Но во суштина сите чизкњјкови јас што сум ги пробала се со обични кекси. За крем сирење можеш да го пробаш А ла кајмак наместо маскарпоне. Мене ми е ептен пронајдок, незнам кој ми го откри дека одговара за чизкејк. Маскарпоне и мене ми нема никаков вкус на сирење и таман заштедувам
Барај digestive biscuits, со такви го прават, сигурна сум дека има. Ама и обични бисквити може да ти завршат работа, ако не, види ги кексите на Витаминка со цимет што ти ги предложила @Kitten погоре. Битно е да не се многу благи. За чизкејк секако не се користи маскарпоне, како што си знаеш крем сирење е основната состојка, е Американците Филаделфија го користат, кај нас може да го замениш со некое поевтино. Со АБЦ сум правела. И друго, зависи изгледа и каков чизкејк ќе правиш, со печење или без. Ако го печеш (њујоршки стил) тогаш можеби е подобро да земеш Филаделфија. Не знам како овдешниве крем сирења ќе излезат печени, со јајца и хопла во комбинација. Не знам додуша ни за Филаделфија, ама тој е понеутрален.
јас имам правено, рецептот ми беше мислам од martinacooking на инста, и искрено ми се допадна , не беше лошо.. сепак и поевтина варијанта е. Инаку за рецепти следете ги на инста martinacooking, dave'skitchen и секако мојата најомилена https://www.instagram.com/slatkadomacica/
Некој дали има рецепт скоро што правел? И какво крем сирење да купам и каде? Читам различни ставови на темава. Знам некој имаше рецепт во темата ,,рецепти од фи" но не можам да најдам..
https://www.coolinarika.com/recept/...bc-sirom-6740603a-6494-11eb-8e77-0242ac120030 Најубав Омилен ми е, во белиот крем додај многу малку желатин, 1/4 до 1/2 од кесичка мала желатин.