Свршив работа, со неутрална сматив, ама маскарпонето дојде доста тврдо, па мислам дека ќе стегне... Ми остана уште желатинот со овошјето. Ќе видиме што ќе излезе, прв пат правам
Спојлер: рецепт Бисквит: 400гр плазма мелена 1путер (президент) 1сок од лимон ставаш пола путер месис со рака па сокот од лимон пак месиш и дотураш путерот и го домесуваш Малце намачкано со масло тавчето и го ставаш бисквитот и го набиваш убаво со рака и да е рамномерно и го ставаш во фриждер додека го правиш филот ФИЛ: 500 мл изладена хопла се меша со миксер ,се додава 200гр шеќер во прав ,кога ке се згусне и ке биде цврста додади 400гр крем сир (овој е филаделфија а може и абц) и 2 желатини предходно според упатство разтворени и оак оде у фриждер ПРЕЛИВ: 400 гр замрзнато овошје може и 600 гр ставив јас (малини400гр и 200гр вишни без семки има тука) 100мл вода и 3 лажици шекер се става на оган 10 мин се трга и му се додава 1 желатин растворен предходно Оставете го нека подизладе кога ке биде веке млак ставете го во тавчето Оставете го некој час во фриждер а најуваво е цела нок
Ве молам некој полесен фил со маскарпоне? Не сакам со маскарпоне и крем сир, многу ми е тежок на вкус, сакам нешто полесно за јадење. Само маскарпоне и слатка павлака ако изматам со желатин дали ќе бидр дибро на вкус Инаку за калап 24.
Не се прави чизкејкот со маскарпоне и крем сир, се прави само со крем сир, маскарпоне е за тирамису. Можеш со маскарпоне и хопла, ама нема да биде тоа тоа. Но тебе ако ти се допаѓа, не е битно.
Имам пробано доста рецепти и точно дека маскарпонето не е за класичен чизкејк. Но најмногу ми се допаѓа комбинација од маскарпоне и крем сир бидејќи сепак се осеќа сирењето ама не е нападно, маскарпонето го "ублажува" вкусот, плус има побогат вкус. Пишав овде бидејќи рецептите со маскарпоне ги класифицираат во чизкејк. Како и да е, имам 250гр маскарпоне во фриждер па сакав да го искористам за некое тортиче така полесно за јадење, најдов со слатка павлака и еспресо.