Серијата ја има на Нетфликс а од скоро и на гледалица со превод на српски Ме фасцинира што е правена според вистинитиот настан ,што е се точно,што сеуште трае ,реакторот уште гори Последиците од радијацијата ги осекаме и после толку години ова се случува 1986година и до ден денешен има уште радијација еве ја првата епизода а на гледалица испагаат и другите погледнете ја обавезно па да ја дискутираме другачки @zhap4e @1209 @Nigredo Odor @Emma2 другачки атеншн https://www.gledalica.com/sa-prevodom/chernobyl-s01e01-video_45db3bc7f.html
@ALISA0000 Точно знаете кога треба да ме тагнете, и тоа токму во период кога барам нова серија за гледање. Сте ме научиле дека сум серијоман. Патем, содржински се чини интригантна според описот, и да знаеш дека ќе ја почнам веројатно уште денес штом се ослободам од обврски. Ти благодарам.
Само што ја завршив првата епизода. Дефинитивно сум импресионирана од аранжманот, и автентичноста на целокупниот сценски бекраунд. Од ентериер, дизајн па сѐ до глума и костимографија. Веднаш се забележува дека ќе сведочиме мноштво контраверзни заплети низ останатите епизоди, особено после официјалниот извештај, кога низ светот ќе се рашири веста дека всушност не е обичен пожар во прашање туку е изгорен реакторот кој предизвикал ослободување на нуклеарна енергија.. Добро е што тензијата е константно присутна, и според некоја моја хипотеза, третата епизода ќе биде мошне шокантна во однос на нумерички податоци. Колку жртви погинале, колкаво е нивото на радијација и сл. Мислам дека ќе ги има тие бројки, бидејќи уште на почеток ми се чинат поприлично детални во однос на статистика. Би било добро режисерите да ни приложат повеќе автентични содржини како телефонски разговори и снимки од тоа време, затоа што Украина има собрано поприлично дебел материјал од настанот. Што се однесува до одржината, навистина е солидна и држни внимание, дури и повеќе за еден просечен гледач, но сепак имам една забелешка сепак која морам да ја споделам уште на почеток. Разговорите, барем неколку од нив, требаа да се одвиваат на руски/украински јазик. Ни беше приложен само еден телефонски разговор меѓу нуклеарната централа и пожарната, за чија автентичност не можам да гарантирам. Да знам, типичен амерички синдром е секогаш и секаде да се фура нивното мејнстрим јазично говорно подрачје, но сепак мислам дека кога веќе се снимаат настани со историска содржина и се внимава на најситни детали, треба малку да се отстапи од егоцентизмот за да биде комплетен впечатокот. Инаку хронолошки се добро подредени сцените, толку, што за момент гледачот добива чувство дека е присутен таму, на местото на настанот. Патем, шокантно е колку тогашните луѓе живееле во некој вештачки ,,советски мир" во мисла дека ништо не може ја загрози нивната безбедност. Толку неинформирани, неподготвени, инфантилни.. Дури во одредени моменти и еуфорични, мислејќи дека не е ништо опасно во прашање. Што те тера да се запрашаш ако овој настан се одиграше денес, како ние би реагирале по соопштувањето? Сигурно многу поинаку, по рапидно, панично.. Следна шокантна сцена беше моментот кога пожарникарите а и самите вработени во централата излегуваат на терен без никаква соодветна опрема, која секако нема да ги заштити, но барем ќе им овозможи каква - таква санација на штетата на подолг рок пред да искрварат. Исто така, мошне загрижувачка сцена беше моментот кога во болницата дознаваме дека нема јодирани таблети, кои во тој период претставуваат елементарна опрема која секоја медицинска установа треба да ја поседува. Раководните органи пак, иако проценуваат колкава е штетата за време на состанокот, и знаат дека истата ќе предизвика смртност кај голем број од населението и последици од глобални размери поради ослободените штетни хемиските елементи во воздухот, одлучуваат сето тоа да го прекријат и заташкаат. Од старт се гледа дека неко(и) од нив веќе, како на пример министерот Жарков знаеле од напред за настанот. Во смисол, како да им е веќе јасно за низата настани кои ќе следат, но одлучуваат интенционално да не реагираат за да не се створи паника и најважно од сѐ да се нашминка реалноста за да се зачува угледот на нивната ,,државотворна" особина и креација, и по цена на губење милиони животи. Сѐ на се, со исклучок на оваа забелешка за јазикот, ми се допаѓа целокупната реализација. Од мене сега за сега добива солидна деветка.
Ги изгледав првите 2 епизоди. Глума одлична, продукција одлична, но веќе ми губи смисла целата серија со оглед на тоа што крајот е предвидлив. Колку оваа трагедија имала импакт врз луѓето, животните, средината може да прочитате на следниов линк. Страшно. https://www.thesun.co.uk/news/79118...ut-and-it-became-a-virtual-wildlife-preserve/
И јас ги изгледав првите две. Имам толку многу читано,истажувано и гледано документарци за Чернобил,мислев ќе ми биде без везе серијава,али не. Баш е топ ,и ми се свиѓа. Али,како шалабајзерски се понашаат и додека еден со друг се убедат колкава катастрофа настанала,страдаат многу невини луѓе. Човечки хорор,буквално. Ќе ја гледаме и третата,баш ќе биде тензична и интересна.
Ги binge-watch-нав 2те епизоди, ептен ме бендиса. Као некој што не знаеше ништо посебно за настанов, освен фактот дека нешто експлодирало и раширило нуклеарна енергија со екстремно голема количина на радијација, благодарна сум што серијава е направена. Прво, ме ежи фактот дека дешавкава се случила пред само 33 години. Второ, шокирана сум од нивото на радијација кое е испуштено, поготово во првата недела. Според информациите споделени во серијава и описот на сериозноста на радијацијата, делува како целиот свет да е оштетен од оваа катастрофа. Всушност, со оглед дека се поминати само 33 години, ми остави впечаток како се' уште целиот свет, не само рускиот предел, да пати од нивото на радијација испуштено и раширено низ воздухот. Она што најмногу ми се допаѓа е како е прикажана човековата слабост, за жал. Прво, од неверување дека може да се случи нешто толку лошо, не реагираат на време и како што треба. Второ, не ни знаат како брзо и ефикасно да го решат проблемот. Трето, сите милиони невини луѓе кои речиси наивно си го живеат животот, делува како нешто лошо да направиле само затоа што опуштено и нормално во незнаење си го живеат секојдневието. Оваа катастрофа само покажува колку човекот е слаб, колку се преценува себе си и си дава право да прави што сака. Колку човекот не смее да си игра со работи поголеми од него. Работи кои решаваат туѓи судбини без право на сопствен избор. За жал, верувам дека на многу места низ светов денес се случуваат слични работи. Луѓе експериментираат, луѓе градат работи кои не треба да бидат изградени, луѓе чуваат нешта кои можат да и наштетат на цела планета. Нешта кои доколку се случат, нема да можат да бидат спречени и решени, бидејќи човекот е слаб и недоволно ук за многу работи. П.С. Кинематографијата е врв! Атмосферата и бојата е одлична; архитектурата и ентериерот е сето она што го обожавам за Русија, перфектно прикажано; облеката, фризурите, локациите, едноставно одлично.
Третата епизода излезе вчера. Ја има за симнување. Четвртата излегува на 27ви, а петтата на 3ти јуни.
Ви се приклучувам и јас. Вчера ја гледав првата, а денес втората ќе ја пуштам. Ме интересира причината зошто јадрото експлодира. Одлуката на државните органи е самоубивство само што тие тоа не го знаат.