Мене не ми е логично како тоа немаат одела за против зрачење туку така си одат да го посматраат јадрото....
А добро, сеа у 2 епизоди ќе збутаат сите ефекти од зрачењето ли ? Пошо уште политичка разврска не можат да добијат. Фак, сакам да видам што ќе роди оваа трудната што се изложи на зрачење, животински свет итн итн.
^ Ме изнервира таа бе, коза проста Уште Горбачов да ја предупреди фалеше али не, она упорна да го пипка озрачениот муж
Нејќев да читам затоа што темава е преполна со спојлери! Аман бе луѓе, имајте во предвид дека некој само што почнал да ја гледа серијата. Јас на пример денес почнав со првата епизода затоа што секаде читам дека била многу добра. Навистина е добра затоа што е реална, гледаме до каде се отишло во немарноста, заташкувањето и неодговорноста. Има пет епизоди вкупно, ја гледам на HBO.
Лоли, се извинувам. Мислев дека ќе остане забутана во ќошот од оваа категорија, и нема да добие олку на рејтинг и затоа експликацијата не ја сместив во спојлер. Зошто повеќето нови серии вообичаено остануваат со по едвај четири коментари.
Во право си, и јас пред да почнам насекаде да читам фалби за серијава не ни знаев дека постои. Со татко ми почнавме да гледаме од денес, па и тој кажуваше сеќавања од тој период, дека никој овде не си мислел дека се случило нешто страшно. Само се сеќава дека било премногу топло тоа лето. Всушност, не ни знаеле дека сите ние сме биле озрачени (цела Европа освен Шпанија и Португалија). Сосема поинаку изгледа серијава ако и самиот си ги преживеал случувањата...
Не читав, воведот само, па на @Nigredo Odor постот, и сфатив веќе дека отворено си разговарате на темава и затоа промрчев
Одлична серија! Штета што ќе трае кратко, но како што гледам квалитетно е обработена и се надевам ќе успеат да ја скоцкаат во толку малку епизоди. Ми се допаѓа од секој аспект. И приказната, начинот на кој е раскажана, фотографијата, сценографијата, музиката... буквално се. Самото гледање те внесува во тој период кога се случувале настаниве. Премногу теории постојат околу причините зошто дошло до пукање на јадрото, но ме интересира дали со серијава биле доволно храбри за да укажат на нешто поконкретно или ќе заврши неразјаснето како што впрочем и останало до ден денес. Спојлер А за тоа дека шетаат така слободно без соодветна заштита, особено бремената жена укажува на фактот дека поради релативната неинформираност во тоа време, ни самите не се свесни колку е штетно тоа што им се случува. Само нуклеарните физичари и оние кои работат во институтот знаат дека сите инволвирани порано или подоцна ќе ги претрпат страшните последици. Ниту медицинскиот персонал не е свесен дека е веќе контаминиран со тоа што се движи помеѓу пациентите, па и рударите кои така наивно прифатија голи да копаат тунели под јадрото изложувајќи се на огромна радијација. Убаво кажа професорот Легасов на почетокот, ова е катастрофа со која светот никогаш претходно не се соочил. И самите не биле свесни колкава еколошка штета предизвикале ниту пак знаеле како да го решат проблемот а реално немале ни услови во тоа време за да реагираат ефективно.
Спојлер Мислам дека знаат рударите, ама како што рече главниот рудар, ако не се тие, нема кој. Сфатија дека и маски не помагаат, и одела не помагаат, ама едноставно ја прифатија мисијата да ја спасат Европа. Инаку, ептен добро е доловена таа бирократија во комунизмот, криењето и заташкувањето на фактите. Па и наивноста, едноставно до толку верувале во супериорноста на руските градби и технологија што верувале дека и јадрото е неуништливо, па дури не ни донеле јод за превенција во болницата во Припјат. Сосема реални и познати ни се и сцените со мрзливи канцелариски бирократи, поткупливи сестри, прислушување насекаде... Најтрагична ми е приказната за Људмила и маж и Василиј пожарникарот. Сцените на на неговото распаднато тело беа ужасни и стравувам што ќе се случи со бебето
Многу убава серија, гледав 3 епизоди, не ми се верува дека ради човечки дебилизам и глупавост за малку ќе уништеле милиони животи и пола континент, holy shit кога ги гледам разговорите и случувањата, како луѓето си се ај подобро да се преправаме дека е во ред и да не идам во затвор наместо да спасиме што е можно повеќе луѓе и околина. Браво за серијава, од мене само пофалби има. Е сеа веќе се знае крајот дека нема да го уништат пола континент и убијат милиони, ама пак, секој проблем што ќе им излезе си викаш леле да тие шупаците го заташкале случајот уште некој ден плус којзнае што ќе се случуваше, леле како може овој или оваа да го направи тоа. Фактички тој научникот да не отидеше да провери што се случува, све отиде у три лепе, што ли ќе беше денес се прашувам, претпоставувам треба да сме доста благодарни што имало и луѓе кои се совесни и знаат што да прават. Жално за луѓето што ги праќаа да умираат како да се ништо, каде е правдата за нив. Серијава ми изгледа на прав хорор, а тоа е реалноста на човековата глупавост и инат. Ништо нема пострашно од човек holyy shit... Спојлер Серијава ме потсеќа доста на Македонија, Македонија е еден вид Chernobyl што има свој meltdown и каде сите гледаат да заташкаат, иако полека околу све умира никој неќе да се справи со реалноста.
Е, сега ја гледам темава. Стварно штета што се само пет епизоди. И мене ко на Јипи, не ми се веруваше дека се до толку забегани да одбиваат прво да поверуваат дека јадрото експлодирало. Да им требаат куп луѓе за да им потврдат дека не експлодирало оти нема шанси да експлодира. После па да мислат дека така лесно ќе се скрие хаварија од таков тип, еј. Али, во контекст на времето и системот во тоа време...многу добра приказна која баш, баш го доловува тој систем. Како беше позицијата на дечкото, 24-годишен, одговорен за нешто толку проклето битно, а нит знаење нит искуство има - Сениор...еј. Џуниор позиција у градинка се стекнува. Или генералот кој мислеше сам ќе реши таков проблем и не му требаат научници уште..."сега знам како работи нуклеарна централа, не ми требаш ти". Јао.