Страшно. Ова ми е доживеано. Таа година на сите бремени жени им беше сугерирано да абортираат поради радијацијата. Се сеќавам тој 2-ри мај беше забрането да се јадат марули и зеленчуци...и да се престојува на отворено. Филмов - чист социјализам.Верувања,убедувања, реакции на членови на комитетот... Сценографија -одличен 5 Актери-одличен 5 Темата позната ама до пред филмов само гросо модо.Не сум физичар,ама успеав да сфатам што се случило. Грозно и страшно. Тогаш не го доживеав вака како сега.
Спојлер Ме заинтересира случајот со Василиј. Дали неговата состојба драстично се влоши по допирот од неговата сопруга затоа што она во тој момент беше повеќе изложена на радиоактивност?
Предобра серија. Случајно ја отворив темава и ви благодарам што имавте потикнато дискусија, таман ми требаше серија за гледање. Ги одгледав сите 3 епизоди и фасцинантна ми е тематикава, обожавам да читам и слушам за био хазардни катастрофи, а серијава е и двете преточено у едно. Пререално идат во приказната, заедно со експлицитните кадри од жртвите, али тоа е поентата, комплетно да се долови жртвата која ја имаат принесено луѓето кои секој од нив, колку толку имаат придонесено во спречување на бришење на еден цел континент. Едвај ја чекам наредната.
Спојлер Не, тој е еден од најизложените бидејќи меѓу првите стигна да гаси таму кога радијацијата беше најјака, без заштитни маски беа бидејќи ги лажеа дека е електричен пожар а не нуклеарна катастрофа, а после се качија и директно над јадрото да гасат, право во нив чуреше.Ако мислиш на тоа дека играа карти нормално а утредента беа лом, еден од научниците објаснуваше дека по изложувањето ден два се гледаат директни изгореници, па потоа се чини дека се залечени и состојбата е во мирување, а потоа почнува распадот на ткивата. Људмила пристигна во болницата кога им било затишјето.
https://m.imgur.com/a/TwY6q На линков има објаснето се од моментот кога Топтунов по грешка става од рачно управување на автоматско и предизвикува експлозија, па се до ден денес, кога сеуште се видливи последиците. Само да ве предупредам дека има преку 150 слики, од вистинскиот настан и жртви и вознемирувачки се.
Тинејџер бев,не го сфаќав ова сериозно а и несфатливо беше -таму некаде експлозија,а јас на мај во природа да не одам,макар што се збореше дека и во тогашна СФРЈ имаше значителна радијација. Сите мерки што се превземаа ги разбиравме од времен карактер и со некој краток рој, ама гледам дека не е така. Секоја годишнина на Чернобил се прикажуваа документарци со некои страшни слики на напуштени градови,ама нели-далеку е тоа од нас. За жал, и после 30 и кусур години во Чернобил нема живот. Серијава ме поттикна да гледам и истражувам.На нет има страшни работи за сето ова.Сликиве на @lovestoneddd се чудесија, како ги доловиле сите ликови. ...сеуште мислам на серијава и со нетрпение чекам нова епизода.
Пред некое време читав една книга каде се спомнуваше настан предизвикан од катастрофата,главниот лик беше од градот Припјат и бремена баш во моментот на несреќата, па ме заинтересира многу што навистина се случило тогаш,со оглед дека бев мала и само од слушање знаев дека било голема катастрофа и сега во прав момент ми дојде да ја гледам серијата.Страшно нешто,а серијата немам зборови ептен добро е направена ,едвај чекам наредна епизода
И кај нас у тој период имало многу спонтани и бебиња родени со деформитети а можам да замислам тој регион таму...Една човечка грешка колку судбини променила, страшна работа... Инаку вечер искача 4та епизода
Јас сум човек што обожава хорори, ама серијава ми е екстремно вознемирувачка. Вистинска приказна на стравот и ужасот. На сцената после експлозијата, кога народот е излезен надвор и го гледа оганот, децата си играат и се забавуваат а околу нив паѓа радиоактивна прашина, ми се насолзија очите. Да ја гледав сама серијата, веројатно ќе паузирав и ќе се утепав од плачење, зошто знаеме како ќе завршат. Моментот што толку скапоцено време, 34 часа, е изгубено за евакуација е напросто разорувачки. А зошто? Да не се осрамоти СССР пред очите на светот. Пожарникарите, рударите Мајка ми не може да ја гледа, језива и е, и се враќаат сеќавањата од настанот. Паниката, неизвесноста, сомнежот дека ситуацијата е далеку поопасна од што власта тука им кажувала. Интересен податок од тоа време- низ народот се проширила вест да не се пружаат надвор алишта, примале радиација, се озрачувале па светеле во темно Моиве пошто немале каде да пружаат, си продолжиле надвор да пружаат. На нивно олеснување (или можеби разочарување- еј гаќите да ти светат во темница), облеката си останала темна при изгасено светло.
Исто и јас, сакам хорори, ама серијава ги надминува со тоа што се навистина се случило како што е прикажано, веројатно дури и полошо било. Тешка е за гледање, и мајка ми не може да ја гледа. Татко ми вика дека ај што тука не кажувале се за таму, туку и долго време се криело дека и во Словенија била изградена нуклеарна централа, Кршко.
Хах озбилно пратија двајца луѓе у сред озрачена зона да го стават знамето на Soviet Union, али ајде претпоставувам веќе кога пратија толку многу да цркнат што се па уште двајца Језива епизода, особено кога ги убиваа милениците, и толку млади луѓе пратени да им се поремети животот заувек, жално.
Тогаш се сеќавам, се ,,камуфлираше,, и по ТВ не се информираше многу за фактичката состојба. Експлодира јадро и - толку. Не се сфати сериозно работава. Искрено, до филмов и јас незнаев дека волку сериозно било. Вчера гледав докумнетарци поврзани со несреќава. 1200 жени после евакуацијата се вратиле во Чернобил бидејќи немале извор на егзистенција во новото место каде биле евакуирани. Чудно е што продолжиле да живеат на радиоактивно подрачје а денес се сеуште живи и имале меѓу 60 и 80 години. Воедно имаше прилог дека после хаваријата незнам колку илјади дечиња починале од рак на штитна жлезда предизвикан од слободни атоми. Денес во Припјат имало хотел за гости, за оние кои сакаат да го доживеат чувството како е да се живее во напуштен град.Хотелот бил со сите удобности и имало организирано тури низ Припјат. Не сум знаела, ама вчера на еден од документарците видов дека постоела видео игра (незнам како се вика, децава мои ја играа он лајн војници со оружје се тепаат, може ќе ви текне која игра е) каде се доловени точно улици, ѕидови, згради, објекти од Припјат, па со тоа ги привлекле како туристи страсните играчи на оваа видео игра кои биле одушевени од посетата на она-реалното. 33 години поминаа и сеуште не се најде виновникот - кој згреши.
Синоќа ја започнав да ја гледам одлична е.. И јас не бев запозната дека до олку било лошо и страшно.. Али едвај ја чекам секоја наредна епизода сеа .. Ме натера да копкам и барам на нет нешо повеќе баш за оваа катастрофа..
Ја изгледавте 4-тата епизода? На гледалица ја немат уште ставено,да не знаете кога ги прикачуваат? Околу документарциве и јас повеќе истражував и гледав,како се сменила структурата на днк на животинскиот и растителен свет,како и примерот погоре на едно видео како лисицата си прави сендвич,днк мутациите,какви деца се раѓале ,језиво... Како виновници се наведуваат дизајнерот на самото јадро и пола вина имаат и тие што беа на смена инжинерите што го притиснаа копчето,не ја направиле точната работа дали од неукост незнам,али такви нуклеарки со такви јадра никаде на друго место не се правеле само во Советскиот сојуз истите се докажало дека имаат пропуст.,Јадрата направени на запад нема шанси да ескплодираат имале многу пософистициран систем на ладење,многу заштита ,гледав видеа за нуклеарните централи во Канада и од муабет со човек што се разбира во тие работи па малку ми стана појасно.