Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Chernobyl (2019)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од ALISA0000, 16 мај 2019.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.924
    Допаѓања:
    81.212
    Пол:
    Женски
    Издание на Антолог е, можеш да ја најдеш во нивната книжарница.
    Исто во книжарниците Сакам Книги, Литература.мк, или онлајн на купикнига.мк, практично секаде каде што продаваат изданија на Антолог.
     
    На cresa-jagoda, Doozy и Nausicaa им се допаѓа ова.
  2. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.129
    Пол:
    Женски
    Која цена е книгата?
     
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.924
    Допаѓања:
    81.212
    Пол:
    Женски
    350 денари.
     
    На cresa-jagoda, Doozy и Alisa22 им се допаѓа ова.
  4. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.202
    Допаѓања:
    169.824
    кога петта епизода??? 05,06???
     
  5. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.146
    Пол:
    Машки
    Утре Алиске
     
    На ALISA0000 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.202
    Допаѓања:
    169.824
    шо значи за два три дена на гледалица ке ја стават
    хвала :*
     
    На John Snow му/ѝ се допаѓа ова.
  7. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.017
    Пол:
    Женски
    Ем едвај чекам следна епизода, ем не ми се пушта кога ќе видам дека има... На HBO гледам, четвртата епизода ја има од вторникот а дури вчера ја гледав.
    Не знам што да кажам, толку језиви сцени да имаше во некоја стандардна хорор/сци-фи серија, ќе речев дека претерале сценаристиве. Ама се ова е жива вистина и затоа ужаснува.
     
    На Mishela, John Snow, Nausicaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.129
    Пол:
    Женски
    До трета епизода сум ,сакам и книгата да ја купам. Многу ми се свиѓа серијата а главните ликови исти како вистинските гледав документарец со нив исти се.
     
    На John Snow му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.924
    Допаѓања:
    81.212
    Пол:
    Женски
    Јас уште ја немам гледано четвртата. :|
    Ќе видам дали ќе ја погледнам вечер конечно, едно што немав време, друго пак кога прочитав некаде мали спојлери ми се стегна душата.

    Книгата е многу убава, тие што сакате да читате, не се мислете воопшто - навистина вреди да се има книгава во домашната библиотека. :)
     
    На cresa-jagoda, Alisa22, LollySky и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    4.992
    Одамна немало серија толку да ме погоди. Иако сме запознаени сите, повеќе или помалку, многу ми се допадна и ја мислам неколку денови веќе. Како сурово се криело се'.
    Ја чекам новата епизода.
    Гледаш и не можеш да трепнеш.
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  11. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Ја изгледав сабајлево и петата епизода. Леј серијава, премногу ми се допадна. :) И добро што застануваат на оваа пета епизода. Одлично стокмено, спакувано..екстра.
     
    На cresa-jagoda, Victorian, CameliaMiller и 9 други им се допаѓа ова.
  12. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Мене ми стана одвратно за гледање, наместо нозете да му ги бацуваат од благодарност за тоа што го направи они му ебаа векот.... Особено на крајот кога ги посочуваа кој све и како умрел, па уште оној дуатлов вика у вц бил не знаел, леле абе све на колец тоа....

    Али браво, HBO се искупи малце со серијава, после пропадната 8ма сезона гот:D
     
    На Victorian, Nausicaa, christinnn и 3 други им се допаѓа ова.
  13. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    11.425
    Пол:
    Женски
    Се изнаплакав на крајот од последнава епизода.
    Одлична серија.
     
    На Nausicaa, drugarka и zhap4e им се допаѓа ова.
  14. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.643
    Допаѓања:
    18.983
    Пол:
    Машки
    Читам спомнувате некоја книга за читање, ја има ли онлајн на интернет да се прочита бесплатно?


    Ако ја нема, тогаш од каде може да се купи ако може да ми дадете линк за онлајн порачување?
     
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.355
    Допаѓања:
    249.612
    Ја изгледав и јас 5 - та епизода. Предобра е серијата. Мислам дека после ова на многу им стана јасно колку може да биде штетна радијацијата.
    Серијата плус е слика на тогашното уредување на СССР. Во многу нешта потсетува и на нашето општество и држава.
    Серија која покажа колку вреди човековиот живот.
    Сурова реалност.
    Браво за серијата, многу работи научивме од нејзе, многу и работи дознавме за несреќата.
     
    На IM.TMKQ, cresa-jagoda, Victorian и 13 други им се допаѓа ова.
  16. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.566
    Серијата одлична.
    Како и во документарците претходно гледани, така и сега ми остана енигма како оној Дјатлов успеал да си поживее до 1994/5, а неговите колеги со кои бил заедно во кобната ноќ буквално се растопија уште во првата недела по хаваријата?
     
    На cresa-jagoda, Alisa22, christinnn и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.045
    Допаѓања:
    55.394
    Пол:
    Женски
    Ја изгледав и последната епизода. Премногу ме допре серијава.
    Колку само придонес имал научникот Легасов. Да не ја кажел вистината пред судот, којзнае што ќе било сега бидејќи уште многу такви реактори имале грешка во дизајнот. Не сакам да мислам што ќе било да не се реагирало и на нив воопшто. Па и тој Диатлов колку гнаса од човек бил.

    Ова е права слика и за како функционирал СССР и социјалистичкиот систем. Можеби баш катастрофата во Чернобил е главната причина за тоа што се распаднал тој систем.
     
    На Nausicaa и azelea им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.255
    Ме потресоа лагите на власта, како и сите вас.... ама не се ништо помали лаги, од оние на еден куп други влади...
     
    Последна измена: 5 јуни 2019
    На Stark, Nausicaa, drugarka и 4 други им се допаѓа ова.
  19. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.146
    Пол:
    Машки
    Најемотивен момент ми беше причата за Лудмила. Сега живее со синот у Киев.... Ежење бррр
     
    На Victorian, Nausicaa, drugarka и 7 други им се допаѓа ова.
  20. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.204
    Допаѓања:
    10.111
    ги изгледав сите 5 епизоди и скроз го сменив мислењето за серијата. Првата епизода ми беше тешко да се соживеам со ликовите, приказната не ми беше јасна, глумците не ми беа симпатични. Но веќе од втората епизода ме заинтригира научникот Легасов и понатаму со неговиот однос со Шчербина доловија едно необично “пријателств”. Ликот на Улијана исто беше освежување во доминантните машки ликови во серијата. Односот на државата кон целиот случај беше најлошиот момент од катастрофата. Имаше многу трогателни сцени што не би сакала да ги спомнувам,а пожртвуваноста на “обичниот” работник ме воодушеви. Рударите, луѓето “биоробот”, нуркачите, Лагасов, Шчербина, Улијана, сите придонесуваа знаејќи на каква опасност се изложуваат за да спасат многу други луѓе. Тоа според мене е суштината на едно општество. Последната епизода беше маестрална, убаво се објасни се како се случувало вечерта пред експлозијата, се затвори кругот започнат во првата епизода.
     
    На Victorian, Nausicaa, Mishela и 3 други им се допаѓа ова.