Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Chernobyl (2019)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од ALISA0000, 16 мај 2019.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.820
    Допаѓања:
    266.956
    Одамна немам гледано вака добра серија.
    Не знам која епизода е најтешка... сите се.
    Оти е кратка серија и нема "празен" простор.
    5 епизоди... како 5 сезони.
    Секоја чест.
    И баш ги доловиле ликовите.
     
    На mileystar, IM.TMKQ, cresa-jagoda и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.129
    Пол:
    Женски
    5 та епизода е последна?
    Јас до сега 4 изгледав , воодушевена сум.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.200
    Допаѓања:
    169.817
    да 5та епизода е и последна
    толку
     
    На Alisa22 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Tetrapak

    Tetrapak Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2017
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    1.386
    Пол:
    Машки
    Сега има некој моабет како русите се незадоволни од серијава па и они снимале или ќе снимаат по нивен тертип(претпоставувам дека ќе го изведат сето ова како саботажа)
     
  5. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.482
    Допаѓања:
    15.619
    Пол:
    Машки
    Чекав до последна епизода да сумирам впечатоци од целата режија на серијата т.е. да направам споредба со документарците што ги имам гледано, и во ред е се потрудиле да ја доловат реалната приказна без многу додавање од страна,продукциски одлично одработено,и што е најбитно во последната епизода се до објаснија доста работи околу целата ситуација и тоа што и како се случи и кој колку сноси кривица за погрешните одлуки што доведоа до несреќата.
    Интересно е тоа што после првата епизода започнаа да ги критикуваат младите и "неискусни" вработени како тие се причината за несреќата а се покажа сосема спротивното баш тие беа свесни за целата ситуација,навреме реагираа дека не е правилно тоа што се работи,секој чекор е ризичен и тн.,но се држеа во рамките на своите овластувања без можност да превземат нешто чекајќи наредби од нивните надредени кои во случајов ја злоупотребија позицијата и не почитувајќи норми,правила и прописи на своја рака ризикуваа да го направат тестот по секоја цена да биде успешен и покрај тоа што знаеа и беа свесни за причините и ризикот дека истиот тој тест неколку пати пред тоа беше неуспешен.
    А можеби би прикажале и работи кој во верзијата на HBO не им одговараше да бидат прикажани.
    Russia Should Have Made HBO's ‘Chernobyl’
     
    На Girly90, Victorian, tessie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Мене многу ми падна жал за Легасов.
    Ептен го уништија на крај, го помножија со нула, а не се свесни мафијата од КГБ дека да не бил ист тој Легасов, тие би биле збришани заедно со скапаниот СССР.
    Али тоа е, суровоста на секој режим.
    Како и да е, предобра серија.
     
    На Nigredo Odor, theowndemon, WildMk и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Tetrapak

    Tetrapak Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2017
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    1.386
    Пол:
    Машки
    8 години по неговата смрт,Борис Јелцин го прогласува за херој на Руската Федерација, во знак на признание на неговите храбри напори да се каже вистината за Чернобил.
     
    На LollySky, WildMk, Victorian и 3 други им се допаѓа ова.
  8. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    И ден денес Чернобил е празен, Припјат е празен,малцинство живеат на тоа тло, но не е исто. И ден ден, ја има радијацијата. Може не толку ко тогаш, но постои.
    Човек не греши ако се држи до правила, а се што е надвор од границите е погрешно.
    Дјатлов си живееше со помислата дека "успешно" го завршил тестот, несвесен дека уби илјадници луѓе.

    Што се однесува до Људмила, Господова волја. Храбра и сама, неинформирана за ризикот кој го презема врз себе.

    А Легасов требаше да се самоубие за да се чујат надалеку неговите вистинити зборови и дела. Неговите истражувања, неговиот труд, сиот тој труд да го предупреди светот од можни катастрофи...Жално, живот посветен на кариера и на крај испадна дека за него нема да се знае, но затоа за Шербина и Хомјук...

    А што е една вистина наспроти една лага?
    Која е цената на лагата?
    - Човечки животи.
     
    На mileystar, dahlia_desire, Nigredo Odor и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Ја најавија втората сезона, ќе биде продолжеток на Чернобил
    [​IMG]
     
    На mileystar, IM.TMKQ, simonka93 и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Girly90

    Girly90 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2013
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    1.104
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум сакала мини серии, повеќе сум по долгометражниве, ама за серијава неам зборови. Прво ради тоа што за Чернобил само знаев дека е празен град ради некои работи што се исподесиле и дека тоа се десило години години наназад. А 30години не се којзнае што .
    Ја гледав секоја епизода со најголема пажња за да не пропуштам ни најмал дел. И уште не ми се верува до каде иде човечката злоба. До тоа да се истакнеш како најсилна земја по цена на човечки живот. Да прикриваш толку важни работи.
    Сеа наводно и русиве ќе праеле филм, ваљда не им се свиѓа што толку ги ругаат, нема ваљда да се препуцаваат со американциве.
    Ме зачуди фактот дека Људмила е жива, откако го гушна маж и мислев готово ќе биде и со неа.Греота што тогаш не помисли на детето ама тоа е и се дало втора шанса.
    И не ми е јасно како тројцава беа казнети само 10години за светска катастрофа, па едниот уште се враќа на работа во нуклеарнљ централа.
    Во секој случај премногу одвратно, премногу жално и преголемо браво за филмов
     
    На IM.TMKQ, cresa-jagoda и azelea им се допаѓа ова.
  11. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Денес ја гледав првата епизода и ми се допадна реалното прикажување, ама тешка е за гледање :(
    Ќе ги гледам и наредните епизоди, ме заинтересира серијава.
     
    На IM.TMKQ му/ѝ се допаѓа ова.
  12. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    [​IMG]
     
    На IM.TMKQ, Bender Rodriguez и simonka93 им се допаѓа ова.
  13. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Не читам мислења нагоре дури не ја изгледам цела. (lalala)

    Инаку, многу ми се допаѓа. Уште последната епизода ми остана за гледање. Навистина ме изнедади, од глума до тоа како настаните се прикажани во само 5 епизоди, предобро осмислена.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  14. smile:)

    smile:) Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2019
    Пораки:
    802
    Допаѓања:
    2.644
    Пол:
    Женски
    Денес ја изгледав и последната епизода прекрасна серија целата ситуација беше прекрасно доловена многу ми се допадна само што е премногу жално поради една мала грешка колку луѓе загинале
     
    На IM.TMKQ и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  15. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    IMG-51ef6fb712f514bbd6251cc440d58ee2-V.jpg

    :D
     
    На mileystar, buba4e89, Lolipop23 и 6 други им се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.073
    Допаѓања:
    66.841
    Пол:
    Женски
    Ја изгледав и јас серијата. Одамна ја имав симнато, ама не бев воопшто расположена за гледање на нешто толку тешко.
    За Чернобил знаев дека било огромна катастрофа со далекусежни последици. Но, не знаев дека биле толку игнорантни. На почетокот не ми се веруваше дека они не веруваа дека можело да експлодира јадрото. Колку е опасно. Мислев дека веднаш знаеле и реагирале. А не дека се обидувале да заташкаат. Да заташкаат таква катастрофа во нуклеарна фабрика. Да беше фикција серијава ќе си речев аха, сигурно, какви глупости. До толку е за неверување. Дно од луѓе, дно. Се згрозив. Па уште со радијацијата, со мерачите, не, не е ништо, хех, рентген си направивме, супер сме. Колку еден рентген е.
    Одвратно, крајно одвратно.
    Људмила веќе беше толку изложена, стоеше таму нели го бараше, едноставно мислам дека немаше шанси да преживее бебето. Дали ќе отидеше во болницата или не, беше сеедно.
    Трагедија.
     
    На dahlia_desire, theowndemon, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Каснам со серијава, веќе сте кажале сѐ што сакав да кажам, па на темава можам да придонесам само со мемиња. :D

    IMG-504f8b890114e4cb85e9cb41b76b71c0-V.jpg

    FB_IMG_1562096472168.jpg

    IMG-5a3703040d8ff8e0dd63b7369b6059d9-V.jpg

    IMG-3ff199cb3616c86862aa5d8215fa7ca4-V.jpg
     
    На ЕденЧлен, Lolipop23, LivingGlam и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    484
    Русите паралелно снимале серија за Чернобил. Таа ќе била со 11 или 12 епизоди, поопширна наводно
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  19. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.328
    Ова ти е од тие серии што уште од првата епизода ќе те натераат да изгуглаш се што постои на нет за случајот за да дознаеш се до најситен детал што се случило. Чернобил те враќа на лице место на денот на несреќата, те запознава со скапан политички систем, лаги, лаги, екстремно опасни последици од лагите и многу херои и жртви.

    Една само ситна забелешка и небитна, ама мене ми сметаше по малку е тоа што американците се толку супериорно претставени, ко луѓе од друга планета со светлоносни години напред од земјата. И така да било и така да ги доживувале, доволно беше еднаш да не запознаат со тоа.

    Понатаму, делува како ноќна мора, заедно со музиката и се она што ти се дешава во главата додека ги гледаш сите тие кутри био-роботи кои се жртвуваат, недолжни и такви наивни, со таков морал и патриотизам што живот би дале за доброто на земјата па и човештвото. Да е сега не сакам ни да размислам малите човеци како ќе се понашаат само да го наместат комшијата да иде да копа тунели на радиоактивно тло.

    Многу е раскажано, напишано и снимено за Чернобил, ама ретка е прилика како оваа тука кога јас како просек гледач кој е нула во познавање на физиката воопшто а не нуклеарна да разберам се до детал, па дури и да се заинтересирам за науката.

    Реално, Чернобил е тешка за гледање, мачна е, мрачна и депресивна и верувам и долго ќе не прогонува, посебно кога се работи за нешто што вистина се случило. Неспособноста и лагите со катастрофален исход со многу жртви, што човечки тоа и животински пошто секој живот подеднакво вреди. Конечно, сакам да верувам дека оваа ситуација е делумна победа на човекот спрема лагите, неспособноста, незаинтересираноста, злобата, себичноста и егоизмот.

    Добра серија која нема за кратко да ја заборавите и само да се надеваме дека нема повеќе да има материјал за снимање на вакви серии. Никогаш да не се повтори!
     
    На Alanna, lovestoneddd, Amellie13 и 1 друга личност им се допаѓа ова.